СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.А.(35) од скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.12.2025, полициски службеници при извршен претрес во домот на пријавениот, пронашле и одзеле кокаин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Н.Д.(35) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство врз дете“. На 04.09.2026 пред хотел во Делчево, пријавениот физички нападнал двајца малолетници.
На 18.09.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“, во близина на клучка „Мирковци“, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(20) од Скопје, удрило во пешакот С.Б.(63) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 18.09.2026 околу 09:00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.М.(44) од Романија, затоа што при гранична проверка констатирано било дека на увид приложил фалсификувана возачка дозвола за патничко возило „мерцедес“ со шпански национални ознаки, со кое тој допатувал. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 18.09.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 20:55 часот, на крстосница од улиците „Љубљанска“ и „Костурска“ во Велес, патничко возило „поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 50-годишната Б.И. од Велес, удрило во 14-годишен малолетник. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 18.09.2026 во 22:15 часот во Демир Капија, полициски службеници од Полициска канцеларија Демир Капија го лишија од слобода С.К.(65) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава од 29-годишна жена од Демир Капија, дека во парк во Демир Капија, нејзиниот 13-годишен син бил физички нападнат од едно машко лице. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.09.2026 во 22:15 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Р.(26) од село Дреново, кавадаречко, во врска со настан од 16.09.2026, кога 24-годишна велешанка пријави дека на улица „Бошко Златанов“ во Велес, едно машко лице ја допиралo по телото. По издадена наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во домот во Велес каде престојувал С.Р., при што биле пронајдени и одземени разни предмети. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.09.2026 во 20:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека во с. Сиричино, 15- годишник од с. Сиричино, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од патот. При тоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Во 23:35 часот, тој е лишен од слобода согласно член 297-а од КЗ, односно затоа што го управувал мотоциклот без возачка дозвола, а мотоциклот е одземен. По документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.
На 19.09.2026 во 00:45 часот во Штип, полициски службеници од Полициска станица Штип го лишија од слобода Б.М.(28) од Штип. Претходно тој, додека бил работно ангажиран во угостителски објект во Штип, по вербална расправија со вработените во истиот објект, физички ја нападнал неговата партнерка С.М.(29) од Штип, која исто така работела во објектот. Исто така, Б.М. му се заканувал на полициски службеник, кој извршувал службени дејства. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 18.09.2026 во 10:20 часот, полициски службеници од ПС Тетово во с. Брвеница, постапувајќи по судско решение од Основен суд Тетово, го приведоа С.З. (43) од с. Брвеница, за издржување казна затвор во времетраење од една година, за сторено кривично дело по член 215 од КЗ. Тој е спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на затворската казна.
Во СВР Скопје Ш.А.(39) од Скопје пријави дека на 16.09.2026 во с. Огњанци, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Д.Г.(19). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.09.2026 во 03:35 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Д.Т.(31) и И.Г.(27), двајцата од Кавадарци, по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, а Д.Т. оштетил и полициско службено возило. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 19.09.2026 во 00:45 часот во СВР Скопје 42-годишна жена пријави дека на 18.09.2026 нејзиниот поранешен сопруг И.П. телефонски преку нивната малолетна ќерка упатувал закани кон неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.09.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје 44-годишна жена пријави дека на 16.09.2026 на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот поранешен сопруг Д.Ч.(48) и упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.09.2026 во 19:50 часот, на кружниот тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, лишен од слобода е Д.Г.(41) од Охрид, кој управувајќи патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, удрил во Д.Ј. од с. Лешани, општина Дебрца. По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.09.2026 во 20:00 часот, во СВР Охрид е приведен С.К.(28) од Охрид, по претходна пријава дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, со метален предмет го нападнал Д.Ј.(38) од селото Лешани, општина Дебрца. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.09.2026 во 03:50 часот во струшко село, од страна на полициски службеници приведен е Б.Д.(44), по претходна пријава дека заедно со уште еден член на семејството, физички ја нападнале неговата сопруга. Исто така, Б.Д. се однесувал агресивно кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.09.2026 во 20:20 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода С.А. (36) од Крива Паланка, затоа што не почитувал судско решение со мерки да не се приближува и да не ја вознемирува неговата поранешна сопруга и физички ја нападнал. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 18.09.2026 во 15:05 часот во ОВР Делчево, од Итна медицинска помош Делчево е пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош бил донесен С.Н.(73) од Делчево. Според пријавеното, тој се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал градежни работи во семејната куќа во Делчево. Извршен е увид.
На 18.09.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје Љ.Д.(36) од Битола пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров по претходно меѓусебно недоразбирање бил физички нападнат од С.Б.(41) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.09.2026 околу 09:30 часот во СВР Скопје И.С.(51) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, инаку двајцата ученици во исто средно училиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.09.2026 околу 04:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош опожарени биле патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.С.. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.09.2026 во 20:40 часот во СВР Струмица А.Ј.(59) пријави дека во Струмица бил физички нападнат од Ќ.Ј. и неговиот син, а бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.