На 23/24.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.К.(30), М.Д.(40), В.Г.(37), сите од Скопје, К.Б.(24) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.05.2026 во 13:56 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев" во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан" со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(51) од Скопје и велосипед управуван од П.Д.(65) од Скопје. Во несреќата велосипедистот П.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза". Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 23.05.2026 околу 10:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од кружен тек од ул.„Христо Татарчев", ул.„Марко Орешковиќ" и бул.„Србија" во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолкваген" со скопски регистарски ознаки кое било паркирано од М.Р.(34) од Скопје, и веднаш откако тргнало удрило во пешакот И.К.(24) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза". СВР Скопје презема соодветни мерки за утврдување на причините по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.Ц.(35) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 28.04.2026 во Крива Паланка, пријавениот физички нападнал женско лице и ѝ упатил закани.
На 23.05.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје с случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(19)од Гостивар и мотоцикл „бмв“, управуванн од Ѓ.Т.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, контстатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 23.05.2026 во 22:23 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Виничка“ во Пробиштип, патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од ,Ј.Ј.(18) од Пробиштип, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
На 24.05.2026 во 02:50 часот кај Фонтана во Градски парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Ф.(25) од Тетово. при преглед во возилото „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдена е и одземена марихуана. Додека, при преземање мерки за негово лишување тој физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија, по што е лишен од слобода и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.05.2026 во 23:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на локалниот пат за с.Клепач, 15-годишен малолетник од с.Могила, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, при што било констатирано дека малолетникот го управувал мотоциклот без возачка дозвола.
На 23.05.2026 во 16:28 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на ул.„8 Септември“ на место викано „Стара автобуска“ во Радовиш, 22-годишниот Т.Ј. од Радовиш, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.
На 23.05.2026 во 22:10 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници ги лишија од слобода А.В.(18) и М.И.(23), двајцата од Тетово. При преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.05.2026 околу 16:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, М.А.(31) од с.Никуштак, општина Липково, го запрел возилото „фолксваген голф“ со словенечки национални ознаки и при отворање на возачката врата удрил во електричен велосипед, управуван од М.Љ.(70) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
На 24.05.2026 во 01:20 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при ОВР Гостивар ги лишија од слобода Л.Ф. (22) и И.А.(23), двајцата од село Чегране. При преглед кај нив, кај Л.Ф. била пронајдена и одземена марихауна. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 24.05.2026 во 03:30 часот во Полициска станица Галате, од Јавна здравствена установа Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 13-годишен малолетник од с.Добридол. Според пријавеното, на 23.05.2026 околу 18:30 часот, управувајќи електричен тротинет во дворот, изгубил контрола и паднал. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 24.05.2026 во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Разлошка“ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје. Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а увид изврши екипа на СВР Скопје.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.К.(48) од беровско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неизвршување на судска одлука“. На 14.05.2026, пријавениот во два наврати постапил спротивно на решение од Основен суд Берово на тој начин што ја бркал сопругата од нивниот семеен дом.
На 23.05.2026 во 15:15 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен К.Р.(42) од Скопје. Според пријавеното, околу 14:30 часот на ул.„Арсениј Јовков“ во Скопје, поради претходни недоразбирања, тој бил физички нападнат од Ј.А.(25) од Скопје, при што се здобил со повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против О.Ц.(26) од Австрија, со привремен престој во с.Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.08.2025 во Струга, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 24.05.2026 околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.„Тале Христов“ во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото. Пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен апарат, апри гаснење на пожарот дваја полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.05.2026 околу 23:30 часот на ул.,,Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од ОВР Сруга го лишија од слобода А.С.(22) од с.Ливада, струшко, затоа што при извршен преглед над него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 23.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
На 23.05.2026 во 17:10 часот во Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје приведоа 15-годишник од Скопје затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.05.2026 околу 02:30 часот на паркинг простор пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници ги приведоа Н.М.(26), Д.М.(22), Ј.П.(22), Б.М.(21), С.М.(52), сите од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.05.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, Ј.Б.(47) од с.Бојане пријави дека на 22.05.2026 околу 21:00 часот во с.Буковиќ, тој и неговиот братучед А.Б.(29) од с.Бојане, по претходно недоразбирање, биле физички нападнати од Д.Ј., Е.Ј., С.Ј. од с.Паничари и уште неколку други лица, при што едно од лицата со тврд предмет му го оштетило возилото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 24.05.2026 во 02:30 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(36) од Штип пријави дека на околу 00:10 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.05.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.П.(58) и З.Н.(58), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.05.2026 во 09:28 часот во СВР Скопје, А.К.(46) од с.Трубарево, скопско, пријави дека на 23.05.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје со остар предмет бил нападнат од Н.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.05.2026 околу 04:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, Д.С.(20) од Скопје физички нападнал 15-годишен малолетник од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.