СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Ц.(33) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.02.2026 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, додека при претрес во неговиот дом биле пронајдени амфетамин, дигитална вага и пари.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Н.А.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. Во септември 2025 година, пријавениот направил лажна исправа - свидетелство на негово име издадено од основно училиште за завршено осмо одделение, кое имал намера да го употреби за пријавување во авто школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одделение.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д.(30), М.Д. и Ж.С.(30), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 05.10.2025 во угостителски објект во Куманово, пријавените спречувале полициски службеници при извршување службени дејствија, не ги почитувале наредбите и давале активен отпор при лишувањето.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(20) од с.Горна Речица, Н.М.(66) од с.Мала Речица, И.И.(51) од Тетово, А.Р.(58) од Тетово, И.Р.(38) од с.Градец, гостиварско и Н.М.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А.Б.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за „помагање“ во врска со кривично дело „измама“. На 03.06.2025, прво и второпријавениот, по случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила, со намера да се стекнат со противправна имотна корист посочиле дека како учесници во истата сообраќајна незгода биле и трето, четврто, петто и шесто пријавените и покрај тоа што тие не биле учесници. Додека, седмопријавениот ги советувал пријавените како да постапат, односно да се упатат во Клиничка болница Тетово и да се пријават како учесници во сообраќајна незгода со цел да се стекнат со паричен надомест.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.К.(22) од виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 31.10.2025 во Македонска Каменица, во паркирано патничко возило „фолксваген пасат“, пријавениот овозможил на малолетник да користи кокаин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.А.(64) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 06.02.2026 во двор од семејната куќа во Делчево, пријавената физички нападнала малолетник , кој си играл со нејзиниот малолетен внук.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост“. Пријавениот, за да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 година купил бајонети, сабји, швајцарски целин за планинарење и фигура со облик на глава на лав, кои претставуваат добра под привремена заштита, а потоа ги продавал преку онлајн страница на социјална мрежа.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.М.(20), М.А.(19) и тројца малолетници, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин. На 09.02.2026 во Прилеп, пријавените влегле во куќата на Е.И. и со употреба на физичка сила од неа одзеле пари, личен накит и други предмети. На 12.02.2026 во Прилеп, пријавените ја пресретнале Е.С., и со употреба на физичка сила од неа одзеле паричник со пари, мобилен телефон и други предмети. Додека, на 15.02.2026 во Прилеп, пријавените со употреба на физичка сила од лице кое управувало велосипед одзеле чанта со пари, мобилни телефони и други предмети.
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 18.02.2026 во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка. Додека, на 19.02.2026 во Полициската станица Битола, додека со него се вршел службен разговор, оштетил дел од инвентарот и нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија.
На 23.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.К.(28) и А.А.(42), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.02.2026 во 08:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Х.В.(52) од Индонезија. Таа се сомничи дека на 21.02.2026 околу 19:15 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, од вработена во објектот одзела мобилен телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од с.Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во с.Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 мм.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(28) од Скопје и М.Ј.(19) од Тетово поради постоење основи на сомнение сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 07.08.2025 на бензинска станица на излез од Тетово кон Скопје, пријавените со патничко возило му го попречиле патот на А.Д., му упатиле закани, а потоа пред угостителски објект физички го нападнале.
На 23.02.2026 во 20:30 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека во с.Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од с.Дебреште, удрило во бетонски столб. Во несреќата, 14-годишен сопатник од с.Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник од с.Дебреште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градска општа болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
На 23.02.2026 во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 15 - годишник од Куманово затоа што одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј.(25) од Куманово. Исто така, тој се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети. Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 23.02.2026 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Д.(26), Н.Ј.(25) од Куманово и М.С.(20) од село Добрача, општина Старо Нагоричане, затоа што од деловен објект во село Доброшане, кумановско, одзеле предмети. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
На 23.02.2026 во 12:50 часот е пријавено дека од лозов насад во Кавадарци, сопственост на правно лице од Скопје, биле одземени бетонски столбови. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.А.(27) од село Возарци, кавадаречко. При преглед на трактор „фергусон“ со приколка, управуван од Р.А., биле пронајдени и одземени бетонски столбови за кои постои сомнение дека се одземени од правното лице. Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.02.2025 во 00:05 часот во СВР Скопје, Д.И.(47) од Скопје пријави дека на 21.02.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.02.2026 во 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.Н.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 40-годишна партнерка, при што употребил и тврд предмет, а ѝ се заканувал и со остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.02.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријави дека околу 09:00 часот во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Р.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.02.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А.(45) од Скопје пријави дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавал, при што едниот од нив снимал со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.02.2026 во 20:30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Б.Ф.(33) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.