На 25.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.И.(51), 20-годишната А.Ј. и 20-годишната М.Ц., сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 25.05.2026 во 14:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во атар на село Ваташа, кавадаречко, на нива во место викано Моклиште, трактор управуван од И.П.(67) од село Ваташа се превртел, при што возачот се здобил со повреди. На лице место му била укажана помош од страна на Територијална против пожарна единица Кавадарци и Итна медицинска помош Кавадарци, по што бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.
На 25.05.2026 во 11:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишната В.Х.М., мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.С.(24), патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(53) и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, запрено од С.А.(65), сите од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 25.05.2026 околу 18:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на раскрсницата од бул. „Трета македонска ударна бригада“ и ул. „ЈНА“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Л.Ш. од с.Романовце, кумановско и мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.Р.(27) од с.Черкези, кумановско, а потоа патничкото возило „голф“ удрило во патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, запрено од А.Р.(43) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобиле Л.Ш. и нејзините сопатници М.Ш.(51) и еден малолетник, двајцата од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 25.05.2026 во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот с.Батинци -с.Маркова Сушица, општина Студеничани, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И., удрило во пешакот И.М.(65) двајцата од с.Цветово, општина Студеничани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 25.05.2026 околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло. Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Христо Смирненски“, а паднала и бандера која оштетила возило „дачија сандеро”, сопственост на Е.М.. Известени се јавен обвинител, Центар за управување со кризи, ЕВН, општина Центар и Државен инспекторат за труд. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршен е службен разговор со В.К. и А.Х., од правното лице- инвеститор на објектот, како и со А.М., кој го управувал багерот и се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
На 25.05.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје Ј.Ј.(79) од Скопје пријави дека околу 07:30 часот на влез во пазар во населбата Чаир, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.05.2026 околу 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Л.(50) и М.К.(18), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.05.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје С.Р.(29) од Скопје пријави дека околу 02:35 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.05.2026 во 08:00 часот на Граничниот премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, на влез во државата, го лишија од слобода С.Х.(51) од Р.Албанија, поради тоа што при извршени гранични проверки било констатирано дека во оперативната евиденција евидира со мерка „апси“ на барање од Интерпол Луксембург. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 25.05.2026 во 14:30 часот на Граничен премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.С.(67) од Р.Албанија, поради тоа што при извршени гранични проверки било констатирано дека бил баран од НККР Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 25.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје Т.П.(47) од Скопје пријави дека околу 03:20 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со својата девојка, две лица му побарале пари, а откако не им дал физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.05.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје Б.С.(71) од Скопје пријави дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал. Потоа А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што тоа паднало и било влечено по улицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.