Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 20.08.2026

Извадок на дел од дневните настани 20.08.2026

                 

На 19.08.2026 во 13:50 часот на ул.„Драчевска“ во Скопје, полициски службеници од СВр Скопје го лишија од слобода Л.Р.(26) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат како во двор на угостителски објект на истата улица, во момент кога од објектот излегувале гости, од возило  во движење со пиштол испукал неколку куршуми во воздух.  Пиштолот е му бил одземен, а тој е привеен изадржан во полициска станица. По целосно документирање на  случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 19/20.08.2026 во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.С.(28) и 13-годишен малолетник, двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 19.08.2026 околу 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Киро Глигоров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(38) од Скопје и велосипед управуван од Н.Ј.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 19.08.2026 во 17:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Ѓ.(41) од Велес затоа што при преглед кај него била пронајдена и одзема марихуана. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 19.08.2026 во 17:15 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница лишија од слобода 17-годишник од с.Градец, виничко. При сообраќајна контрола на ул.„Ванчо Прќе“ во Виница, полициските службеници сопреле мопед кој го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

На 19.08.2026 во 10:00 часот во ОВР Кавадарци, Т.Д.(37) од Кавадарци пријави дека, додека извршувал земјоделски работи на лозов насад кај село Дреново, кавадаречко, пронашол експлозивна направа. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, експлозивната направа била безбедно подигната, при што било констатирано дека се работи за минофрлачка граната со калибар 60мм, оштетена од корозија и без запалка.   

 

На 20.08.2026  во 02:45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.С.(43) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43-годишна сопруга дека физички ја нападнал. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 20.08.2026 во 07:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.Д.(18) од Велес, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Надворешнта канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Е.С.(24) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.12.2025 во Дебар, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

 

На 19.08.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ со ул.„Ленинова“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(39) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(39) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

Денеска (20.08.2026) во СВР Штип, 45-годишна жена од Штип пријави дека во семејниот дом, нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот татко А.Т. (51) од Штип, кој употребил и тврд предмет. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

На 19.08.2026 во 23:01 часот на ул.„Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(31) од с.Биљановце, кумановско. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(34) и М.И.(29) од Австрија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство’’. На 15.08.2026 пред угостителски објект во с.Лисец, по претходна расправија, пријавените физички и со тврди предмети ги нападнале Г.А и Б.Ј, двајцата од Тетово, вработени во објектот.    

 

На 18.08.2026 околу 23:50 часот во ОВР Валандово е пријавено дека на општинскиот пат од крстосницата на с.Прстен кон с.Башибос, валандовско, 15-годишен малолетник од с.Башибос, управувајќи мотоцикл „педа“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и  удрил во карпа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.

 

На 19.08.2026 во 20:20 часот на ул.„Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Н.(24) од Велес. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки  и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под активна забрана. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Т.(32) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување службена исправа“. На 21.02.2026, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, при што било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на друго патничко возило.    

 

На 19.08.2026 во 14:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Равен, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.И.(31) од Гостивар и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.О.(48) од с.Равен, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

 

Денеска (20.08.2026) во 02:06 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Г.К.(36) од Штип.  При сообраќајна контрола на ул.„Сутјеска“ во Штип, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“, кое го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,69 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

На 19.08.2026 во 19:30 часот полициски службеници од Полициско одделение Чашка го лишија од слобода И.Н.(53) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 20-годишен син. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Н. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,03 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 19.08.2026 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Ш.Б.(62), С.Х.(41) и Р.Ѓ.(44), сите од Тетово. Полициски службеници забележале како Ш.Б. се обидува да предаде бела прашкаста материја на С.Х. и Р.Ѓ., кои биле со патничко возило „сеат ибица“ и при обид да биде спречен, нападнал полициски службеник и се обидел да им го одземе службеното оружје. Исто така и неговиот син С.Х. физички ги нападнал полициските службеници. Возачот на возилото Р.Ѓ. побегнал од местото, но подоцна е пронајден и лишен од слобода, а возилото е одземено. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.08.2026 во 22:20 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода М.Ј.(29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 81-годишна мајка дека околу 12:00 часот во семејниот дом ја нападнал со тврд предмет и искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 19.08.2026 во 10:10 часот на бул.„Илинден“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.П.(21) од с.Буковиќ, скопско. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Р.(73) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 01.08.2026 во зграда на улица „АСНОМ“ во Охрид, пријавениот вперил пиштол кон Г.К. од Скопје со кого претходно имал расправија за паркинг простор. По судска наредба, Т.Р. беше лишен од слобода и му беа одземени пиштол и пушка, како и повеќе парчиња муниција.

 

На 19.08.2026 во 10:00 часот ул.„Драчевска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.И.(27) од с.Морани, општина Студеничани. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 17.08.2026 во 00:00 часот во СВР Скопје, А.Б.(46) од Скопје пријавила дека околу 00:00 часот во с.Кадино, општина Илинден, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници, кои ги познавал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 19.08.2026 во 11:20 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода Ц.М.(60) од Гостивар. При вршење увид по случена сообраќајна незгода во која учествувал со патничко возило „опел“, било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1,58 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.08.2026 во 11:15 часот на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.И.(26) од Скопје. При сообраќајна контрола  полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал возилото возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.08.2026 во 11:25 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(57) од Скопје, вработен во акционерско друштво на подрачјето на Чаир во Скопје, пријави дека во периодот од 13:30 часот на 17.08.2026 до 07:10 часот на 19.08.2026 од шкафот во соблекувална му биле одземени пари во разни апоени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.Б.(46) и А.Л.(30), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 11.08.2026 на локален пат кај кичевското село Србјани, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, во кое двајцата се превезувале, при што И.Б. фрлил кокаин од прозорец кој е пронајден. Исто така, при преглед над нив бил пронајден и одземен кокаин.

 

На 19.08.2026 во  17:10  часот  на ул.„Никола Карев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Ш.(28) од с.Танушевци, скопско. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал возилото возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.08.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од скопско пријави дека во неколку наврати била физички нападната од нејзиниот партнер А.Д.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ј.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во текот на јули оваа година, пријавениот бесправно оградил повеќе катастарски парцели во населба „Коњско“ во државна сопственост, со што го оневозможил нормалното движење на граѓаните.

 

На 19.08.2026 околу 18:30 часот во СВР Скопје, С.А.(24) од с.Арачиново, скопско и неговиот другар Б.Ј.(21) од Скопје пријавиле дека околу 13:50 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, биле физички нападнати од неколку лица кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.08.2026 во 13:00 часот на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.А.(25) од Скопје. При сообраќајна контрола  полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.М.(23) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 03.06.2026 пријавениот измамил жена од Пробиштип за сума од 2.500 евра, претставувајќи се како лекар, кој наводно требало да направи интервенција на нејзината внука за лажна тешка телесна повреда при пад.

 

На 20.08.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред казино на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, М.З.(24) од с.Ракотинци, скопско, се обидел да влезе во казиното иако имал забрана за влегување, по што почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон вработените, по што бил физички нападнат од Г.В.(47) од Скопје, вработен како обезбедување во казиното. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста’’  и ,,неизвршување на судска одлука“. На 14.08.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал неговата сопруга и неговата ќерка и на тој начин постапил спротивно на издадено судско решение за привремени мерки за заштита од семејно насилство.

 

На 19.08.2026 во 15:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Костурски Херои“ во Скопје, во кој никој не живее, а е сопственост на С.А.М. од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.

Мени за пристапност