На 22/23.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(19), Д.Д.(27), Т.Г.(34), Ј.Х.(37), сите од Скопје, како и В.Д.(38) од Германија затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 22.08.2026 во 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека во 11:40 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Т.З.(52) и патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 48-годишната А.Д., двајцата од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип, кај кого било констатирано дека го возел мотоциклот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,68 промили во крвта. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 22.08.2026 во 20.30 часот на ул.„Дабничка" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода С.У.(27) и Е.У.(42), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај С.У. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.08.2026 во 00:05 часот на улица „Лазо Трпоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Д.Б.(31) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон член на неговото семејство, а потоа и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ј.(30) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.08.2026 околу 00:15 часот допирал по телото 18-годишна девојка од Куманово додека се движела на улица „Никола Карев“ во Куманово, по што побегнал со мотоцикл. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.08.2026 во 20:00 часот на ул.„Дабничка" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода В.Ј.(27) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени одземени грутчеста материја и марихуана, По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (23.08.2026) во 00:36 часот во СВР Скопје е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје едно машко лице со закана со пиштол од вработената одзел пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Љ.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При преглед над него, извршен на улица „Ѓорче Петров“ во Охрид, тој фрлил пакување со марихуана и се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода. Дрогата е пронајдена и одземена.
На 22.08.2026 во 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Х.(25) и А.Х.(20), двајцата од село Идризово, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека во маркет во с.Идризово се однесувале агресивно кон вработената, а потоа физички и со тврд предмет го нападнале И.О.(41) од истото село, кој побарал од нив да не се однесуваат така кон вработената. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Денеска (23.08.2026) во 00:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода С.Г.(39) од Свети Николе затоа што кај него била пронајдена и одземана марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 22.08.2026 во 05:15 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница ги привеле А.Ц.(29), А.Ј.(24) и Х.А.(34), сите од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 04:40 часот пред угостителски објект во Виница, поради претходно недорабирање во објектот, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.08.2026 во 05:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален пат Мушов Гроб-Кавадарци, на влезот на село Ваташа, кавадаречко, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Ваташа, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 22.08.2026 во 15:15 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.З.(40) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:00 часот под дејство на алкохол во семејниот дом физички ги нападнал неговата 71-годишна мајка и неговата 45-годишна сестра. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.08.2026 во 23:30 часот во угостителски објект на ул.„180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.М.(30) од Тетово затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.08.2026 во 18:50 часот во ОВР Гостивар, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен мотоциклист. По извршени проверки било утврдено дека се работи за Н.Ј.(64) од с.Вруток, гостиварско, кој управувајќи мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на шумски пат во атар на с.Јеловце. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Денеска (23.08.2026) во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„18“ во с.Арачиново се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42). Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Т.(45) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „силување во обид“ и „телесна повреда“. На 15.08.2026 во семејниот дом, пријавениот ја принудувал на сексуални односи неговата 35-годишна сопруга и физички ги нападнал нивните две малолетни деца.
На 22.08.2026 во 20:05 часот во СВР Скопје, И.М.(45) од Скопје пријавил дека околу 19:30 часот во Радишани забележал дека неговото патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки било оштететно од заталкано зрно од огнено оружје. Зрното било пронајдено на задното седиште на возилото. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.08.2026 во 01:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.М.(36) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата вонбрачна 32-годишна сопруга дека во повеќе наврати физички ја напаѓал во семејниот дом. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (23.08.2026) во 00:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа С.Ј.(47), К.Ј.(28) и Д.Ј.(36), сите од Скопје, затоа што во 00:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по кратка расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.У. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,поднесување лажни докази’’ и „фалсификување исправа“. Пријавениот ја заменил македонската возачка дозвола во Германија со германска возачка дозвола, а при постапка за повторно издавање на македонска возачка дозвола приложил фалсификувана потврда пред Одделението за возила и возачи Куманово, врз основа на што му била издадена нова македонска возачка дозвола.
На 22.08.2026 во 20:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Г.М.(45), Г.М.(20), 23-годишната Х.М. и И.Р.(36), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што бил употребен ѝ тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (23.08.2026) во 02:50 часот во СВР Скопје, Д.К.(25) од Скопје пријави дека околу 01:30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, тој и неговиот татко В.К.(46) биле физички нападнати од едно лице кое употребило метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (23.08.2026) во 00:40 часот во Полициското одделение Петровец, 41-годишната Н.Т. од Скопје пријавила дека на 21.08.2026 околу 14:30 часот во домот на нејзиниот партнер во скопско, била физички нападната од Н.К.(женско лице) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.08.2026 во 19:50 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Г.С.(53) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.