Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 26.08.2025

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(31) и Е.А.(30), двајцата од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.06.2025 во угостителски објект во с.Чегране, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, кои притоа употребиле остри предмети, при што оштетиле патничко возило кое било паркирано пред објектот.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.Д.(35) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 19.08.2025 во Штип, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три автоматски пушки со калибар 7,62мм, седум рамки и 190 куршуми со ист калибар.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против П.Б.(68) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 04.03.2025 на пат кон с.Добрејци, струмичко, полициски службеници извршиле преглед над едно женско лице, при што бил пронајден и одземен кокаин кој го набавила од пријавениот.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против С.С. поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. Пријавениот, на работно место „полицаец“ во ПС за ГП „Меѓународен аеродром Скопје“, на 12.08.2025 несовесно постапил при вршење на своите овластувања и должности односно не извршил пасошка контрола на патник кој минувал на СТОП листата на МВР со мерка „апси“ при влез во државата. Со ваквото дејствие полицискиот службеник му овозможил на патникот да оствари влез преку државната граница, го ставил во поволна состојба, му овозможил лична корист и нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.

 

На 25/26.08.2025 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ш.(24), Д.Ч.(25), Т.Д.(37) и Б.Р.(38), сите од Скопје, А.А.(31) од с.Батинци, скопско, А.С.(25) од с.Визбегово, скопско, А.А.(50) од Куманово и А.Ц.(35) од Република Турција, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 25.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на тајмишка раскрсница патничко возило „фолксваген венто“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(54) од Кичево излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека неговите сопатнички Б.М.(53) и А.Д.(76), двете од Кичево, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

 

На 25.08.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат кој ги поврзува с.Ракотинци и с.Добри Дол, скопско, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишната В.Ј. од Скопје излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле нејзините сопатнички С.З.(64) и 16-годишна малолетничка, додека сопатничката С.З.(18) се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од Г.А.(39) од Битола излетал од коловозот . Во несреќата Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

 

На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(36) од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С.(25) и В.Т.(36), двајцата од Прилеп. Во несреќата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. и сопатникот од четирициклот С.Р.(32) од Австралија се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

 

На 25.08.2025 во СВР Битола било пријавено дека кај место викано „Смолево“ во Битола, била пронајдена експлозивна направа. Во 12:45 чaсот пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана артилериска граната калибар 75 мм која потекнувала од Првата светска војна.

 

На 25.08.2025 околу 11:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека во установата, затворски полицаец бил физички нападнат од осуденикот К.А.(33) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 25.08.2025 во 23:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.К.(37) и Р.О.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.08.2025 околу 23:10 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека кај задниот отворен дел од установата била пронајдена марихуана, која претходно ја фрлило лице што поминало со патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.08.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје, 65-годишен маж од Скопје пријавил дека на 24.08.2025 околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром неговиот малолетен син бил физички нападнат од неговата мајка Т.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 На 25.08.2025 во 20:15 часот во Полициското одделение Групчин, Р.А.(49) од с.Копачин Дол, општина Желино, пријавила дека на 24.08.2025 околу 22:30 часот пред спортска сала на регионалниот пат с.Желино-с.Групчин, тетовско, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку лица, а некои од нив познавал од претходно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.08.2025 во 11:30 часот во Полициското одделение Галате, С.А.(39) од с.Добри Дол, гостиварско, пријавил дека околу 08:45 часот на работното место во приватна фирма во с.Неготино, општина Врапчиште, бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.08.2025 во 20:10 часот во Полициското одделение Камењане, Ф.Р. од с.Камењане, општина Боговиње, пријавил дека околу 18:00 часот во неговиот двор, по претходно нерасчистени имотно- правни односи, бил физички нападнат од А.А.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

Мени за пристапност