Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 18.08.2026

Извадок на дел од дневните настани 18.08.2026

                 

Денеска (18.08.2026) во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје затоа што кај него  била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.   

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против И.Б.(43) и А.Л.(29), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.08.2026 на локалниот пат во с.Србјани-Кичево, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „пежо“ во кое биле проијавените, при што кај нив бил пронајден и одземен кокаин.

 

Денеска (18.08.2026) во 01:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје  ја лишија од слобода 30-годишната Е.Т. од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Горноврановска“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Е.Т. го управувала пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 17.08.2026 во 10:20 часот во Полициското одделение Новаци, Љ.М.(50) од с.Логоварди, раководител на обезбедување во РЕК Битола, пријавил дека во рудник „Суводол“ била пронајдена граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 125 мм која потекнува од Првата светска војна.

 

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Т.С.(45) од с.Дебреше, гостиварско,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 12.08.2026 во с.Дебреше, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.    

 

На 17.08.2026 во 22:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија   од слобода И.Џ.(34) од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека И.Џ. го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 17.08.2026 во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од с.Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во И.Љ.(67) од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Љ., додека со телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Е.И.(19) од с.Слатино, констатирани во болницата во Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.П.(28) од село Ново Село, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.09.2025, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Струмица извршиле претрес на две локации каде живеел пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, масло од хашиш, стебло канабис и семки од канабис.

 

На 17.08.2026 во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.И.(33) од с.Грчец, скопско. При сообраќајна контрола на патот с.Крушопек - с.Грчец, скопско, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“  со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека И.И. го управувал возилото нерегистрирано и пред да се стекне со право за управување на возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 17.08.2026 во 17:05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.З.(36) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Димитар Влахов“ во Велес било сопрено патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал со забрана за управување возило од Б категорија. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.08.2026 околу 01:10 часот во СВР Скопје, Г.Х.(50) од Скопје пријави дека околу 00:30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од А.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.08.2026 во 22:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода З.Б.(52) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот со остар предмет се заканувал на неговата 45-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 17.08.2026 во 23:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со закана со остар предмет одзел пари од вработената. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 08.08.2026 во семејниот дом, пријавената упатила закани кон нејзиниот сопруг и нивните деца.   

 

На 17.08.2026 во 18:40 часот на локалниот пат во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода Е.И. (19) од село Требиште. При контрола на четирицикл со германски национални ознаки, било утврдено дека го управувало без возачка дозвола, односно пред да се стекне со право на управување. Четирициклот е одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 18.08.2026 околу 01:30 часот во СВР Скопје, Х.В.(30) од Скопје пријави дека на 17.08.2026 околу 23:20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, две лица од продажен објект одзеле производи, а откако се обидел да ги спречи, едното лице физички го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.08.2026 во 00:10 часот во неготинско село, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Ш.(25) од истото село. Според пријавеното, Д.Ш., кој имал здравствени проблеми, со остар предмет се заканувал и ја нападнал неговата 62-годишна мајка, но не ја повредил. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 17.08.2026 во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава дека на 16.08.2026 во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.08.2026 во 05:30 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Ј.(20) од село Дебреше, гостиварско. При сообраќајна контрола било утврдено дека тој управувал патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 17.08.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Д.В.(59) од Скопје пријави дека, додека управувал автобус на ЈСП, пред влез на с.Цветово, скопско, забележал чад од предниот дел на автобусот, по што застанал и со противпожарен апарат го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 17.08.2026 во 20:00 часот во  СВР Охрид, 43-годишна жена од Скопје, со престој во Охрид, пријави дека на 16.08.2026 околу 22:30 часот во нејзиниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг В.Д., со кого не живееле заедно. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 17.08.2026 во 11:45 часот во СВР Скопје, А.С.(53) пријавил дека на 16.08.2026 околу 19:00 часот во с.Волково, скопско, неговиот сосед Т.Б.(48) со остар предмет упатувал закани кон него и неговото семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.К.(50) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. На 02.08.2026, пријавениот не ги почитувал мерките од Решението од Основен суд Берово, односно ја прекршил забраната да контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира со неговата сопруга.

 

На 17.08.2026 во 19:05 часот во струшко, полициски службеници го лишија од слобода Л.Н.(22) од струшко, со престој во Германија, постапувајќи по претходна пријава од негов 43-годишен роднина од струшко дека околу 16:40 часот во угостителки објект во Струга му се заканувал и го туркал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 17.08.2026 околу 10:10 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Г.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека турнал скала на која бил еден вработен на ЕВН Македонија, а потоа физички и со тврд предмет нападнал друг вработен во ЕВН додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.    

 

На 18.08.2026 во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.С.(25) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 48-годишна жена дека извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка со која биле во љубовна врска. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ по член 188 од Кривичниот законик.   

 

На 17.08.2026 во с.Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.С.(57), С.С.(22), М.С.(22), Р.С.(23), Н.С.(48), И.М.(41), Д.М.(21) и двајца малолетници, сите од с.Батинци, постапувајќи по претходна пријава дека меѓусебно едни кон други фрлале камења, при што било оштетено и полициско возило. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.            

Мени за пристапност