Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 17.09.2026

Извадок на дел од дневните настани 17.09.2026

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.02.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.К.(35) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „фалсификување на исправа“. На 14.06.2026 на ул.„Брегалничка“ во Штип, полициски службеници извршиле контрола на документацијата на пријавениот, при што констатирале дека на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.  

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против П.П.(27) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 04.09.2026, пријавениот преку апликација на социјална мрежа испратил порака со заканувачка содржина на Е.Ѓ..

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Д.(49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 07.09.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани кон неговиот 78-годишен татко и фрлал предмети од покуќнината. 

 

На 16/17.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(40), Х.О.(19) и Е.Ј.(28), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 16.09.2026 во 15:00 часот во населба Поток во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Н.М.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Таа се сомничи дека на 14.09.2026 одзела пари од паричникот на Н.Х.(64) од Тетово на неговото работно место на паркинг простор во Тетово. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против неа ќе следува соодветен поднесок.

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода пет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.Н.(29) и Х.И.(20), двајцата од Скопје, Н.Н.(20) од Кавадарци и Р.Т.(20) од Куманово. Додека пак, 56-годишната Љ.Ф. од Скопје управувала возило под дејство на алкохол и предизвикала две сообраќајни незгоди. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

На 16.09.2026 во 20:30 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(44) од Кавадарци и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од О.Р.(18) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.

 

На 16.09.2026 во 18:50 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода И.Б.(60) од Тетово, затоа што при преглед кај него е пронајдена кафеава прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.09.2026 во 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид- Св.Наум, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(87) од Скопје и мотоцикл „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Х.П.(29) од с.Мислешево, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

 

На 16.09.2026 во 22:35 часот во с. Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Б.Ј.(37) од с.Боговиње, тетовско, затоа што при преглед кај него е пронајдена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.09.2026 околу 11:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Струга, товарно возило „фиат добло“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот А.С. од Струга, удрило во 76-годишната В.П. од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.П., констатирани во Медицински центар Струга. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.

 

На 16.09.2026 во 17:50 часот, 60-годишна жена од Гостивар пријави дека околу 16:00 часот во Гостивар, нејзиниот девер Р.М. физички ги нападнал неа и нејзиниот сопруг Л.М.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ц.(52) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба’’. Во периодот од 14.08.2026 до 01.09.2026, пријавениот од семејниот дом на С.Т. одзел пари.

 

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.Н.(70) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи". Пријавениот претходно пронашол туѓ паричник и на 05.08.2026, без дозвола и согласност на сопственикот ја употребил платежната картичка и извршил наплата во четири наврати, при што се стекнал со противправна имотна корист од 3.729 денари.

 

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против А.Т.(27) од неготинско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи". На 07.09.2026, пријавениот пронашол дебитна платежна картичка од банка, по што без дозвола и согласност на сопственикот ја употребил и извршил три успешни трансакции, при што се стекнал со противправна имотна корист од 3.645 денари. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(46) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „насилство врз дете“. На 20.05.2026 во Гостивар, пријавената физички нападнала малолетник. 

 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против П.Ј.(40) од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,загрозување на сигурноста’’ и ,,напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 11.09.2026, пријавениот упатувал закани на полициски службеници и вработени во Центарот за социјални работи додека извршувале службени дејствија, по што со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на еден полициски службеник.

 

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ш.М.(24) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.02.2026, од страна на полициски службеници во близина на пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Д.(49) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. На 07.09.2026 во семејниот дом, пријавениот, под дејство на алкохол, агресивно се однесувал и упатувал закани на неговите родители, по што оштетил дел од покуќнината.  

 

На 16.09.2026 во 17:00 часот во Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Н.Д.(28) од Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 26-годишна вонбрачна партнерка. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 17.09.2026 во 03:10 часот во ноќен клуб на подрачје на Карпош во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода А.Б.(24) од Белгија, затоа што при преглед кај него било пронајдено и одземено пакување со растителна материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.09.2026 околу 08:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар во куќа во која подолго време не живеел никој, a e сопственост на Ѕ.М.(60). Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид. 

 

На 16.09.2026 во 16:50 часот во СВР Скопје, В.К.(78) од Скопје пријави дека околу 14:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на физичка сила ѝ го одзело мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 16.09.2026 околу 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал, при што се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.09.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Студеничани, скопско, во двор од куќа, сопственост на А.С.(56), дошол Х.Б.(35) од с.Студеничани и ја земал вап-машината за да го измие возилото, при што паднал, најверојатно од струен удар. Со возило на Итна медицинска помош, Х.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Лекар констатирал смрт, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција.

 

На 16.09.2026 во 20:30 часот во спортска сала на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.К.(24) и И.С.(30), двајцата од Скопје, затоа што сториле прекршок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, односно физички се пресметувале додека траел ракометен натпревар. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.09.2026 околу 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ф.А.(34) од Скопје, поради неовластено снимање со дрон без соодветна дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

Мени за пристапност