Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.А.(33) и И.А.(64) од с.Лакавица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 22.10.2026 во атар на с.Лакавица, во имот на А.Н. од Гостивар, по претходна расправија, првопријавениот се обидел да го нападне А.Н. со моторна пила, по што бил физички нападнат од второпријавениот, кој употребил и дрвен предмет.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Д.(67) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 03.11.2026 во Кочани во семејната куќа, пријавениот агресивно се однесувал и упатил закани на неговата сопруга.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Л.(45) од делчевско село поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 07.11.2026 во семејниот дом во селото, пријавениот го навредувал своето 13 годишно дете, а на 08.11.2026 се обидел да го нападне со стаклен предмет, по што настaнала пресметка помеѓу нив.
На 21.11.2026 во 13:35 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека во реон на старите тунели кај Демир Капија, од стаза за алпинизам паднал С.Ж.(61) од Р.Србија. Според пријавеното, С.Ж. кој бил главен инструктор во планинарско спортско друштво „Стена“ од Белград, додека се искачувал заедно со други шест алпинисти од Р.Србија, по веќе поставената алпинистичка насока, при што истакнал дека стените се кршливи и се лизгави, во еден момент при искачувањето паднал од карпата, односно му се откорнало парче. При паѓањето, А.Т. кој го обезбедувал јажето, успеал да го задржи на висина од околу 15 метри од земјата. Од страна на специјалната единица при АРМ „Волци“, кои биле во близина на настанот и изведувале вежба за алпинизам, му била укажана првична помош и го извлекле лицето на безбедно и пристапно место од каде истото е преземено од Итна медицинска помош Неготино. При падот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.
На 21.11.2026 во 22:30 часот, на улица „Маршал Тито“ во Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го приведоа М.П.(66) од Демир Капија, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Исто така, при комуникација со истиот биле забележани знаци дека е под дејство на алкохол, при што истакнал дека претходно конзумирал алкохол, но одбил да биде алкотестиран, по што истиот е пренесен во Итна медицинска помош Неготино за земање примерок од крв и урина за утврдување на присуство на алкохол во организмот. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.11.2026 во 13:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(26) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал кон неговата мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 21.11.2026 во 23:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.С. (38) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата поранешна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 21.11.2026 во 09:00 часот во ОВР Крива Паланка, Д.Д.(67) од село Дрење, кривопаланечко пријавила дека во село Дрење била физички нападната од Г.Ѓ. А.Ѓ. и А.Ѓ. поради недоразбирање околу крави кои правеле штети, при што и нанеле тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.11.2026 во 21:40 часот на ул.„Партизанска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.П. од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2026 во 16:00 часот во близина на с.Слепче, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Н.П.(31) од Тетово, Ф.Н.(28) од Тетово и Б.М.(39) од Скопје. Имено, според пријавеното истите биле дел од навивачките групи Војводи од Тетово и Комити од Скопје при што физички го нападнале возачот од еден од автобусите кои ги превезувале и еден полициски службеник. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2026 во 13:30 часот за време на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Пелистер од Битола и ФК Тетекс 1953 од Тетово на градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, при вршење на преглед на влез во стадионот од страна на лица кои беа дел на навивачката група од Тетово кај С.К.(30) и Ф.Н.(28) пронајдени се пиротехни средства. Лицата се приведени во полициска станица Битола, а по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 21/22.11.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Р.(37), Н.Е.(38), К.Т.(33), К.С.(29) и Б.Е.(34) сите од Скопје затоа што кај нив е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 21.11.2026 во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.А.(24) од Скопје по претходна пријава дека на 15.10.2026 со закана со остар предмет-скалпер се обидела да одземе пари од 18-годишник од Скопје. Истата во целост го појаснила начинот на извршување на кривичното дело. По целосно документирање на случајот ЕВР Кисела Вода ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ предвидено и казниво по чл.237 вв чл.19 од Кривичниот законик.
