На 22/23.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Х.Л.(25), С.И.(41), Е.Б.(32), Д.М.(29) и Б.А.(41), сите од Скопје и Н.Ј.(50) од Гостивар, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, марихуана и растение во вид на печурка. По документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против А.И.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 17.11.2026 на подрачјето на Куманово, кај место викано „Нато клучка“, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени пет мигранти од Непал, кои ги превезувал за одреден надомест.
На 22.11.2026 во 17:10 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.П.(46) од битолско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ упатил закани. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.А.(35) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,телесна повреда“. По претходна расправија во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга и ѝ упатил закани на неа и нејзиното семејство.
На 22.11.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.К.(42) од Битола. Според пријавеното, Б.К. упатил закани по живот кон неговата 25-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Велес поднесе известување против 15-годишник од Кавадарци, со место на живеење во Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “. На 08.04.2026 кај место викано „Ново паркче“ во Демир Капија, бил извршен преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 22.11.2026 во 18:50 часот во ОВР Прилеп, М.И.(69) од Прилеп пријавил дека подолг временски период, бил навредуван и омаловажуван од неговиот син и сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 22.11.2026 во 17:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија Џ.С.(25) од Велес. Таа се сомничи дека во два наврати од објекти во изградба, сопственост на правно лице во Велес, одзела кабли. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.11.2026 во 22:30 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Б.И.(26) од охридското село Долно Лакочереј затоа што при извршен преглед над него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.11.2026 во 16:00 часот на Граничен премин Меџитлија, на влез во државата, полициски службеници го приведоа C.C.(58) од Италија. При гранични проверки и контрола кај него биле пронајдени 50 куршуми калибар 12 мм за ловечко оружје. Муницијата била одземена, за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба лицето било предадено во Основен суд Битола за понатамошна постапка.
На 22.11.2026 во 13:00 часот на ул.„27 Март“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Е.(37) од Струга, затоа што при извршен преглед над него, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.11.2026 во 19:14 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Д.М.(35) од село во Крива Паланка затоа што физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ се заканувал. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 21.11.2026 во 19:15 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.К.(41) од Скопје. Според пријавеното, околу 17:30 часот пред здравствена установа на подрачјето на општина Аеродром, заедно со неговиот татко С.К.(62), по претходно недоразбирање, физички нападнале лекар и медицинска сестра. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.П.(57) од Вевчани, директор во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Шумско стопанство „Стогово“ - Дебар, О.Ј.(64) и М.Л.(59) од дебарското село Џепиште, вработени како референти за испорака во претпријатието и В.И.(47) од Дебар, архивар во претпријатието, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување службена исправа“ и „несовесно работење во службата“, како и против Б.Л.(35) и А.Л.(26) од дебарското село Џепиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. Откако четвртопријавената В.И. во службената книга внела невистинити податоци за лица кои наводно поднеле барање за издавање дозвола за сеча на дрва, првопријавениот, во својство на директор во ЈП, пропуштил должен надзор врз фиктивните барања и издал дозвола за сеча на дрва и не извршил увид врз испратниците за транспорт. Второ и третопријавените, во својство на референти за испорака на огревни дрва, свесно и со умисла со повреда на законските прописи издавале испратници во кои биле внесувани невистинити податоци и ги заверувале со свои потписи. Петто и шестопријавените им помагале на останатите пријавени и со сопствени товарни возила вршеле превоз на дрвната маса и ги прикривале кривичните дела.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Х.К. и Ј.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Првопријавениот, на работно место како полициски службеник на ГП Долно Блаце при РЦ за ГР Север, на 22.11.2026, при вршење гранични проверки за влез во државата, од лице кое ја преминувало државната граница со патничко моторно возило, во кое како сопатници биле и двајца турски државјани, побарал и примил парични средства за да овозможи влез во државата на двајцата турски државјани лажно прикажувајќи му дека постои проблем во врска со нивниот престој. Првопријавениот, дел од примените парични средства ги дал на второпријавениот. Одделот за внатрешна контрола против Х.К. и Ј.К. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка - суспензија.
На 20, 21 и 22.11.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро презедоа зајакнати мерки и активности во врска со кривично дело „незаконит риболов“ и извршиле повеќе патролни служби во водите на Охридското Езеро. Притоа, на подрачјето во с.Пештани пронајдени се вкупно 18 рибарски мрежи со вкупна должина од околу 900 метри со вкупен улов од 797 парчиња риба Охридска белвица со тежина од 78 килограми и 77 парчиња риба Грунец со тежина од 4,150 килограми. Известен е надлежниот инспектор за рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, по што запленетиот улов на риба е предаден во КПУ Затвор Охрид.
На 23.11.2026 во 01:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.А.П.(41), постапувајќи по претходна пријава дека на 22.11.2026 во домот физички ја нападнал неговата 55-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(35) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. Пријавениот, упатувал закани по телефон неговата поранешна сопруга, а на 04. И 05. август влегол отишол на нејзиното работно место, со што постапил спротивно на донесена судска одлука од 25.06.2026 со мерка за заштита од семејно насилство.
На 22.11.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во стан сопственост на И.С.(67). Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Сопственикот И.С. и еден полициски службеник се здобиле со повреди од вдишување на чад. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
На 22.11.2026 во 11:45 часот во СВР Скопје, М.В.(36) од Скопје пријави дека на 21.11.2026 околу 21:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник кој го познавал, а кој претходно дошол со група малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.