Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Н.И.(47) од делчевско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“, „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“. На 16.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка и ѝ упатувал закани, со што постапил спротивно на решението од Основен суд Делчево, со кое му е изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Д.Р.(73) од Валандово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и муниција“ и „фалсификување на огнено оружје“. На 24.03.2026, по извршени проверки, констатирано е дека пријавениот има дозвола за поседување и носење на оружје за пиштол „Црвена Застава“ калибар 9мм и пушка „ТОЗ“ калибар 12мм, оружје за кое било издадено решение за привремено одземање, но истиот не го предал. При извршен претрес во неговиот дом, наведеното оружје и два пиштоли „Екол Туна“ биле пронајдени, и било констатирано дека врз нив е извршена дополнителна механичка интервенција - поставување на нежлебана цевка, со што е овозможено истрелување на боева муниција, како и 45 парчиња муниција.
На 15.08.2026 година во 12:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – Скопје, кај с. Желино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“, управувано од М.С.(33) од с. Требош, и пешак З.Е.(63) од с. Желино. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
На 15.08.2026 година во ОВР Крива Паланка, 61-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.08.2026 година полициски службеници од ПО Попова Шапка ги лишиле од слобода И.И.(34) и М.И.(29), двајцата од Скопје, поради тоа што истиот ден околу 17:50 часот во угостителски објект на регионален пат Тетово – Попова Шапка физички ги нападнале вработените Г.А.(50) од с. Лисец, кој се здобил со тешки телесни повреди, и Б.Ј.(47) од Тетово, кој се здобил со телесни повреди. По консултација со јавен обвинител, лицата се задржани за понатамошна постапка, а на местото на настанот е извршен увид од страна на екипа од СВР Тетово.
На 15.08.2026 година во 16:30 часот полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Ј.Н.(45) од с. Боговиње поради тоа што истиот ден во дворот од семејната куќа во с. Боговиње физички ја нападнал својата 34-годишна снаа, при што ѝ нанел телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 15.08.2026 година во 23:20 часот, полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Д.(37) од Гостивар поради тоа што околу 23:20 часот влегол во домот на неговата 32 годишна девојка, вербално ја нападнал, а потоа ѝ го одзел и искршил мобилниот телефон. Набрзо потоа, пред зградата и физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ телесни повреди констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 16.08.2026 година полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Т.(45) од Гостивар. По претходна пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, кај него се измерени 1,01 промил алкохол во крвта. Во текот на вечерта, сопругата дополнително пријавила дека истиот подолг период под дејство на алкохол ја принудувал на сексуални односи, вршел психичко и физичко малтретирање врз неа и децата. Врз основа на тоа, во 23:55 часот бил извршен претрес во домот на И.Т., при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривично дело. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 15.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Л.(22), Д.М.(51) и 17-годишник сите од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 15.08.2026 во 21:00 на магистрален пат Струмица-Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.М.(25) од Струмица. При вршење на преглед на патничко возило „поло“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Д.М., тој од возилото извадил и предал пакување со марихуана и четири таблети екстази. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.08.2026 во 23:10 часот, на брана „Топлик“ Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Р.И.(44) од Гевгелија. При преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ноќеска (16.08.2026) во 00:50 часот, на брана „Топлик“ Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.А.(44) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.А. биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ноќеска (16.08.2026) во 00:18 часот во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 42-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека на 15.08.2026 околу 21:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.08.2026 во 22.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода С.Р.(28), Џ.М.(24), Т.В.(27) сите од Битола и М.С.(21) од Кичево затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 15.08.2026 околу 20:30 часот Полициската станица Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Н.(59) од Скопје по претходна пријава дека околу 16:30 часот во домот физички ги нападнал неговата 58-годишна сопруга и нејзината 78-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.08.2026 во 02:25 часот во СВР Скопје М.С.(51) од Скопје пријави дека на 15.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на Гази Баба неговиот малолетен син бил физички нападнат од малолетник и малолетничка кои ги познавал, а потоа околу 22:00 часот во Градскиот парк во Скопје истите малолетници заедно со уште едно лице повторно физички го нападнале и му се заканиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.08.2026 во 05:55 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ш.С.(41) од Скопје по претходна пријава дека околу 02:45 часот во домот физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.08.2026 во 23:15 часот во СВР Скопје Д.П.(33) пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Ј.П.(38) двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.08.2026 во 20:45 часот во СВР Скопје С.Ј.(39) од Скопје пријави дека во близина на неговата куќа на подрачјето на Драчево пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.08.2026 во 21:10 часот во СВР Скопје Ј.А.(35) од с.Студеничани, скопско пријави дека од заталкано зрно од огнено оружје бил оштетен панелот со која била покриена гаражата во нејзиниот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.08.2026 во 17.09 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп кај место викано “Петилеп” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘бмв” со српски национални ознаки, управувано од Б.С.(46) од Белград и патничко возило “опел” со битолски регистарски ознаки управувано од З.М.(48) од с. Свето Тодори, Општина Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С. и неговите сопатници К.С.(46) и 15 годишен малолетник двајцата од Белград, констатирани во Клиничка болница Битола. Додека пак, другиот возач и неговиот сопатник М.В.(31) од Битола се здобиле со телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола.
На 15.08.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Инџиково, скопско по претходно меѓусебно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(31) од с.Инџиково, скопско од една страна и А.В.(28) од с.Инџиково, скопско и К.З.(23) од с.Јурумлери, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.08.2026 околу 19:45 часот во Скопје на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.А.(20) од Скопје по претходна пријава дека во спортска обложувалница со закана со остар предмет се обидел да одземе пари од вработената. По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ по чл.237 вв.19 од Кривичниот законик.
На 16.08.2026 околу 02:35 часот во СВР Скопје К.Б.(70) од Скопје пријави дека во с.Бардовци,скопско кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата, бил скршен прозорец, потоа оштетено било патничко возило, портата и друго. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.