На 22/23.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(28), М.К.(30) и С.А.(30) од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно расчистување на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.05.2026 околу 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скендербег Кастриоти“ во населба Драчево настанал пожар во патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ќ.А.(22) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.
На 22.05.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје, Ј.В.Д.(42) од Скопје пријави дека на 21.05.2026 околу 19:30 часот слушнала тропање на кровот на нејзината куќа на ул.„Ѓорѓи Динката“ во Драчево, а на 22.05.2026 околу 21:00 часот на скали од куќата пронашла зрно од огнено оружје. Зрното е подигнато за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.05.2026 околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, пехчевско, 12-годишен малолетник од с.Црник управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишно дете од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил петгодишникот, констатирани во Итната медицинска помош Пехчево. Увид на местото изврши увидна екипа на ОВР Берово.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Т.И.(56) од с.Ќоселари, општина Лозово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 27.11.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории, во кој живее пријавениот, при што биле пронајдени и одземени повеќе парчиња муниција.
На 22.05.2026 околу 00:30 часот во с.Горобинци, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги приведоа О.Н.(57) и Б.Ц.(58), двајцата од с.Горобинци, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. При преземање мерки за нивно приведување, Ж.М.(48) од истото село физички нападнал полициски службеник, по што тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 22.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, И.Г.(58) од с.Кондово, скопско, пријави дека околу 21:15 часот на бул.„Партизански одреди“ на подрачјето на Центар, четири лица со закана одзеле електричен тротинет на неговиот малолетен син, при што едно од лицата и физички го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.05.2026 во 10:40 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишија од слобода Ш.Ј.(24) од село Равен. При претрес во неговиот дом и помошни простории во село Равен, извршен со наредба од Основен суд Гостивар, била проанјдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 22.05.2026 во 16:20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Џ.Д.(29) од Радовиш. Претходно, на социјална мрежа бил објавен видео запис во кој се гледа како машко лице пука со пиштол и по преземани мерки било констатирано дека на видеото е С.А.(32) од Радовиш. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на С.А., при што во соба на неговиот брат Џ.Д. се пронајдени и одземени пушка, гасен пиштол, куршуми за гасен пиштол, куршуми со калибар 7.65 мм и меч со футрола. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Е.(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.05.2026 пред угостителски објект во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.
На 22.05.2026 во 22:50 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.П.(27) од Богданци. При извршен преглед на патничко возило „ауди“, со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдена е и одземена марихуана. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23.05.2026 во 01:00 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.А.(22) од Тетово затоа што кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, преку заеднички пријатели ѝ телефонски упатувал закани на лице од Германија поради претходно нерасчистени должничко - доверителски односи.
На 22.05.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле С.К.(48) од с.Горно Оризари, велешко. Тој бил баран врз основа на наредба од Основен Суд Велес за издржување на казна затвор од десет месеци за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 22.05.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, од јавна установа за зргижување на деца на подрачјето на Центар во Скопје е пријавено дека на 21.05.2026 околу 23:00 часот, 15-годишен штитеник се обидел да изврши обљуба врз 14-годишен штитеник, а откако тоа го забележала една вработена 15-годишникот заминал од домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.05.2026 во 16:35 часот во Полициското одделение Петровец, Б.П.(34) од с.Марино, општина Илинден, пријави дека во 14:50 на игралиште во училишен двор во населба Илинден. Нејзиниот малолетен син бил физички нападант од од Н.Т. – татко на малолетник со кој заедно си играле и имале кратка расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.05.2026 во 14:02 часот во СВР Скопје, С.Ј.(60) од Скопје пријави дека на 20.05.2026 околу 13:45 часот забележал две лица како се обидуваат да извршат кражба на мотоцикл од гаража сопственост на З.А.(47), кои физички го нападнале при обид да ги спречи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.05.2026 во 19:31 часот во Полициската станица Гази Баба во Скопје, извршен е службен разговор со Д.Ј.(26) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од С.А.(21) дека физички го нападнал на 17.05.2026 околу 22:40 часот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.05.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, А.М.(55) од Скопје пријави дека околу 19:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила му го одзел велосипедот на неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.