СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(23) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кокаин и гранки и семки од растението канабис, по што А.И. е лишен од слобода.
На 19.09.2026 во 10:45 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на тротоар на ул. ,,22 Октомври“ во Радовиш, патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(32) од с.Ињево, радовишко, удрило во 74-годишната С.Ц. од Радовиш. Во несреќата со повреди се здобила С.Ц., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.
На 20.09.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 02:50 часот, на крстосница од улиците „Вардарска“ и „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.С.(18) од село Башино Село, велешко и патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Љ.Ѓ.(20) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Љ.Ѓ. и Л.Н.(19) од Велес, сопатник во возилото „ауди“, а со телесни повреди се здобил Б.Ч.(19) од Велес, сопатник во возилото „сеат“, констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 20.09.2026 во 03:16 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.Р.(33) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на неговата 32-годишна партнерка, физички ја нападнал. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.09.2026 во 17:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р.(67) од Велика Британија и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(28) од битолското село Буково. Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се здобиле Д.С. и И.З., сопатници во возилото „опел“ додека кај М.Ј.Р (возач на возилото „сузуки витара“) и А.С. и А.С., сопатнички во возилото „опел“, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди. По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид.
На 19.09.2026 во 18:29 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Прилеп, кај место викано „Туланата“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел" со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(28) од с.Канатларци, прилепско и патничко возило „форд" со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(48) од с.Долно Српци, општина Могила. На местото на настанот починала 17-годишна сопатничка од возилото „опел“, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола. Возачот на возилото „опел“ Е.Ф., како и 44-годишната Д.Н. и седумгодишно дете од с.Долно Српци, сопатници во возилото „форд“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, а со повреди се здобил и возачот М.Н.. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 20.09.2026 во 02:50 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (40) од Куманово, затоа што на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово физички нападнала малолетничка. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.
На 19.09.2026 во 23:40 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода М.К. ( 65) од Швајцарија, затоа што во село Проевце, кумановско, спречувала и агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.
На 19.09.2026 во 21:00 часот во Скопје, во паркот во Ѓорче Петров, каде се одржувала манифестација, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.И.Б.Л.(31) од Мексико, поради тоа што одбивал да се легитимира, се однесувал агресивно, а потоа физички и со тврд предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Утврдено е и дека Х.И.Б.Л. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,30 промили во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 19.09.2026 во 11:30 часот на бул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.М. (28) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во возило по член 236 од Кривичниот законик, пријавена од А.Р.(31) од с.Стримница, тетовско. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 20.09.2026 во 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Македонско- косовска бригада“ во Скопје бил опожарен кров од куќа, сопственост на А.Ч.(83) од Скопје. Нема повредени лица, а екипа од Бригадата за противпожарна единица Скопје го изгасила пожарот.
На 19.09.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од Скопје пријави дека во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, каде била ангажирана заедно со нејзината мајка за хигиеничарски услуги, едно лице физички ја нападнало и допирало по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.09.2026 во 03:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје било опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на З.И. (54) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (20.09.2026) во 06:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Финска“ во Скопје било опожарено патничко возило „шевролет каптива“ со кумановски регистарски ознаки, во сопственост на Д.Н.(40) од Куманово, а огнот зафатил и патничко возило „фолксваген голф 4“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.09.2026 во 15:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Д. (28) од Скопје, по претходна пријава дека истиот ден, околу 11:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош, пријавениот и упатувал закани на неговата поранешна 37-годишна сопруга, со која живеат заедно. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 19.09.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријави дека на 18.09.2026 околу 19:00 часот на место викано „Коцка“ на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот 10-годишен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.09.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, М.К.(69) од Скопје пријави дека околу 10:45 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од И.Д.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.