На 21/22.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 13 и 17-годишни малолетници од Скопје и Б.С.(19) од Струга затоа што кај нив се пронајдени и одземени тврда кафеава материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 21.08.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Б.(52) од Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.В.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки управуван од С.К.(24) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 21.08.2026 во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(37) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 21.08.2026 во 15:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „Ибраим Колари“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со дебарски регистарски ознаки управувано од И.Д.(25) од Дебар и мотоцикл со дебарски регистарски ознаки управуван од А.Т.(58) од с.Рајчица, дебарско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Дебар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Дебар.
На 22.08.2026 во 01:55 часот на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.А.(39) од Куманово. При сообраќајна контрола, запрен е мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, кој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќајот. По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.08.2026 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Љ.Г. од Охрид, излетало од патот и се превртело. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
На 21.08.2026 во 19:10 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.П.(33) од Скопје. Тој во изнајмен апартман физички нападнал член на семејството. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.08.2026 во 16:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на планински пат во с.Корито, гостиварско, 23-годишниот Ф.А. од с.Желино, тетовско, управувајќи четирицикл изгубил контрола и се превртел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот, додека со телесни повреди неговиот 28-годишен сопатник Х.В. од с.Долна Лешница, тетовско, констатирани во болницата во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 22.08.2026 во 01.45 часот на локален пат во струшкото село во Мислешево, лишен од слобода е И.М.(55) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управува моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски таблички без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против И.М. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.
На 21.08.2026 во 14:00 часот во ОВР Берово, 66-годишна жена од беровско село пријавила дека нејзиниот 15-годишен внук од ќерка, на кого таа му е старател, се однесувал агресивно кон неа и ѝ се заканувал, а пред неколку дена физички ја нападнал и искршил дел од покуќнината. Известен е Центарот за социјални работи Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
На 21.08.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје - Полициска станица Центар, М.М.(60) од Скопје пријавила дека на 18.08.2026 во 22.00 часот, нејзината внука А.С.(42) од Скопје, која е лице со здравствени проблеми , излегла од нејзиниот дом и додега не се вратила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(48) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ На 18.08.2026 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени стебла од канабис.
На 21.08.2026 во 20:40 часот во с.Долно Лисиче, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Н.(52) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки и преземени мерки, било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 21.08.2026 во 07:45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода С.М.(27) од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 21.08.2026 во 19:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија Ф.А.(41) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 70-годишен татко. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.08.2026 во 18:25 часот на ул.„Ристо Секирчанец" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Д.(27) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки управуван од М.Д., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 21.08.2026 во 17:00 часот на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.К.(48) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Р.(20) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Пријавениот преправил сообраќајна дозвола за патничко возило „фолксваген голф“, по што фалсификуваната дозвола ја употребил во СВР Штип.
На 21.08.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со С.С.(29) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 32-годишна кавадарчанка дека со метален предмет упатил закани кон членови на нејзиното семејство. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.08.2026 во 19:15 часот на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.З.(35) од с.Љуботен, скопско. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 21.08.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, Д.А.(52) од Скопје пријави дека на 17.08.2026 околу 21:45 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по претходно недоразбирање за паркинг простор, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.08.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 62-годишен маж од скопско пријави дека на 20.08.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот син, кој искршил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 21.08.2026 во 20:00 часот на крстосница од бул.„Киро Глигоров“ со бул.„15 Корпус“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Ј.(41) од Скопје. Претходно, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, тој учествувал во сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот. Исто така, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека поминал на црвено светло, бил под дејство на алкохол и агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 22.08.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје, 25-годишен маж од Скопје пријави дека околу 04:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје бил физички нападнат од неговиот брат А.И.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против С.Р.(59) од Латвија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 17.08.2026 во с.Богородица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фиат типо“, кое го управувал, при што биле пронајдени 10 мигранти од Египет, од кои седум деца.
На 21.08.2026 во 23:10 часот во ОВР Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода И.М.(42) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 18-годишен син дека во семејниот дом, по кратка расправија, физички го нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 21.08.2026 во 16:15 часот во Гостивар, полициски службеници ја лишија од слобода В.А.(30) од тетовско, затоа што физички ја нападнала нејзината свекрва. Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.08.2026 во 03:47 часот во СВР Скопје, М.Б.(37) од Скопје пријави дека околу 00:00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, нејзиниот малолетен син, бил физички нападнат од М.Б. и М.„Н“ двајцата од нас.Керамидница, скопско. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.