Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 23.09.2026

Извадок на дел од дневните настани 23.09.2026

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.02.2026 во Велес, полициски службеници извршиле преглед на едно лице, кај кого бил пронајден и одземен хероин, кој претходно го набавил од пријавениот. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Ј.(52) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 15.09.2026 во семејната куќа во Виница, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Б.С.(55) од с.Староец, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. На 26.04.2026 во атарот на с.Староец, на ловен терен „Турла“, пријавениот во време на ловостој поставил сајли за лов на крупен дивеч.

 

На 22.09.2026 на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(20) од Скопје и Д.А.(20) од с.Сарај, скопско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци.  

 

На 22.09.2026 во 16:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка во село Гиновце, кривопаланечко, пронаjдоа 67 корени со различна големина од растението канабис. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.09.2026 во 12:00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на регионален пат во атар на с.Мородвис, општина Зрновци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Мородвис и товарно возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.В.(54) од с.Мородвис. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, додека со телесни повреди возачот на товарното возило Д.В., констатирани во Јавна здравствена установа Кочани. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

 

На 22.09.2026 во 22:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги приведоа Г.Д.(40) и С.М.(43), двајцата од Неготино, затоа што биле затекнати при користење на марихуана. По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 22.09.2026  во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.И.(56) од кумановско, затоа што агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 22.09.2026 во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во дворно место на куќа, сопственост на Б.А. во Гостивар, 16-годишна малолетничка од Гостивар управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала. Од падот со тешки телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Гостивар, додека со телесни повреди 16-годишната малолетничка, констатирани во болницата во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

 

На 23.09.2026 во 02:05 часот во СВР Куманово, 37-годишна жена од Куманово пријави дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот партнер Л.И.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.09.2026 во 16:15 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат во с.Теарце, општина Теарце, патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот И.А. од с.Теарце, удрило во пешакот С.Х.(66) од с.Теарце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

 

На 22.09.2026 во 17:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на фабрика „Железара“ настанал пожар. Во моментот на настанот, во објектот работеле лица кои забележале чад, по што набргу настанал пламен. Од пожарот биле зафатени две бараки со разни предмети. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(63) и С.Н.(32), двете од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’. На 12.08.2026 во службени канцеларии на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово, пријавените упатувале закани кон вработени лица.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.М.(29) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 29.08.2026 во дворно место од семејната куќа во Кочани пријавениот упатувал закани на негови роднини. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 15-годишник од беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 19.08.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата баба. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.И.(82) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 23.08.2026 во с.Драмче, делчевско, пријавениот предизвикал шумски пожар.

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.М.(31) и А.П.(21), двајцата од Скопје,  С.А.(39) од с.Страхојадица, скопско, Н.М.(35) и 15-годишник, двајцата од Прилеп, В.С.(41) од Кичево, А.Ш.(18) од Тетово и 17-годишник од с.Брвеница, тетовско, кој предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета. Од слобода бил лишен и И.А.(62) од с.Долна Бањица, гостиварско, затоа што управувал возило со забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

На 22.09.2026 во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода В.Р.(22) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 57-годишен татко дека физички го нападнал во неговиот дом, при што употребил тврд предмет. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 22.09.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје e пријавено дека во с.Буковиќ, скопско, бил опожарен паркиран багер, сопственост на правен субјект. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Увид бил извршен.   

 

На 22.09.2026 во 17:50 часот во СВР Скопје, Б.Т.(84) од Скопје пријави дека околу 14:40 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело златен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.09.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Д.Т.(19) од Скопје пријави дека околу 13:40 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ј.Т.(28) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 22.09.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријави дека на 20.09.2026 во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот партнер Ф.Д.С.M.(35) од Франција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 22.09.2026 во 09:40 часот во СВР Скопје, И.И.(79) пријави дека на 21.09.2026 на подрачјето на Шуто Оризари со тврд предмет бил нападнат од Р.И.(77), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.09.2026 во 00:50 часот на ул.„Борка Талески" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Т.(37) од Прилеп, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 22.09.2026 во 19:35 часот на ул.„Борис Кидрич” во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода А.Ј.(24) од Ресен, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.09.2026 во 14:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Т.И.(68) и Р.И.(66) од Прилеп. Според пријавеното, двете лица на ул.„Јусуф Јусуфоски” во Прилеп попречувале вработени лица во Центар за социјална заштита Прилеп при службено постапување. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(42) од Кичево, затоа што при преглед извршен во неговото патничко возило „смарт“ со кичевски регистарски ознаки, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево пронајдоа и одзедоа марихуана.  

 

На 22.09.2026 во 16:05 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица Охрид од слобода го лишија О.В.(49) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел телесни повреди. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.09.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, М.Е.(21) од Скопје пријави дека на 21.09.2026 во ходник од зграда на подрачјето на Карпош, со тврд предмет бил нападнат од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 22.09.2026 околу 19:00 часот во СВР Скопје, А.И. пријави дека во с.Идризово, скопско, тој и неговиот брат биле физички нападнати од едно лице, кое го познавале и кое со остар предмет му нанело расекотина на неговиот брат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.09.2026 во 21:40 часот во СВР Скопје, А.П.(35) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.09.2026 во 21:15 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена пријави дека на социјална мрежа бил отворен профил каде имало постирано коментари во вид на слики со недолична содржина кон нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

Мени за пристапност