Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 15.08.2026

Извадок на дел од дневните настани 15.08.2026

На 14.08.2026 во 06:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Велес, поточно во с. Трубарево, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  41-годишната Б.Ј. и велосипед, управуван од В.Д.(70) двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот,  констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 14.08.2026 во 12:12 часот во ОВР Виница било пријавено дека околу 11:40 часот на    делницата од с. Истибања кон брана Калиманци, на место викано „Драка“,  мотоцикл со делчевски регистарски ознаки, управуван од О.Ш.(18) од Делчево излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Ѓ.Е.(24) од с. Тработивиште, делчевско, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Виница.

 

На 14.08.2026 во 16:35 часот во OВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.И.(44) од Охрид и патничко возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди од возилото „хјундаи“ се здобил возачот А.И., а со телесни повреди се здобиле неговите сопатници 44-годишната С.И., У.И.(24) и 15-годишник, сите од Охрид и 27-годишната А.С.И. од Германија. Додека пак, другиот возач Д.М. исто така се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Струга.

 

На 14.08.2026 во 10:30 часот  СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.Ј. од с.Шишево, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.А.,  констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.Т.(48) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во јули 2021 година, пријавениот измамил едно лице од кого набавил 2.580 тони сливи и до моментот на пријавување не ги платил со што се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н.(18) од Куманово и 16-годишник лице од Република Австрија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа”. На 26.07.2026 на објектот каде е сместено едно Културно- уметничко друштво во Куманово, пријавените испишале графити со навредлива содржина.   

 

На 14.08.2026 во Скопје,  на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.С.(66) и К.Р.(29) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Денеска (15.08.2026) во 00:35 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Н.К.(40) од Косово, затоа што при гранична контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“. Лицето е предадено во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода ја лишиле Т.Д.(34) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна свекрва.  По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 14.08.2026 на различни локации во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две лица, С.Ј.(23) од Р. Србија и Т.Г.(25) од Скопје, затоа што кај едното лице е пронајдена бела прашкаста материја додека другото лице е затекнато додека конзумира марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 14.08.2026 во 00:00 часот во ОВР Кочани, лекарка од Итна медицинска помош Кочани,  пријавила дека на 13.08.2026 околу 19:15 часот по добиен  повик од Ф.А (55) од с. Уларци, општина Чешиново – Облешево, екипата од Итната медицинска помош се упатиле во неговиот дом за укажување лекарска помош на неговата мајка, но според пријавеното, на местото на настанот било констатирано дека повикот бил злоупотребен од Ф.А. , кој се однесувал недолично ѝ им упатувал закани на истите. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 14.08.2026 во 20:20 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.И.(51) од Гевгелија. Тој околу 20:15 часот во Гевгелија агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи, а во еден момент и физички нападнал еден од нив. Тој бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а од извршеното алкотестирање е утврдено дека бил под дејство на алкохол односно му биле измерени 1.69 промили алкохол во крвта. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против Д.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 14.08.2026 во 19:50 часот, на брана „Топлик“ Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.А.(30) од Гевгелија. При преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 14.08.2026 во 22:30 часот, во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода К.Ч.(35) и М.П.(36), двајцата од Струмица. При преглед на патничко возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Ч., во кое сопатник била М.П. е пронајдена марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесена кривична пријава против лицата В.К.(53) од Тетово и Ј.А.(27) од с.Цветово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“. На 28.03.2026,  првопријавениот  како одговорен на правно лице, го ангажирал второпријавениот со градежна машина-багер при  извршување градежни работи на надвозник над ул. „Маршал Тито“ во Тетово. Тој при ископот откинал оптички кабел во сопственост на Министерство за внатрешни работи.  

