Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 23.12.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Џ.(27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на лице од Битола, при што пронашле и одзеле марихуана, која ја купил од пријавениот.  

 

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против О.А.Р.(56) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „фалсификување исправа’’. На 11.12.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана турска возачка дозвола.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице - друштво за геодетски работи, просторно и урбанистичко планирање, проектирање, инжинеринг и трговија од Тетово и А.Н.(62) од с.Гајре, тетовско, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 2023 до 2025 година, пријавените ги пречекориле своите овластувања на тој начин што незаконски изготвиле геодетски елаборати од извршен премер на катастарски парцели во функција на запишување на недвижности со незапишани права-делба во катастарот на недвижности, без притоа да извршат оригинално теренско мерење и увид на надлежностите на самото место, односно геодетските работи ги извршиле спротивно на одредбите од Закон за катастар на недвижности, што било констатирано при инспекциски надзор од Агенцијата за катастар и недвижности. 

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Т.(65) од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик. Тој, на катастарска парцела во селото, во државна сопственост, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, неовластено изградил бетонска ограда.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга,  по што е лишен од слобода.

 

На 22.12.2025 во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.12.2025 околу 16:30 часот и на 22.12.2025 околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање за паркинг простор, упатувал закани на А.Е.(40) од Скопје, а потоа и физички го нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.12.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје во с.Кондово, општина Сарај, шест лица физички нападнале 15-годишник од с.Радуша, скопско, а потоа го нападнале и возачот на автобусот Р.Ф.(38) од с.Радуша. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против С.С.(59) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа’’ и „лажно претставување“. На 25.07.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, управувајќи патничко возило „фолксваген голф’’, пријавениот се претставил како дипломат и приложил фалсификувана дипломатска патна исправа.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.Л.(68) од Штип,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. На 17.11.2025 пријавената неовластено навлегла во електронскиот систем на трансакциска сметка на лице од Турција, при што подоцна извршила шест  трансакции на различни локации во Штип, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

 

На 22/23.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.И.(22), А.М.(19), Т.М.(25) и Ф.Р.(36), сите од Скопје, А.М.(42) и Д.П.(19), двајцата од с.Волково, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 22.12.2025 околу 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје- Велес, кај Катланово, патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.П.(49) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 22.12.2025 во 15:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.С.(65) од Косово. Тој се сомничи дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје учествувал во сообраќајна незгода со автобус на ЈСП, по што со неговото возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, го напуштил местото на настанот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.12.2025 во 19:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.У.(27) од Австрија затоа што при извршена гранична проверка констатирано е дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Сектор за меѓународна полициска соработка. Тој е задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

 

На 22.12.2025 полициски службеници од СВР Велес и Полициската станица Градско ги лишија од слобода Е.З.(19) и С.М.(47), двајцата од Велес. Тие се сомничат дека во периодот од октомври до декември 2025 година, во три наврати на место викано „Винце“, велешко, од плац на правно лице одзеле различни бакарни и предмети од месинг. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Е.З. и С.М. се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 23.12.2025 во 09:10 часот во СВР Битола e пријавено дека  во с.Цапари, битолско, е пронајдена експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана рачна бомба со француско производство, која потекнувала од Првата светска војна.

 

На 22.12.2025 во 13:00 часот во с.Градашорци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица од М.М.(20) од истото село одзеле разновидни пиротехнички средства. По документирање на случајот, против М.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.12.2025 во 15:00 часот во СВР Тетово, 67-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен за сума од 3000 евра од женско лице, кое се претставило дека е од Бугарија и со која контактирал на социјални мрежи. Според пријавеното, на 20.12.2025 таа го известила дека сака да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна му се јавила и му кажала дека на граничен прамин и заплениле 10.000 евра. Како што е пријавено, подоцна му се јавило лице кое се претставило како командир на граничен премин и го известило дека таа треба да плати казна од 3.000 евра за да ѝ ги вратат парите. Исто така, според пријавеното, откако ги уплатил парите преку брз трансфер на три различни агенции, како што му било кажано, не можел да ги добие на телефон, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.12.2025 во 16:00 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 15:10 часот, при извршен претрес кај осуденикот А.З. е пронајдена и одземена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.12.2025 во 16:18 часот во СВР Скопје, Х.И.(36) од с.Палиград, општина Зелениково, пријави дека во казино на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ј.М.(21) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.12.2025 во 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски  службеници од СВР Скопје ги приведоа С.С.(22) и А.И.(20), двајцата од Скопје, затоа што се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 23.12.2025 во СВР Скопје, 69-годишна жена пријави дека на 20.12.2025 во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзината 30-годишна снаа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.12.2025 во СВР Скопје, 66-годишен маж пријави дека на 21.12.2025 во семејниот дом на подрачјето на Центар, бил нападнат од неговите два сина, кои се обиделе да му го земат мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност