На 23.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Ј.(29) и Ј.Ѓ.(31), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблета. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.08.2025 во 15:42 часот во СВР Битола било пријавено дека во круг на фабрика во с.Кременица, битолско, била пронајдена стара неексплодирана граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата била безбедно подигната, при што било констатирано дека се работи за рачна бомба М-35 која потекнува од Првата светска војна.
На 23.08.2025 во 17:05 часот во ОВР Свети Николе, било пријавено дека на регионалниот пат Р-1204 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фоксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.С.(30) од с.Ерџелија, светиниколско и патничко возило „Шкода“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(38) од с.Мустафино, светиниколско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатничката од патничкото возило „шкода“ С.Ф., додека со телесни повреди се здобиле возачот од истото возило и сопатниците Е.С., С.С. и З.С., констатирани во Клиничка болница Штип.
На 23.08.2025 околу 10:10 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Делчево, во с.Истибања, виничко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(59) од с.Истибања, виничко и мопед „Томос“, управуван од С.Ц.(45) од с.Калиманци, виничко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Денеска (24.08.2025) во 01:30 часот во с.Сандево, скопско , полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.С.(20) од с.Мирковци, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (24.08.2025) во 08:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.И.(55) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата поранешна 50-годишна партнерка од Скопје, при што употребил и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 23.08.2025 околу 08:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.В.(36) од Скопје. Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи на куќа сопственост на Ц.С.(51) од Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Денеска (24.08.2025) во 03:00 часот во СВР Скопје, М.С.(18) од Скопје пријавил дека околу 02:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од неколку лица, од кои едниот го познавал, кои употребиле и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.08.2025 во 21:35 часот во СВР Скопје, Д.М.(60) од с.Миладиновци, скопско, пријавил дека во 20:40 часот пред продажен објект во с.Петровец, скопско, бил физички нападнат од В.Д.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.08.2025 во 23:15 часот во СВР Скопје, Ѓ.П.(41) од Скопје пријавил дека во 22:40 часот пред угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров, вработен во такси компанија, по претходна расправија, бил физички нападнат од патник во неговото возило и од неговите пријатели. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (24.08.2025) во 00:05 часот, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари ги привеле Е.С.(31), Е.М.(34) и С.К.(28), сите од Скопје, затоа што по претходно недоразбирање го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.08.20205 во 17:20 часот во СВР Тетово, 61-годишна жена од тетовско село пријавила дека во дворот од семејната куќа во тетовско била физички нападната од нејзината снаа Ф.Б. од тетовско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (24.08.2025) во 09:20 часот во СВР Тетово, 47-годишна жена од Тетово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг А.Ц.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.08.2025 во 08:41 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Саса, општина Македонска Каменица, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.М. и И.М.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (24.08.2025) во 01:10 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го привеле Ј.Ј.(31) од Свети Николе затоа што го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Х.М.. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23.08.2025 во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Т.Ј.(27) и Б.Ј.(46) од Куманово. Имено, во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници забележале паркирано товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, до кое биле двете лица. Притоа, Т.Ј. и Б.Ј. не дозволиле на полициските службеници да извршат контрола на возилото, физички ги нападнале кога се обиделе да ги спречат да избегаат од местото, а откако влегле во возилото се обиделе да ги прегазат со возилото поради што полициските службеници испукале неколку предупредувчки куршуми во воздух. По преземени мерки, лицата биле пронајдени, а било пронајдено возилото со дрвата. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (24.08.2025) во 00:30 часот на регионален пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија Пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале патничко возило „Мерцедес“ со француски национални ознаки, во кое се превезувало мигранти и кое не застанало на знак за запирање даден од полицисе службеници. Набргу, возилото запрело, по што возачот го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени 15 лица-мигранти, од кои 12 од Египет и три од Сирија. Лицата биле предадени во Прифатно-транзитен центар Винојуг, Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.08.2025 во 23.51 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Народна Револуција“ во Куманово настанал пожар на сува трева, по што бил зафатен и плац, сопственост на Б.Р., каде што биле опожарени патничко возило „Форд мондео“, патничко возило „Сеат кордоба“, автобус „Санос“, мини бус „Ивеко“, товарно возило „Застава“, автобус „ТАМ“, товарно возило „Пежо“ и приколка за возил, сите сопственост на неколку приватни фирми, а кои претходно биле паркирани на плацот. Од екипа на Територијалната противпожарна едница Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
На 23.08.2025 во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен Е.М.(61) од Унгарија, кој набргу починал. Според пријавеното, на ул.„11 Март“ во Скопје на Е.М.му се слошило, по што бил пренесен во комплексот каде починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.