На 25.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.А.(38) од с.Арнакија, скопско и Ј.Т.(25) од Тетово затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случите ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Б.(41) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и семки од растението канабис.
На 25.12.2025 во 10:50 часот на ул.„Василие Николовски“ во Кичево, полициски службеници ов ОВР Кичево го лишија од слобода Р.Х.(28) од Кичево. Тој бил затекнат како продава пиротехнички средства и при извршен преглед во неговиот ранец биле пронајдени и одземени над 200 парчиња разновидни пиротехнички средства. Тој е задржан во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.З.(22) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 25.08.2025 во двор на основно училиште во с.Банско, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Марихуана е пронајдена и кај уште едно лице, која му ја дал пријавениот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Ш.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 17.09.2025 во Тетово, пријавениот со тврд предмет го нападнал Ш. Ш.(36) од Тетово.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(58) од Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“. На 16.07.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 27 патрони калибар 16, барут со слаб експлозив, 15 иницијални каписли за патрони, машинка за затворање на патрони од ловечка пушка, ремен за патрони и 97 празни патрони за ловечка пушка.
На 25.12.2025 во 22:30 часот во Полициската станица Делчево, од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен С.А.(54) од Делчево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во привaтна фирма во Делчево. Увид на местото изврши увидна екипа на СВР Штип - ОВР Делчево.
ОВР Валандово поднесе кривична пријава против М.Ј.(53) и Н.Ш.(32), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „безобѕирно управување со моторно возило“. На 26.07.2025 на влез во с.Јосифово, валандовско, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „рено“, управувано од првопријавениот, при што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, а потоа при извршена анализа на урина кај пријавените е констатирано присуство на метаболити од тетрахидроканабиниол.
На 25.12.2025 во 21:25 часот на ул.„Качанички пат“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.А.(32) од Косово, кој управувал патничко возило „бмв“ со косовски национални ознаки, поради основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Тој е задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
На 25.12.2025 во 12.15 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.Ш.(23) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 16.05.2025 во струмичко село, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, за која по извршени службени разговори е утврдено дека била наменета за продажба на други две лица кои биле затекнати со него во неговото возило.
На 25.12.2025 во 17:26 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Скопје е пријавено дека околу 16:30 часот при извршен претрес во соба кај притворениците Д.Д., Г.С., Р.М. и Х.У. е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 08.12.2025 во Охрид, пријавениот со употреба на физичка сила одзел пари од 82-годишник од Охрид.
На 25.12.2025 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.