Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 19.08.2026

Извадок на дел од дневните настани 19.08.2026

                 

На 18.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.М.(22) од општина Сарај, И.Д.(40), О.И.(31) и 16-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 18.08.2026 во 17:45 часот на пат Прилеп-Македонски Брод, кај с.Мажучиште, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Ќ.(26) од с.Црничиште, општина Долнени. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „ауди", управувано од И.Ќ., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.08.2026 во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Падалиште, во с.Лакавица, 29-годишниот М.В. од с.Страјане, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, М.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

 

На 18.08.2026 во 14:40 часот на ул.„Ристо Секирчанец" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.Д.(41) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Д., при што било констатирано дека не поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.   

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.Е.(20) од с.Жировница, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.08.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен хашиш.

 

На 18.08.2026 во 15:39 часот на ул.„Македонска фаланга" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода  Ј.Н.(48)  од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки управуван од Ј.Н., при што било констатирано било дека го управувал  под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,23 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува   соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ф.А.(42) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено   кривично дело „насилство врз дете“. На 27.07.2026 на место викано „Парк Езерце”, пријавениот извршил физичко и психичко насилство врз малолетно дете.

 

На 18.08.2026 во 09:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.К.(32) од Скопје. При сообраќајна контрола на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Т.К. го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.П. и Г.М. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. На 04.06.2026 во Велес, првопријавениот пронашол платежна картичка и ја предал на второпријавениот, кој ја употребил за плаќање на артикли на повеќе продажни места.

 

На 18.08.2026 во 14:00 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје  лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 19.08.2026 во 00:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода М.Д.(21) од Кавадарци. Во негова близина била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, за која М.Д. потврдил дека ја оставил кога ги забележал полициските службеници. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека М.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,97 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Ноќеска (19.08.2026) во 01:20 часот во Полициската станица Гевгелија е приведен А.М.(28) од Струмица. Тој бил баран по потерница поради бегство од затвор, каде издржувал затворска казна во траење од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување уште 10 месеци. Лицето е спроведено во Казнено поправна установа „Затвор Идризово“ за доиздржување на казната.

 

На 18.08.2026 во периодот од 11:30 до 21:05 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, спровеле акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар, сопственост на Ќ.М.(64) од Гостивар. При контролата, поради непријавување односно немање соодветно обележје (жиг) на златото, Државниот пазарен инспекторат од вработениот З.М.(59) одзеде еден килограм и 327 грама златен накит, со проценета вредност од околу 86.959 евра за понатамошна постапка која ќе ја води Државниот пазарен инспекторат.

 

На 18.08.2026 во 16:05 часот во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Б.С.(59) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кој го управувал Б.С. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.08.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски“ во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за расчистување на случајот.

 

На 18.08.2026 во 09:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш лишија од слобода 43-годишна радовишанка затоа што околу 05:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна мајка.  Таа е спроведена во здравствена установа, а за настанот е запознаен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 18.08.2026 во 09:15 часот кај место викано Бунец, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го лишија од слобода Б.А.(47) од с.Дуф. При сообраќакна контрола било утврдено дека управувал товарно моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик.

 

На 18.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.З.(47) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот 23- годишен син и агресивно се однесувал кон неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 18.08.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.М.(61) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При акциска контрола во златарница на ул.„Илинденска“ во Тетово биле пронајдени 169 куршуми калибар 9x19 мм. Лицето е  задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.08.2026 во 02:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(19) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот 45-годишен татко. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 18.08.2026 во 12:55 часот во с.Топлица, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Б.М.(34) од с.Топлица поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба" во обид. Според пријавеното, претходно во текот на денот тој со употреба на сила и погоден алат ја отворил влезната врата и влегол во спортска обложувалница на улица ,,Браќа Ѓиновски", но откако с евклучил алармот го напуштил местото. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Ноќеска (19.08.2026) во 01:11 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 43-годишен жител на валандовско село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 18.08.2026 во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар на кровна конструкција на две споени куќи, сопственост на Г.К.(52) и 80-годишната Л.Ц.Т., двајцата од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 На 18.08.2026 во 22:15 часот во СВР Скопје, А.С. од Скопје пријавил дека околу 17:00 часот на подрачјето на Гази Баба, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од М.„Н“.  Според пријавеното, сторителот ѝ претходно го напаѓал малолетникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.08.2026 во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на населба Ќерамидница во Скопје починал Т.Б.(82) во Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

 

На 18.08.2026 во 19:40 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција од ОВР Струга го лишија од слобода А.И.(21) од тетовското село Синичане затоа што при преглед кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.08.2026 во СВР Штип, 46-годишна жена од Штип пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер С.В. од Штип, кој употребил тврд предмет и оштетил дел од покуќнината. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.С.(32) од Охрид и против правен субјект, чиј сопственик е тој, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“. Е.С. преку правниот субјект, работно ангажирал 21 годишно лице од Охрид без да склучи договор за работа, односно без да заснова работен однос во правното лице.  Со тоа,  Е.С. преку правниот субјект свесно ги прекршил одредбите од член 166  од Кривичниот законик и не се придржувал кон прописите и колективниот договор за засновање на работен однос.   

 

На 18.08.2026 во 15:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Џ.Т.(35) од Охрид, постпаувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувал кон членови на семејството, по што физички го нападнал Т.О.(33) од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.08.2026 во 18:10 часот, на улица „Влашки пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 15-годишник од Кичево. Претходно, тој управувал мопед со кичевски регистарски ознаки без положен соодветен возачки испит и удрил во велосипед кој го управувал А.А.(68) од кичевското село Црвевци, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

На 18.08.2026 во 12:40 часот во ОВР Дебар е пријавено дека Б.А.(26) од Дебар агресивно се однесувал кон неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.08.2026 во 12:04 часот во СВР Скопје, Љ.П.(71) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила ѝ го одзел мобилниот телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 18.08.2026 во 17:15 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода А.Ј.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 63-годишен татко дека околу 16:00 часот во семејниот дом со остар предмет му упатил закани и искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.08.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, М.М.(54) од Скопје пријавила дека на 17.08.2026 околу 21:30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.08.2026 во СВР Скопје, Х.В.(30) од Скопје, сопственик на продажен објект, пријави дека на 17.08.2026 околу 23:18 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица одзеле производи од објектот, од кои едниот физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.08.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, П.Ј.(19) од Србија пријави дека во периодот од октомври 2024 до јули 2026 година од гробното место во Бутел била одземена бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.08.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, А.М.(37) од с.Љубанци, скопско пријави дека околу 20:15 часот во маркет на подрачјето на Чаир во Скопје, додека извршувал работни задачи, едно лице му упатило закани по животот и му го скинал беџот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.08.2026 во 02:10 часот во СВР Скопје, Џ.Р.(33) од с.Батинци, скопско, пријави дека на 18.08.2026 околу 22:00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.08.2026 во 12:10 часот во СВР Скопје, С.Н.(43) од Скопје пријави дека на 16.08.2026 околу 19:30 часот на игралиште на подрачјето на Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.08.2026 во 19:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 18:45 часот на плац во нас.Сингелиќ во Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.И.(28) и неговиот малолетен син од една страна и Ф.С.(28) и Б.С.(66) од друга стана, сите од с.Сингелиќ, скопско, при што бил употребен кундак од пиштол и метален предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Мени за пристапност