Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 28.09.2025

На 27.09.2025 во Скопје на различни локаци, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Ѓ.(23) и 17-годишник, двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
 
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.04.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „даеву матиз“, кое го управувал пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
 
На 27.09.2025 во 13:10 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.Г.(42) од Романија. При гранични проверки и контрола констатирано е дека евидира на Стоп листата по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. Лицето е предадено во полициска станица за понатамошна постапка.
 
СВР Велес поднесе кривична пријава против К.П.К.(65) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 03.06.2025 на наплатна станица Сопот, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел астра“, кое го управувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
 
На 27.09.2025 во 11:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Павлина Вељанова“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(24) од с.Чешиново, општина Чешиново Облешево и патничко возило „форд фиеста“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Б.С. од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Ј., а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник С.Е.(26) од с.Чешиново, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
 
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.А.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.06.2025, затворската полиција извршила претрес во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, при што кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.
 
На 27.09.2025 во 20:03 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, тетовско, поточно во с.Порој, тетовско, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(61) од село Горно Седларце, тетовско, удрило во пешакот М.А.(69) од с.Порој. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот М.А., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово во присуство на јавен обвинител.
 
На 27.09.2025 во 18:15 часот на улица ,,Илинденска" во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле Б.А.(44) од Гостивар, кој бил баран за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 367 став 1 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казна.
 
Денеска (28.09.2025) во 02:40 часот во СВР Скопје, Д.Б.(36) од с.Булачани, скопско, пријавила дека на 27.09.2025 околу 23:15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи во својство на здравствен работник во комбе од Итна медицинска помош, била физички нападната од 24-годишната И.Д. од Скопје. По целосно документирање на слуачјот ќе следува соодветн поднесок.
 
Денеска (28.09.2025) во 03:59 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар во возило „фолксваген транзит“, сопственост на С.К.(31) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од таткото на сопственикот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  
 
На 27.09.2025 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Гази Баба била пронајдена почината С.П.(87) од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.
 
На 27.09.2025 во 23:40 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.К.(68) од Скопје пријави дека од семејниот дом се оддалечила неговата внука Х.К.(21) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
 
Денеска (28.09.2025) во 01:10 часот во СВР Скопје, И.Б.(51) и Н.А.(52), двајцата од Скопје, пријавиле дека на подрачјето на Карпош нивните синови на возраст од 16 и 15 години биле физички нападнати од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 27.09.2025 во 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Драчево, П.Б.(26) од с.Здуње, општина Македонски Брод, бил физички нападнат од С.М.(30) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  
 
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ч.И.(83) и Ф.И.(45), двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. Во текот на оваа година пријавените неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно, поврзале бакарни жици со кои се премостувало електричното броило, со што го оневозможиле да ја мери потрошената електрична енергија. Со тоа, пријавените на ЕВН Македонија, подружница КЕЦ Струга и направиле штета од 1.377.911 денари.
 
На 27.09.2025 во 11:53 часот во СВР Штип е пријавено дека на паркинг простор пред станбена зграда на ул. „Ванчо Китанов“ во Штип, се самозапалило патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на Ј.М.(54).  Повредени лица нема, а екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
 
Во  СВР Штип, Е.Д.(46) од Штип пријави дека на 25.09.2025 околу 06:00 часот во Штип, неговиот внук бил физички нападнат од Г.Н., кој употребил и тврд предмет и му нанел тешки телесни повреди. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 27.09.2025 во 21:02 часот во  Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода О.С.(42) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека со остар предмет се заканувал на А.И. од Виница. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 27.09.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје, М.Ј.(33) од Скопје пријавил дека околу 08:30 часот пред својот стан на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од син на негов сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 

 

 

 

Мени за пристапност