СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Н.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кафеава смолеста материја и шприцеви.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.М.(69) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 1.8.2025 во Берово, пријавениот со тврд предмет нападнал вработен во Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга”-Берово, додека извршувал работни задачи.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.П.(40) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” На 4.7.2025 пријавената не преземала законски пропишани безбедносни мерки за чување на своето куче - домашен миленик, кое нападнало и повредило едно лице.
На 24/25.8.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиja од слобода Х.Љ.(28), М.Б.(20), А.С.(23), Е.А.(28) и Н.Ј.(41), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 24.8.2025 во СВР Штип било пријавено дека околу 11:40 часот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, за време на одигрување на првенствен фудбалски натпревар помеѓу екипи на помлади пионери на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош. Во врска со настанот во СВР Штип, во присуство на родители и претставник на Центар за социјални работи Штип, бил извршен службен разговор и со двајца малолетници од Скопје, фудбалери на екипата на ФК „Шкупи“. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 24.8.2025 во 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат од с.Горно Лисиче кон с.Долно Лисиче, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(28) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(41) од с.Долно Лисиче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.В., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 24.8.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Леринска“ и ул.„Козле“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната Е.А. и мотоцикл, управуван од Е.А.(32), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 24.8.2025 во 17:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат с.Боговиње-с.Селце Кеч, општина Боговиње, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(19) од с.Боговиње и патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(42) од с.Селце Кеч. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „опел“, Х.С.(49), а со телесни повреди се здобиле уште една сопатничка од истото возило Н.Ш.(68) и возачот А.А., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Денеска (25.8.2025) во 00:10 часот во ОВР Дебар било пријавено дека на крстосницата од ул.„Иса Болетини“ и ул.„Елена Ѓика“ во Дебар, Н.А.(43) од Дебар, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.
На 24.8.2025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Т.Т.(51) од Охрид. Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17-годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „застава“ со калибар 12 мм.. Лицето било задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.8.2025 во 22:40 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го привеле А.Р.(36) од Скопје затоа што при гранична контрола било констатирано дека евидирал во оперативната евиденција со мерка „судска забрана за излез од РСМ“. Со него бил извршен службен разговор, по што било констатирано дека претходно извршил илегален излез од државата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 24.8.2025 во 08:00 часот на Граничен премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода E.И.(31) од Република Албанија затоа што при гранична контрола било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Тој бил спроведен во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
Денеска (25.8.2025) во 02:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Коста Абрашевиќ“, на паркинг простор во кругот на ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство Чаир во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.П.(37) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од граѓани кои се затекнале на местото. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Денеска (25.8.2025) во 03:58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(37) од с.Батинци, кое било паркирано во гаража во куќа. Од пожарот бил зафатен и еден кат од куќата, а поради вдишување чад А.М., неговата сопруга Љ.М. и нивните две малолетни деца биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Денеска (25.8.2025) во 02:35 часот во Полициската станица Центар, од Јавна установа за згрижување деца во Скопје било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Х.С.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 24.8.2025 во 11:00 часот во СВР Тетово, В.В.Ц.(48) од Тетово пријавила дека на 23.8.2025 околу 23:30 часот во Тетово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.8.2025 во 22:00 часот во СВР Тетово, Б.Ј.(34) од с.Копачин Дол, општина Желино, пријавил дека околу 21:00 часот во парк во Тетово, неговиот 14-годишен внук бил физички нападнат од неколку лица, кои користеле разни предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.8.2025 во 22:50 часот во Полициското одделение Јегуновце, В.Р.(54) од с.Сиричино, општина Јегуновце, пријавил дека околу 22.30 часот во истото село, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници од с.Прељубиште, кои ги познавал. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 24.8.2025 во 14:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Славка Динкова“ во Скопје настанал пожар во барака. Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Увид бил извршен.
Денеска (25.8.2025) во 06:30 часот во СВР Скопје, И.Ч.(31) од Скопје пријавил дека околу 01:00 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, тој и негов пријател биле физички нападнати од две лица, кои употребиле тврд и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (25.8.2025) во 02:10 часот во СВР Скопје, У.Р.(24) од Скопје пријавил дека околу 01:50 часот во с.Горно Лисиче, скопско, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.8.2025 во 00:30 часот во СВР Скопје, И.А.(36) од Куманово пријавила дека околу 00:10 часот во с.Бунарџик, скопско, била физички нападната од Д.С., кој потоа го турнал и нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.8.2025 во 23:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Е.(53) и Ф.Е.(29) од една страна и Е.П.(37) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.8.2025 во 11:57 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ф.Б.(60) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работи задачи како хигиеничар во Поликлиника Чаир. За настанот бил известен трудов инспектор.
На 24.8.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 14:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.8.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, А.Б.(29) од Скопје пријавила дека околу 17:40 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзината малолетна ќерка била нападната со тврд предмет од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.8.2025 во 22:30 часот во СВР Скопје, Б.А.(70) од Скопје пријавил дека во периодот од 14:00 до 18:00 часот на место викано „Пот Ливади“ во атарот на с.Никиштани, скопско, настанал пожар во соседната нива, а пожарот се проширил и на неговата нива и зафатил помошен објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.