На 21.11.2026 во 14:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Меѓународен Аеродром-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Б.(56), А.Б.(37) и Б.Б.(33) сите од Скопје од една страна и Х.Л.(55) и А.Л.(30) двајцата од с.Ќојлија,скопско од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2026 околу 22:35 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата полициски службеници ја приведоа З.М.(32) од Русија поради констатиран незаконски и непријавен престој во државата. Таа е предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 21.11.2026 во 19:00 часот, во СВР Тетово, 38-годишна жена од Тетово пријавила дека нејзиниот сопруг Ј.М. (49) од с. Балин Дол, општина Гостивар, со кого е во бракоразводна постапка, дека истиот ја следи и му се заканува и дека последен пат исиот околу 17:05 часот дошол во салон на ул. „Илинденска“ во Тетово каде што таа била на работното место, по што настанала вербалнa расправија и упатување закани за одземање на двете заеднички малолетни деца. За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Тетово и виш инспектор и центарот за социјална работа Тетово. Подоцна истиот ден, во 21:20 часот, на ул. „Илинденска“ зад угостителски објект во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода Ј.М. (49) поради основано сомнение за сторени кривични дела по чл. 144 ст. 3 и чл. 144-а од КЗ. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2026 во 22:25 часот, во ПС Гостивар, 28-годишна жена од Гостивар пријавила дека околу 22:00 часот, додека била со двете малолетни деца во Медицинскиот центар во Гостивар, добила телефонски повик од нејзиниот сопруг М.Е.(32) кој ѝ упатувал закани. Во 23:00 часот, М.Е. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(36) од Струмица. Според пријавеното тој на 21.11.2026 околу 20:50 часот пред семејниот дом на Б.К.(52) од Струмица агресивно се однесувал кон неа. Од преземените мерки со дрегер е утврдено дека лицето има присуство на алкохол во крвта од 2.58 промили. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 21.11.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје Н.Ј.(20) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три лица, а едното од нив го познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.11.2026 во 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.(22) од с.Морани, скопско, М.И.(22) од с.Вражале, скопско и А.А.(22) од с.Морани, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2026 во 23.00 часот во СВР Скопје Г.С.(50) од Скопје пријави дека околу 20:15 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице кое го познавал и му одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.11.2026 во 13:40 часот во Полициската станица Чаир полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Е.Б.(44) од Скопје по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 39-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2026 во 14:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во домот била пронајдена почината С.Т.Н.(80). Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.
На 21.11.2026 околу 13:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив било донесено починато тригодишно дете од Гевгелија. Истото било со здравствени проблеми и починало на пат кон болница. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатото дете е предадено на семејството.
На 21.11.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје М.Н.(51) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот во Градскиот парк неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник кој го познавал, а употребил и тврд предмет, а исто така му го оштетил велосипедот и му нанел тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.11.2026 во 20:30 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициски одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Г.Г.(34) од Македонска Каменица, затоа што и се заканувал и физички ја нападнал неговата 23-годишна сопруга. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 21.11.2026 во 14:30 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода И.А.(46) од Пробиштип, постапувајќи по пријава дека во дворот од семејната куќа во Пробиштип физички го нападнал неговиот 44-годишен брат, кој бил со нарушено телесно здравје. При преземање мерки било констатирано дека И.А. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,43 промили алкохол во организмот. За настанот е известен јавен обвинител и Центар за социјални работи Пробиштип и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 21.11.2026 во 22:55 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода С.А.(65) од Виница. Претходно тој управувајќи патничко возило „форд“ со штипски регистерски ознаки, во село Јакимово, виничко, учествувал во сообраќајна незгода, при што удрил во паркирано патничко возило „форд“ со штипски регистерски ознаки, сопственост на С.Д. од Виница и напуштил лице место, а потоа управувајќи го возилото удрил во поставена патна сигнализација и бетонски ѕид, по што повторно напуштил лице место. Полициските службеници по преземени мерки за пронаоѓање на сторителот, констатирале дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,12 промили алкохол во организмот. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 22.11.2026 во 02:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода К.А.(40) од Кочани, постапувајќи по пријава дека во домот на роднини на неговата 36-годишна сопруга во Кочани физички ги нападнал неговите малолетни деца и останати членови од фамилијата кои биле присутни во домот, со што кај нив предизвикал страв, вознемиреност и несигурност за сопствениот живот. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 21.11.2026 во 22:30 часот во Охрид полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.И.(26) од охридско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2026 во 16:20 часот во Кичево полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишија од слобода З.З.(56) од кичевско поради тоа што истиот не го почитувал судското решение со кои му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство кон неговата 49-годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.