 

На 14.08.2026 во 22:00 часот полициски службеници од Полициска канцеларија Демир капија, го лишија од слобода Г.С.(46) од демиркаписко село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот и се заканувал на неговата 41-годишна сопруга, физички го нападнал неговиот 23-годишен син и кршел покуќнина.  За настанот бил известен јавен обвинител, тој бил спроведен во здравствена установа и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.08.2026 година во 14:15 часот, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода И.Д.(44) од Тетово. Постапувајќи по претходна пријава од неговата 41- годишна сопруга, дека по вербална расправија физички ја нападнал при што и упатил и вербални закани. Пријавителката се здобила со телесни повреди но истиот и оневозможил да побара лекарска помош. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.08.2026 година во 15:15 часот, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода лицето М.Р. (50) од Тетово. Тој бил пријавен од неговата 51 годишна сопруга и неговата ќерка, дека по расправија со три непознати лица во дворот, М.Р. физички ја нападнал сопругата и им упатил вербални закани доколку го пријават во полиција. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.08.2026 година во 23:00 часот, на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода Ш.И. (52) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот син А.И.(26), кој пријавил дека истиот му упатил вербални закани со остар предмет. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.08.2026 година во 04:05 часот, на ул. „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар ги лишиле од слобода Љ.С. (46) и Р.Д. (43), двајцата од с. Чегране. При преглед на возило „голф“, управувано од Љ.С., под совозачкото седиште била пронајдена кеса со бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.08.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје било пријавено дека околу 21:30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нивниот 16-годишен штитеник бил физички нападнат од две лица, кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (15.08.2026) во 03:33 часот во СВР Скопје, М.Д.О.(36) од Турција пријави дека во 03:30 часот пред ноќен клуб во Градски парк Скопје бил физички нападнат од две лица од обезбедувањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (15.08.2026) во 00:30 часот во СВР Скопје, А.С. од Косово, пријави дека на 14.08.2026 околу 19:00 часот на паркинг простор на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање околу должничко доверителски односи, бил физички нападнат од Ш.Б. (32) од Скопје, употребувајќи тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

Во СВР Скопје на 13.08.2026  во 13:30 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за околу 200.000 денари. Според пријавеното, во месец јули 2026 пријавителката била телефонски контактирана од едно женско лице, кое ѝ понудило каско осигурување за нејзиното патничко возило, а дека за возврат ќе добие поголема сума, поточно премија. Откако, пријавителката во неколку наврати ја платила целата сума, а не добила активно каско осигурување сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.08.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом, по претходна вербална расправија била физички нападната од нејзината 75-годишна мајка, која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

              

Денеска (15.08.2026) во 01:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од скопско, општина Гази Баба пријави дека околу 19:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.С.(42) од Скопје. Според пријавеното, таа ѝ претходно била психички и физички малтретирана. Полициски службеници извршиле службен разговор со Е.С. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 14.08.2026 во 20:20 часот во СВР Скопје, Ј.М.(79) од Скопје пријавила дека на 13.08.2026 околу 17:50 часот пред продажно место на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на физичка сила ја турнало на земја и ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 14.08.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање околу домашен миленик - куче, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.К.(67) и А.Н.(27) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. 

 

На 14.08.2026 во 22:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Л.М.(23), Е.А.(20), А.М.(19) и Н.Т.(18), постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Шуто Оризари, насилно ѝ дале марихуана на малолетничка. Откако малолетничката кажала во семејниот дом, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу приведените лица, од една страна, и А.Ф.(42), З.Р.(38), А.Н.(23) и А.Р.(19), сите од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 14.08.2026  во 12:00 часот во СВР Скопје, Б.Б.(35) од Скопје, пријавил дека на 13.08.2026 околу 21:30 часот на игралиште на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници. Откако пристигнале нејзините родители на местото на настанот, малолетниците се разбегале во двор од куќа на сосетка, каде пријавителот ги задржал малолетниците, но потоа истиот бил физички нападнат од Б.Ц.(46) од Скопје – татко на еден од малолетниците. Додека пак, Б.Ц. пријавил дека околу 22:00 часот во двор од куќа во Кисела Вода, неговиот малолетен син и неговиот другар биле физички нападнати од Б.Б. , кои претходно еден од малолетниците ненамерно  удрил малолетничка со пластично шише. Исто така, А.Х.(45) од Скопје пријавил дека на 13.08.2026 околу 22:15 часот во Кисела Вода,  неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.Б. По преземени мерки СВР Скопје ги расчисти пријавните настани. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Мени за пристапност