На 24/25.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.С.(47), К.М.(26) и В.Д.(29), сите од Скопје и С.К.(31) од Република Турција затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, марихуана и и таблети. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С.(23), Р.Т.(22) и Б.Н.(25), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, „изработување, набавување на оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“, „фалсификување на огнено оружје“ и „помагање“. Полициски службеници извршиле претрес кај првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, амфетамин, средства за провалување и различни предмети кои потекнуваат од тешки кражби, пиштоли ЦЗ калибар 9мм, полуавтоматски пиштол, автоматско огнено оружје, делови од оружје и куршуми, за кои не поседувал соодветна дозвола. Првопријавениот, со намера да изврши фалсификување на ознаките на автоматските пиштоли со електрична брусилка извршил механички интервенции на двата пиштоли во содејство со второ и третопријавениот со намера да се стекнат со противправна имотна корист.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.02.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ланд ровер“, управувано од пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин.
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против против А.С.(64) од с.Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот како директор во основно училиште во с.Ростуше, ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што овозможил вработување на несоодветен кадар, односно нестручни наставници кои предаваат на ученици во с.Ростуше и одделенски наставници во с.Велебрдо и с.Требиште а немале завршени студии. Тие не биле соодветни да извршуваат настава согласно Законот за наставници и стручни соработници, а било констатирано од страна на Државен просветен инспекорат при инспекциски надзор од 19.09.2025.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.А.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.07.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и дигитална вага со остатоци од канабис и кокаин.
СВР Охрид кривична пријава против Д.Т.(35) од с.Горенци, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „Црвена Застава“ и куршуми за пушката.
На 24.12.2025 во 19:35 часот во СВР Скопје, Н.Џ.(28) од Скопје пријави дека на 23.12.2025 околу 22:00 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од К.Ј. кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Охрид кривична пријава против K.C.(45) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 24.11.2025 во казино во Охрид, пријавениот одзел пари од благајната, а при излегување од објектот физички нападнал вработена во казиното, која го забележала.
На 24.12.2025 во 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во аптека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со огнено оружје од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т.(33) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.07.2025 во Велес полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.М.(37) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 17.03.2025, на објава на социјална мрежа, пријавениот споделил коментар со кој поттикнувал омраза.
На 24.12.2025 во 16:30 часот на ул.„19 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Џ.Ј.(35) од с.Селце, тетовско, затоа што кај него се пронајдени и одземени 3106 парчиња пиротехнички средства. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок по член 396 од Кривичниот законик.
На 24.12.2025 во 15:30 часот во ОВР Гостивар, 52-годишник од гостиварско село пријавил дека во периодот од 25.10.2025 до 31.10.2025 бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа забележал реклама од странска банка, по што преку линк аплицирал за кредит, а по извесно време преку социјални мрежи започнал комуникација со лице кое се претставил како претставник на банката и кој му побарал документација и трансакциска сметка. Како што е пријавено, по извесно време му било кажано дека се е во ред и дека трансферот на кредитот ќе биде реализиран откако тој ќе уплати пари за некои провизии. Исто така, според пријавеното, откако ги уплатил парите, а не го добил кредитот, повторно го контактирал лицето кое се обидело повторно да го доведе во заблуда. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Т.Ј.(31) и К.П.(31), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 03.11.2025 во Пробиштип, пријавените физички нападнале едно лице и му нанеле тешка телесна повреда.
На 24.12.2025 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар на с.Трубарево, скопско, е пронајдено и извлечено тело на машко лице. По извршена проверка констатирано е дека е П.С.(71) од Скопје за кој на 23.12.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во домот и помошните простории на пријавениот, пронајдени и одземени се една ловечка пушка и 13 куршуми со различен калибар, по што беше лишен од слобода.
На 24.12.2025 во 16:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново, скопско, по претходна меѓусебна пресметка со огнено оружје помеѓу неколку лица, кои биле со две возила, оштетено било возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Б., кое случајно се затекнало на местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.10.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што бил пронајден и одземен пиштол „Таурус“ со калибар 9 мм и рамка за пиштолот.