Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 22.09.2026

Извадок на дел од дневните настани 22.09.2026

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.М.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.07.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „рено“,  управувано од пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен амфетамин.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ф.Р.(40) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 02.09.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата партнерка и ѝ упатувал закани.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.М.(43) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.08.2026 во сендвичарница во Прилеп, пријавениот физички го нападнал А.С., фрлал разни предмети од инвентарот на објектот кон А.С. , а потоа со остар предмет упатувал закани кон присутните лица.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.З.(54) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.10.2025 полициски службеници извршиле преглед на лице од Струмица, кај кого била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја купил од пријавениот.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Н.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 07.05.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „тојота корола“, управувано од пријавениот, при што во возилото биле пронајдени и одземени 29 ловечки патрони.

 

На 21.09.2026 во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.А.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 21.09.2026  во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.А. (23) од Куманово. Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела тешки кражби, семејни насилства и злоупотреба на лични податоци. А.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.  

 

На 21.09.2026 во 20:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода М.Ц.(27) од Тетово и К.З.(31) од село Боговиње, со престој во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“ по член 191 од Кривичниот законик. Лицата биле задржани во полициска станица, а истата вечер, врз основа на наредба од Основен суд Тетово бил извршен претрес во домот и помошни простории на К.З. во Тетово. Притоа, од него биле одземени куршум и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 21.09.2026 во 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.В.(45) од Охрид и товарно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(46) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ А.В., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

 

На 21.09.2026 во 21:00 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.И.(19) од село Горно Седларце, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 22.09.2026  во 00:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода В.З.(29) од Куманово, затоа што физички го нападнала нејзиниот  вонбрачен сопруг. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

 

На 21.09.2026 во 17:30 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на локален пат за с.Стојаково, општина Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“, управувано од Д.Ш.(42) од с.Стојаково и мотоцикл „јамаха“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Л.П.(27) од с.Стојаково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гевгелија. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

 

На 22.09.2026 во 00:05 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.Ф.(41) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, под дејство на алкохол, агресивно се однесувал кон неговата 63-годишна мајка, а фрлал и остри и други предмети од покуќнината кон неа и ѝ нанел повреди. Х.Ф. е задржан во полициска станица и при преземање мерки му биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На  21.09.2026 во 21:40 часот на Граничен премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.М.В. (29) од Германија, затоа што при гранична контрола на увид приложил фалсификувана полска возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.Д.(30) од делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 14.09.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга, а оштетил ѝ дел од покуќнината.

 

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Т.П.(39) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.01.2026 во Богданци, полициски службеници при преглед кај Т.П., пронашле марихуана.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.(27) од струшкото село Подгорци,  поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 174  парчиња муниција различен калибар кои нелегално ги поседувал и две пакувања со марихуана.  

 

На 21.09.2026 во 22:20 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Р.(31) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна вонбрачна партнерка дека околу 21:00 часот физички ја нападнал во домот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.09.2026 во 10:00 часот, врз основа на распишана централна потерница од ОЈО Струмица, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го приведоа Џ.Д.(34) од Радовиш. Џ.Д е предаден на Основното јавно обвинителство Струмица.

 

На 21.09.2026 околу 17:55 часот во Полициска станица Валандово е пријавено дека настанал пожар во ќука во с.Пирава, валандовско. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Валандово, при што било констатирано дека при гасење на пожарот во една од собите е пронајдено безживотното тело на Е.О.(69) од тоа село. Од екипа на Итна медицинска помош Валандово е констатирана смрт, а за настанот  е запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија.

 

На 21.09.2026 во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.Х.(37) од Холандија и Х.Ј.Ц.М.(38) од Шпанија, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19:00 часот во депо на Железници на РСМ-Транспорт АД-Скопје физички го нападнале И.Џ.(33) од с.Арачиново, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.09.2026 во 22:25 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(46) од Скопје пријави дека околу 21:00 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од еден малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

  

На 21.09.2026 во 20:50 часот во СВР Скопје Г.А.(37) од Скопје пријави дека околу 16:25 часот на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.09.2026 во 16:40 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со П.Ј.(35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 25-годишна поранешна партнерка дека ја следел и ѝ  испраќал пораки, а исто така дека под нејзиното возило пронашла уред за следење. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 21.09.2026 околу 16:30 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена пријави дека Г.Г., пријател на нејзиниот вонбрачен партнер,  телефонски ѝ упатувал закани со цел да ја повлече пријавата што таа претходно ја поднела против нејзиниот вонбрачен партнер. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Е.Ф.(18) од с.Студеничани, скопско, Џ.Ј.(23) од Гостивар, Ш.Х.(34) од Битола и А.Ј.(18) од Куманово. Затоа што возеле под дејство на алкохол од слобода се лишени С.К.(63) од Берово и 24-годишната Д.Т. од Тетово. Додека пак, Г.М.(32) од с.Прибачево, кочанско, возел со активна забрана за управување моторно возило од Б категорија. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

На 21.09.2026 во Полициската станица Ѓорче Петров во Скопје, извршен е службен разговор со А.Ш.(31) и А.Ш. (31), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од Ј.К.(52) од Скопје дека околу 10:20 часот физички го нападнале на подрачјето на Ѓорче Петров. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 21.09.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, 66-годишна жена од Скопје пријави дека  околу 11:15 часот во двор на црква во скопско била физички нападната од нејзиниот брачен партнер, со кој не живеат заедно. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 21.09.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од скопско пријави дека на 19.09.2026 околу 17:30 часот во семејниот дом, бил физички нападнат од неговата сопруга, со која се во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.

 

На 21.09.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Р.Ј.(35) од Штип. Таткото на повредениот пријавил дека на 16.09.2026 од Јавна здравствена установа во гевгелиско, каде што се лекувал, бил известен дека неговиот син паднал од кревет и се повредил. Додека, пак, повредениот пријавил дека во установата бил физички нападнат од болничар. Се  преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.09.2026 во 13:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.С.(66) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека се однесувал агресивно, се заканувал и го попречувал извршителот Г.С.(57) при извршување службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.       

 

На 22.09.2026 во 03:30 часот на ул„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода  Х.П.(20) од Прилеп, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.09.2026 во 16:00 часот на планинскиот превој ,,Барбарас” - Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги лишија од слобода Е.А.(31), Е.Д.(39) и Е.И.(35), сите од  с. Дебреште, општина Долнени.  При извршување службени дејствија, полициските службеници затекнале паркирано патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, каде на управувачкото место бил Е.И., а сопатници биле Е.А. и Е.Д., при што во возилото е пронајдена ловечка пушка без соодветна дозвола за поседување и носење и пет патрони, како и  батериски ламби . По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.09.2026  во 21:30 часот во СВР  Битола, 45-годишна битолчанка пријави дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот сопруг. со кого е во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Мени за пристапност