Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 22.05.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 21.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило - влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје. Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Р.В. и сопатниците од неговото возило, А.В.(20, П.М.(20) и М.Ѓ.(20), сите од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Исто така, по наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

За време на вршење на увидот, односно во периодот од 23:10 до 05:00 часот сообраќајот е пренасочуван на патниот правец Тетово-Велес, кај клучка Приштина кон с.Визбегово, и Велес-Тетово кај клучка Мирковци. Во 05:00 часот сообраќајот е нормализиран.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.К.(46) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.08.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при извршен преглед на пријавениот и патничко возило, кое го управувал, била пронајдена и одземена тегла со масло од хашиш.

 

На 22.05.2026 на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.А.(37) од Индија затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Н.Д.(63) од с.Црник, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка и караница“ и  М.Д.(36) од с.Црник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 13.05.2026, по претходна расправија, настанал физичка пресметка, при што првопријавениот со дрвен предмет му нанел повреди Б.Д., додека второпријавениот физички нападнал малолетник и му нанел повреда. .   

 

На 21.05.2026 во 12:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на патот кон с.Кнежје, светиноколско, Д.М.(43) од Свети Николе, управувајќи мопед со светиниколски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Т.З.(58) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Во семејната куќа во Свети Николе, пријавениот физички го нападнал неговиот син.   

 

На 21.05.2026 во 09:40 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека во 07:30 часот при извршен претрес во установата биле пронајдени и одземени 100 кесички со марихуана. Дрогата е подигната од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.   

 

На 21.05.2026 во 22:30 часот на улица „107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Ш.(26) од Тетово. Тој се сомничи за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, односно дека претходно одзел електричен тротинет на Б.Б.(41) од Тетово. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. Б.Ш. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 21.05.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода З.С.(19) од с.Лешани, општина Дебрца. При претрес во домот, и помошни простории кои ги користел, извршен со наредба од Основен суд Охрид, било пронајдено и одземено стебло од растението канабис. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.    

 

На 21.05.22026 во 18:30 часот на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Н.(32) од Прилеп затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.05.2026, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

 

На 21.05.2026 во 21:35 часот во ОВР Гостивар, И.М. од Гостивар пријави дека од дома се оддалечил неговиот чичко А.И. (63) од село Форино, кој работел како овчар на бачило во атарот на село Врапчиште. По преземени мерки и пребарување на теренот, И.М. со полициски службеници од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар во атарот на село Врапчиште, во близина на пат кој го граделе приватни фирми, на 22.05.2026 околу 06:00 часот бил пронајден починат А.И.. Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Гостивар.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(49) од с.Могила, општина Могила,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство“. Пријавениот, во текот на 2025 година произвел тутун од видот „Вирџинија’’ со вкупна тежина од 1.200 килограми без претходно склучен договор за производство и откуп на тутун со правен субјект регистриран за откуп и обработка на тутун.   

 

На 21.05.2026 во 23:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.З.(39) од Куманово затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 21.05.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Глуво, општина Чучер Сандево, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Г.(21) од с.Мирковци и С.П.(79) од с.Глуво. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Ѓ.(40) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“. Пријавениот, во март 2024 година, како професор - приправник во средно училиште во Демир Хисар, го фалсификувал потписот на професорот ментор во истото училиштето и на „Извештај за совладување на основните професионални компетенции на наставникот-приправник и неговата подготвеност за полагање на стручниот испит“, го заверил документот како вистинит и го доставил кај секретарот на училиштето.

 

На 21.05.2026 во 19:45 часот во СВР Скопје, Д.М.(37) од Скопје пријави дека за време на тренинг во двор од основно училиште на подрачјето на Драчево, неговиот син почувствувал удар во грбот, по што до него забележал зрно од огнено оружје. Малолетникот не е повреден. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 22.05.2026 во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.(19) и П.Н.(20), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 21.05.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од Скопје пријавила дека на 20.05.2026 околу 14:55 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно машко лице се самозадоволувало пред неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

Мени за пристапност