Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.Д.(30) од с.Подмоље, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.11.2025 во с.Велешта, струшко, полициски службеници го забележале пријавениот како фрлил пакување со кокаин, кој бил пронајден.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.М.(21) од с.Чајлане, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на август 2025 година, пријавениот од неговата партнерка побарал и добил на заем 3.734 евра, кои не ги вратил до моментот на пријавување.
На 24.05.2026 од страна на полициски службеници од мобилен тим од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ на подрачје на СВР Тетово, поточно на магистрален пат кон село Сиричино, запрено е патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од М.З.(46) од с.Желино, при што е констатирано дека тој постапил спротивно на мерка куќен притвор, односно бил затекнат надвор од својот дом и адреса на која ја издржува мерката куќен притвор, а констатирано е и дека не поседува европски документи за управување на странско возило и возилото се наоѓа на територијата на нашата држава подолго од шест месеци. Лицето е лишено од слобода, а возилото е одземено под сомнение за сторен царински прекршок.
На 24.05.2026 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.Д.(25) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 25.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.05.2026 во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали. По интервенција на Територијалните противпожарни единици од Радовиш и Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и инспектор за пожари. Извршен е увид од екипа на ОВР Радовиш.
На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 25.05.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, Д.Т. (30) од скопско, пријави дека околу 01:20 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од Е.Т, кој исто така замавнувал кон него со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.05.2026 во 18:35 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река“, атар на Пехчево, во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово.
На 24.05.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 16:45 часот, на регионалниот пат езеро Младост-Велес, во близина на крстосница на улица „Академик Пенчо Давчев“ со улица „Димитар Андонов Папрадишки“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.К.(35) од Велес и патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(45) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило и сопатниците во возилото 47-годишната Т.Д. и 16-годишен малолетник, констатирани во Општа болница Велес. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 24.05.2026 во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа А.Р.(35) од Велес, врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување на казна затвор од 16 месеци, за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 24.05.2026 во ОВР Неготино, e пријавено дека околу 14:00 часот на крстосница од улица „Климентова“ и улица „Дојранска“ во Неготино, 16-годишник од Неготино, управувајќи електричен тротинет паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 16-годишникот, констатирани во Општа болница Кавадарци. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.
На 24.05.2026 во 12:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во с.Зајас, кичевско, на локален пат за „Нова населба“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ. (32) од с.Горно Строгомиште, кичевско и електричен тротинет, управуван од 15-годишник од с.Зајас. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 24.05.2026 полициски службеници од ОВР Струга вршејќи редовна контрола во близина на „Дрвен мост“ кај истекот на река Црн Дрим во Струга го лишија од слобода М.Ч.(45) од Струга, поради тоа што во негова близина била пронајдена риба-крап и средства за ловење, односно трска со канџа. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,незаконит риболов“ по чл.229 од КЗ, а за време на строга забрана за лов на риба, која важи во период од 15.05.2026 до 15.06.2026 година. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 24.05.2026 околу 12:00 часот на влезот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило натоварено со дрва, но возачот не застанал и продолжил со движење. Потоа, возачот го насочил товарното возило кон полициските службеници и службеното возило, по што полициските службеници испукале предупредувачки куршуми во воздух. Возачот ги истоварил дрвата на улицата и со возилото се дал во бегство. Повредени лица нема, дрвата се предадени на Шумска полиција, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.
На 24.05.2026 во 21:08 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка пријави дека околу 21:00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно машко лице физички ја нападнало и ѝ одзело личен накит, а се обидел да и го одземе и паричникот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 24.05.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, З.Т.(53) од Скопје пријави дека на 22.05.2026 околу 21:00 часот тој и К.Ј. на паркинг простор пред маркет на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање околу наплата на паркинг, биле физички нападнати од Д.Д. (вработен за наплата на паркинг) и уште едно лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.05.2026 околу 17:30 часот, во СВР Скопје М.М.(47) од Скопје пријави дека во населбата Бардовци, неговиот деветгодишен син бил физички нападнат од двајца малолетници, а потоа вујкото на едниот малолетник му упатил закани на М.М.. Исто така, на 24.05.2026 околу 17:30 часот во СВР Скопје, 53-годишната Ј.Д. од Скопје пријави дека по претходна расправија со друг малолетник, нејзиниот 11-годишен син бил физички нападнат од М.М.(47), кој го качил малолетникот во своето возило и таму физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.05.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, А.Н.(26) од с.Стајковци, скопско, пријави дека во с.Стајковци тој, додека бил со тројца другари, бил физички нападнат од Б.Ј.(20) од с. Инџиково, а потоа Б.Ј. со тврд предмет го нападнал и А.А. (18). Истиот ден во 18:00 часот во СВР Скопје од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Н.(22), А.А.(18) и А.Н.(26) од една страна и Б.Ј.(20), Т.Ј.(25) и Л.Ј.(19) од друга страна. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 24.05.2026 во 09:28 часот во СВР Скопје, А.К.(46) од с. Трубарево, скопско, пријави дека на 23.05.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на Гази Баба бил нападнат со стаклен предмет од Н.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.