СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.О.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 12.12.2025 на регионалниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од СВР Охрид дале знак за запирање на патничко возило, управувано од пријавениот, но тој не застанал и се обидел со возилото да ги удри полициските службеници, по што избегал. Истиот ден, во с.Требеништа, општина Дебарца, пријавениот бил забележан од полициски службеници и при лишување од слобода физички ги нападнал полициските службеници и повторно се обидел да избега.
На 23.12.2025 околу 10:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.К.(51) од Грција. При преглед во возилото „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, во ранец се пронајдени ќеса со марихуана, гасен пиштол „Пиетро Берета“ калибар 4,5мм, кутија со 500 дијаболи калибар 4.5мм и други предмети. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.С.(32) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.02.2025 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле преглед врз едно лице, при што бил пронајден и одземен метамфетамин, кој гo набавил од пријавениот. На 17.04.2025 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, сопственост на А.Н. и уште едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавиле од пријавениот.
На 23.12.2025 околу 14:10 часот на граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(28) од Грција. При преглед во возило „хјундаи“ со грчки национални ознаки, во кое се превезувал како сопатник, во неговиот личен багаж се пронајдени и одземени некоку пакувања со марихуана. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(44), М.А.(39) и Г.Ш.(25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „измама“. На 16.12.2024, пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајна полиција. Имено, тие се договориле и во круг на автоперална на ул.„Маршал Тито“ во Тетово фиктивно ги судриле возилата „бмв“ со швајцарски национални ознаки и „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со цел да наплатат осигурување од осигурително друштво.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.Н.(47), Д.Н.(21), А.Н.(23), С.С.(25) и Ф.К.(26), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.10.2025 пред влез на угостителски објект во Крива Паланка, пријавените физички ги нападнале И.Ц. и Д.М., при што им нанеле повреди.
На 23/24.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.Б.(21), В.Т.(18), М.В.(23), И.А.(21), Ф.С.(28), С.Т.(21), сите од Скопје и Ј.А.(24) од Радовиш, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.12.2025 во 11:10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 15-годишник од Куманово. Тој се сомничи дека од приватен имот во Куманово одзел повеќе предмети. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.Т.(62) и А.Г.(56), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување службена исправа“ и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот изготвил Уверение за извршена обука за безбедност и здравје при работа на лице кое според списоците за присутност воопшто не учествувало на обуката која била спроведена на истиот ден на вработените во Јавното претпријатие за државни патишта, каде што било вработено лицето. Додека, второпријавениот, во својство на управител во Центарот за безбедност и здравје при работа Тетово, пропуштил должен надзор и несовесно постапил во вршење на своите должности, односно ставил потпис на Уверението и овозможил да стане употребливо и покрај тоа што не учествувал на обуката која била спроведена.
На 23.12.2025 околу 08:35 часот, на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.В.С.(38) од Германија. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Ц.(32) од Албанија, со престој во с.Долнени, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот без согласност на едно лице ги искористил неговите лични податоци на тој начин што ја користел неговата електронска пошта од која пак имал пристап до приватните фотографии од него и неговата сопруга.
На 23.12.2025 во 13:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар- с.Градец, во с.Врапчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со чешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Р.(50) од с.Врапчиште, гостиварско и патничко возило „шкода“ со хрватски регистарски ознаки, управувано од А.И.(30) од с.Врапчиште, гостиварско, кои по инерција удриле во двајца пешаци Ј.Р.(26) и Ф.А.(22), двајцата од с.Врапчиште, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ј.Р., додека Ф.А. со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип, поднесе кривична пријава против Н.Г.(26) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Ноќта помеѓу 15/16.12.2025, пред угостителски објект во Пробиштип, пријавениот агресивно се однесувал и физички нападнал неколку малолетници.
На 23.12.2025 во 19:55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода А.Д.(37) од Скопје. При извршен претрес, со судска наредба, во домот на А.Д. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 23.12.2025 во 21:15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Н.М.(35) од Скопје. При извршен претрес со судска наредба, во домот каде што престојувал била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 23.12.2025 во 11:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.З.(42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело кражба на пари од каса од спортска обложувалница на улица ,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.П.(35) од с.Подмољје, општина Дебрца и против правно лице со седиште во истото село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената, во својство на сопственик и управител на правното лице, го пречекорила службеното овластување на тој начин што во шумско стопанската единица „Врбјанска шума“ покрај одобрената, извршила и бесправна сеча на огревно дабово и буково дрво. Со тоа, пријавената, нананела штета на Јавното претпријатие „Национални шуми“, шумско стопанство Галичица-Охрид и се стекнала со противправна имотна корист од 142.170 денари.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.З.(1987) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.М.(64) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што е констатирано дека врши јавен превоз на патници, без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган.
На 23.12.2025 во 23:30 часот во СВР Скопје, С.Н.(35) од Скопје пријави дека околу 22:50 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ф.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Рeсен поднесе кривична пријава Д.К.(27) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 02.09.2025 во куќа во с.Јанковец, ресенско, во која престојува А.М., поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, пријавениот ги опожарил скалите од куќата.
На 23.12.2025 во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.И.(38) и М.С.(38) од една страна и М.Н.(49) и Б.Н.(44) од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.12.2025 во 09:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(52) од Скопје пријави дека на 05.12.2025 околу 05:47 часот во стоматолошка клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ се здобил со повреди додека извршувал работни задачи како обезбедување. За настанот е известен трудов инспектор.
СВР Велес поднесе кривична пријава против П.С.(69) од Кавадарци поради постоење сонови на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“. На 13.05.2025 на Градски пазар во Неготино, полициски службеници извршиле контрола на тезга која ја користел пријавениот, како и во неговото патничко возило „форд транзит“, при што се пронајдени и одземени повеќе пакувања режан тутун без бандерола со повеќе видови натписи. Додека, при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со режан тутун без бандерола.
На 23.12.2025 во 15:12 часот во СВР Скопје, Б.Ш.(27) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.