Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 17.08.2026

Извадок на дел од дневните настани 17.08.2026

   

                 

На 16/17.08.2026 во Скопје,  на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.К.(29), Ф.И.(27), И.Д.(33), Н.З.(18), сите од Скопје, како и 16-годишник од с.Огњанци, скопско, К.И.(28) од с.Јурумлери, скопско, Н.М.(40) од населба Гоце Делчев, скопско и  З.Ш. (37) од Германија, со престој во Штип, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста и бела прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(34) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 31.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка, по што од нејзината чанта одзел пари и клучеви од возило.

 

На 16.08.2026 околу 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, во атар на с.Ласкарци, скопско, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(23) од с.Палатица, тетовско, удрило во ограда и излетлао од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се здобил соаптникот Е.К.(20), сите од с.Палатица, констатирани во Ургенетен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“. Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.А.(52) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 02.08.2026 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.

 

На 16.08.2026 во 05:56 часот во ОВР Ресен било пријавено дека околу 05:37 часот на ул.„Корчуланска“ во Ресен, патничко возило „шевролет“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 66-годишната Л.С. од с.Стење, ресенско, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.С. и нејзината 71-годишна сопатничка Р.Д. од Ресен, констатирани во Клиничка болница Битола. Известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Ресен.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ.(25) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „насилство врз дете“. На 07.08.2026 во Делчево, пријавениот физички ја нападнал неговата партнерка, по што преку социјална мрежа ѝ упатувал закани.   

 

На 16.08.2026 во 23:00 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на патот Зрновци-Пониква, во близина на место викано „Компосара“, мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Ј.Ј.(18) од с.Тркање, кочанско, се превртел на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кочани. Известен е јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.М.(35) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 11.08.2026 на автопатот Гевгелија-Неготино, на наплатна станица Демир Капија, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „шкода“, кое го управувал пријавениот, при што во возилото биле пронајдени четири лица - мигранти.

 

На 16.08.2026 во 21:10 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека на локален пат Пехчево - туристичка населба „Равна река“, патничко возило „опел“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(34), излетало од патот.  Во несреќата со повреди се здобиле возачот и неговите сопатници М.Б.(40), О.Д., А.С.(35) и Н.С.(52) , констатирани во Општа болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

 

На 16.08.2026 околу 16:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Р.М.(27) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 27-годишен зет за сестра од Кичево и му се заканувал со остар предмет. Остриот предмет бил пронајден, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање нас лучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 17.08.2026 во 01:50 часот во СВР Скопје, М.Ш.(26) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.Т.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 17.06.2026 на магистралниот пат Кичево-Охрид, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, од која претходно му овозможил да користи на неговиот сопатник.

 

На 16.08.2026 во 20:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 65-годишен жител на селото. Според пријавеното, денеска тој во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 64-годишна сопруга и физички ја нападнал. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ и против А.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.07.2026, првопријавената, вработена во Општинската јавна установа за деца - градинка во Берово, згазнала на прст од рака на малолетно дете во градинката. Додека, второпријавениот, во истата установа упатувал закани на првопријавената.

 

На 16.08.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, А.С.(70) од с.Трубарево, скопско, пријавил дека околу 18:00 часот во с.Трубарево бил физички нападнат од Е.„Н“ и уште три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.08.2026 во 22:45 часот во ОВР Гостивар, 52-годишна жена од Гостивар пријавила дека нејзиниот син В.Д., со кого не живеат во исто домаќинство, во текот на денот телефонски ѝ упатувал закани, а претходно неколку пати физички ја напаѓал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.08.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(33) од Скопје пријавил дека на 15.08.2026 на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.08.2026 во 17:15 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.П.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 41-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

 

На 16.08.2026 во 20:30 часот во СВР Битола, А.С.С.(35), параглајдерист од Полска пријавил дека слетал на непознат терен над с.Стровија, долго пешачел, дека е изморен, но не и повреден. На 17.08.2026 околу 03.00 часот на непристапен терен на планината Даутица, полициски службеници од Полициското одделение Ропотови и од Полициската станица Прилеп го пронашле А.С.С. во добра здравствена состојба и е пренесен во местото каде престојува.

 

На 16.08.2026 околу 20:00 часот во СВР Скопје И.М.(41) пријави дека во двор од неговата куќа во с.Батинци, скопско, бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С., по што Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезна врата, а С.С. со остар предмет им нанел расекотина на пријавителот и неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против тројца 15-годишници, сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение „предизвикување општа опасност“. На 21.03.2026, пријавените пред маркет во Свети Николе предизвикале пожар.

 

На 16.08.2026 во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.О.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговиот 40-годишен внук и се обидел да го нападне со тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.08.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 14.08.2026, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, таа ѝ кажала дека била удрена од негователка, односно дека ја стиснала за ногата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Мени за пристапност