Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 18.09.2026

Извадок на дел од дневните настани 18.09.2026

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Т.(22) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.11.2025 полициски службеници извршиле преглед кај едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана, која  претходно ја набавил од пријавениот. Подоцна, истиот ден, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, каде, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Х.Ѓ.(33) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.08.2026 во Прилеп, пријавениот физички ја нападнал А.А. и ѝ нанел повреди.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.М. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 23.05.2026 во казино во с.Брвеница, тетовско, пријавениот упатувал закани на вработените.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 12.09.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани кон неговиот татко.

 

На 17.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.С.(22) и А.А.(30) од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 17.09.2026 околу 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид, 67-годишниот И.Б. од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Од здобиените повреди, И.Б. починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид.

 

На 17.09.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Ж.Д. од Скопје, удрило во 49-годишната Е.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 17.09.2026 во 23:50 часот на ул.„146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 17-годишник од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 17.09.2026 во 22:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишија од слобода Д.Т.(31) од село во општина Ранковце, затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 17.09.2026 во 16:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.С.(20) од Велес, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 17.09.2026 околу 14:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип, 59-годишниот Н.С. од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиника болница Штип. Извршен е увид од увидна кипа на СВР Штип.

 

На 17.09.2026 во 21:01 часот во ОВР Крива Паланка, 32-годишна жена од Крива Паланка пријави дека околу 20:55 часот во семејната куќа, нејзиниот свекор го нападнал нејзиниот малолетен син. Додека, пак во 21:20 часот свекорот пријавил дека бил физички нападнат од неговиот 38-годишен син. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.

 

На 17.09.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.Ш.(33) од Битола, затоа што физички ги нападнал неговата 36-годишна  сопруга и нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.И.(32) од Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 27.08.2026 преку апликација на социјална мрежа, пријавениот упатувал закани на лице од тетовско.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ф.М.(21) и Ј.К.(35), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.08.2026, пријавените  физички го нападнале А.А. од Виница во неговиот двор и му нанел повреди.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б.(27) од охридското село Косел и П.П.(28) од Прилеп, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а П.П. сторил и кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. При претрес во домот на второпријавениот, извршен на 10.09.2026 со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пакувања со марихуана и кокаин, кои ги набавил од првопријавениот и ги препакувал за натамошна продажба. При претресот, во домот на второпријавениот, затекнат е малолетник од Битола, на кој му овозможил да користи марихуана. Пријавените веднаш се лишени од слобода, а со малолетникот, во присуство на неговите родители и претставници од Центарот за социјални работи е извршен разговор, по што ќе следува соодветен поднесок.

 

На 17.09.2026 во 14:15 часот на улица „Мислешески пат“ во Струга, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид и ОВР Струга од слобода е лишен Д.Н.(44) од Охрид. Тој, откако ги забележал полициските службеници во такси возило со кое се превезувал, се обидел да проголта, а потоа и да уништи две пакувања со бела прашкаста материја, но бил спречен и пакувањата му се одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 17.09.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во експозитура на банка на подрачјето на Центар, нејзината мајка М.Р.(53) агресивно се однесувала кон неа, ја влечела, туркала и ѝ упатувала закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 16.09.2026 околу 17:50 часот во СВР Скопје Д.Ч.(48) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од Г.Ч.(21) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.09.2026 во 03:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Д.Т.(30) од Скопје, по претходна пријава дека во казино го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со С.С.(28) од Скопје, а исто така и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 17.09.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, Н.Е.(50) од Скопје пријави дека околу 11:40 часот во основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 17.09.2026 во 12:45 часот во СВР Скопје, Ј.К.(35) од Скопје пријави дека на 12.09.2026 на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Е.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.09.2026 во 09:40 часот, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Радовиш извршија претрес во домот на С.Д,(61) од Радовиш. При претресот е пронајдена и одземена воздушна пушка. По документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 17.09.2026, постапувајќи по претходна пријава дека во река во с.Доброшинци, струмичко, се врши ископ на песок, по овластување на јавен обвинител, полициски службеници од СВР Струмица излегоа на местото и затекнаа товарно возило и работна машина - копач на правно лице-сепарација од с.Сачево, струмичко, со двајца вработени кои вршат ископ. Известен е Државен инспектор за животна средина, а од јавниот обвинител е ангажиран и геодет кој констатирал дека се врши ископ, како и дека камионот е  натоварен со околу девет кубни метри песок, но од правното лице не е приложена соодветна документација (барање, договор, елаборат и сл.) за ископот. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

 

На 17.09.2026 околу 14:55 часот во СВР Скопје, Н.П.(54) пријави дека на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Г.С.(43), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

               

На 16.09.2026 во СВР Скопје, Д.О.(56) од Скопје пријави дека во здравствена установа на подрачјето на Карпош, каде работел, бил физички нападнат од Г.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.09.2026 околу 15:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го приведоа А.Џ.(46) од с.Вртекица, скопско. При проверка на неговиот рачен багаж биле пронајдени седум парчиња муниција калибар 9мм. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Мени за пристапност