Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 21.08.2026

Извадок на дел од дневните настани 21.08.2026

На 20.08.2026 во 21:10 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ ги лишија од слобода Л.Д.(18), М.С.(25) и С.Д.(19), тројцата од Куманово. При преглед и контрола во патничко возило „сузуки свифт“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Л.Д., а другите двајца биле сопатници, била пронајдена и одземена една кесичка со бела прашкаста материја. Тие биле спроведени и задржани во Полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

На 20.08.2026 во 11.35 часот, врз основа на наредба на Основен суд Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  извршија претрес во дом и други помошни простории кои ги користи А.Т. од Прилeп. При претресит биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја и дигитални ваги. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 20.08.2026 на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(18) од Скопје и Л.И.(20) од Германија затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.С.(25) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ На 09.10.2025 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

 

На 20.08.2026 во 22:31 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул.„Филип втори“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ светиниколски регистарски ознаки управувано од Љ.Д.(68) од Свети Николе и мотоцикл „хонда“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од С.П.(30) од с.Преод, светиниколско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди неговата сопатничка В.С.(22) од Свети Николе, констатирани во болницата во Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе, при што е констатирано дека возачот на патничкото возило „пежо“ е под дејство на алкохол, односно дека има 1,19 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 20.08.2026 во 13:43 часот во СВР Скопје, Д.Т.(41) од с.Долно Којнаре, кумановско, пријави дека околу 12:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, тој и неговиот внук Х.Т., по претходно недоразбирање, биле физички нападнати од две лица кои употребиле тврд предмет и потоа му го оштетиле неговото патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.08.2026 во 22:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Будаково, општина Могила, 16-годишен малолетник од с.Будаково, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

 

На 20.08.2026 во 11:15 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Ј.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот во финансиско друштво на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, агресивно се однесувал и се заканувал на вработените. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското одделение Теарце, 80-годишна жена од тетовско село пријавила дека околу 12:00 часот во нејзиниот двор, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот роднина Н.Х. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.08.2026 во ОВР Прилеп е пријавено дека на  регионален пат с.Долнени – с.Сенокос се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген шаран“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(37) од с.Браилово и патничко возило „мг“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(46) од с.Долнени, прилепско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „мг“, И.Ј.(84), додека со телесни повреди возачот и другите сопатници В.Ј.(32) и Р.Ј.(71), двете од с.Долнени, констатирани во Медицински центар Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

 

На 20.08.2026 во 15:25 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово, патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Н.В. од с.Раборци, струмичко, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.

 

На 21.08.2026 во 00:15 часот во СВР Скопје, Д.Ф.(30) од с.Туин, кичевско, пријави дека на 20.08.2026 околу 21:15 часот на стариот пат за с.Стајковци, скопско, по претходна расправија, бил физички нападнат од пет лица, кои му одзеле пари, два мобилни телефони и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.08.2026 во 02:00 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Г.(32) од Радовиш. При преглед кај него бил пронајден кокаин. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител.  По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 20.08.2026 во 15:25 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово, патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Н.В. од с.Раборци, струмичко, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.

 

На 20.08.2026 во 19:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 17:30 часот настанал пожар кој зафатил помошен објект сопственост на А.М., лоциран на ул.„Климент Охридски“ во Струмица. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид

 

Ноќеска (21.08.2026) во 00:25 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Сава Михајлов“ во Гевгелија. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Од преземените мерки било утврдено дека пожарот го предизвикала В.К.(64), која живеела во станот, а која подоцна била спроведена во здравствена установа. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против В.П.(68) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 24.06.2025 во с.Слепце, полициски службебници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“ калибар 6.35мм, пушка „Брно“ калибар 7 x 57, воздушна пушка калибар 5.5 мм, пушка непозната марка и калибар и 155 куршуми различен калибар.

 

На 20.08.2026 во 15:05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Б.(82) од село во велешко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 78-годишна сопруга. Според пријавеното, ваквите настани се случувале подолг временски период. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот против Т.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци ипрекурсори“ и „спречување на докажување“. При преглед кај него, извршен на паркинг простор во Охрид на 03.08.2025 во 21:45 часот, полициските службеници пронајдоа таблета  MДМА, која претходно се обидел да ја фрли и уништи, по што физички им се спротивставил на полициските службеници.

 

На 20.08.2026 во 16:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Ј.(43) и Х.И.(53) од село Отља, липковско, затоа што психички и физички ја малтретирале нивната 18-годишна ќерка. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(61) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“. Додека жртвата била на работно место во продажен објект, пријавениот повеќе од еден месец секој ден кога била сама влегувал внатре и ѝ зборувал недолични работи.

 

На 20.08.2026 во 13:30 часот на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.И.(32) од едно струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани и агресивно се однесувал кон членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.И.(68) од селото Долгаш, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „мачење животни“.  На 29.05.2026 во 18.30 часот, тој со ловечка пушка пукал кон група од повеќе кучиња скитници во селото, при што усмртил едно од нив.  

Мени за пристапност