Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 21.09.2026

Извадок на дел од дневните настани 21.09.2026

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.Д.(20) и И.З.(20) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „спречување на докажување“. На 19.02.2026 во Штип, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, откако претходно го забележале пријавениот како ја фрлил, а со тоа се обидел да ги прикрие или уништи доказите. 

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Н.(48) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 08.12.2025 на импровизирана тезга на Градскиот плоштад во Штип и во семејниот дом на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле пиротехнички средства.

 

На 20/21.09.2026  во Скопје, на различни локации,  полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(39), С.М.(27), С.Џ.(45) и 17-годишник, сите од Скопје, како и Л.К.И.(20) од Германија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.   

 

На 20.09.2026 во 15:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Б.Л.(30) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 28-годишен брат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.09.2026 во 19:40 часот на ул.„Трајче Магловски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Ѓ.Ш.(34) и Ј.Е.(35), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај  двајцата била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.09.2026 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Меѓународен аеродром Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Т.(20) од Тетово и Б.А.(42) од Куманово, при што бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 20.09.2026 во 21:30 часот во с.Будимирци, општина Новаци, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.И.(36) од с.Раштани, битолско, затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.09.2026 во 01:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.К.(71) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот и се заканувал и ја навредувал неговата 63-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(61) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“. Пријавениот, вработен во Министерството за финансии - Управа за имотно правни работи Струга, како советник и овластен потписник на акти, злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, во текот на  2022, 2023 и 2024 година изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште на други лица, самоволно им втиснувал службен печат за правосилност и ги испраќал до Одделението за катастар на недвижности Струга, но претходно не ги испраќал до надлежна институција за мислење. 

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Р.(33) од скопското село Љуботен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза“, казниво по член 279 од Кривичниот законик. При контрола во патниот сообраќај извршена на магистралниот пат Дебар-Скопје, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фолксваген голф“, кој го управувал С.Р. и притоа пронашле вреќи со тутун во вкупна тежина од над 16 килограми, за кои немал соодветна документација.

 

На 20.09.2026 во 17:20 часот во СВР Скопје, И.Л.(51) пријави дека на 18.09.2026 во с.Долно Соње, скопско, бил физички нападнат од Т.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.09.2026 во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.09.2026 во домот упатувал закани кон неговата 60-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 20.09.2026 во 09:55 часот во СВР Скопје П.К.(20) од Скопје пријави дека околу 06:00 часот на работното место на бензинска пумпа на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 20.09.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, И.Р.(41) од Скопје пријави дека околу 13:00 часот на подрачјето на Чаир, бил физички нападнат од М.Л. и Ј.„Н.“, при што бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.09.2026 околу 01:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на влез во с.Секирник, струмичко, патничко возило „ренџ ровер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот М.И. од Ново Село, удрил во 47-годишниот Ѓ.К. од с.Секирник, струмичко. Во несреќата од здобиените повреди, на местото на настанот починал пешакот, a лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт. Возачот на патничкото возило „ренџ ровер“ М.И. е лишен од слобода и задржан во СВР Струмица. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

 

На 21.09.2026 околу 03:50 часот во  СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, била опожарена куќа, сопственост на А.С.(60) од с.Црв Врв. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.09.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Н.Б.(24) пријави дека во с.Арачиново, скопско, едно лице кое го познавал физички го нападнало со тврд предмет, а претходно пукало и со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.09.2026 околу 18:00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје во Старата скопска чаршија биле затекнати четири лица кои извршувале градежни работи, а постои можност внатре во објектот да има предмети од културно наследство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

Мени за пристапност