Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 14.08.2026

Извадок на дел од дневните настани 14.08.2026

 

На 13/14.08.2026 во Скопје,  на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј.(37) и 15-годишна девојка, двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 13.08.2026 во 18:40 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.С.(24) од Чешка. При преглед и контрола во неговиот личен багаж биле пронајдени и одземени повеќе пакување со бела материја.

Лицето и пакувањата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и З.Х.(37) од  с.Вешала, тетовско, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. При спроведена акциска контрола кај правното лице, во присуство на второпријавениот, било констатирано дека вршеле дејност на издавање на теренски возила АТВ мотори без претходен договор за наем со клиентите.    

 

На 13.08.2026 во 17:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 18-годишник од с.Цветово, скопско. При сообраќајна контрола на ул. „Иван Хаџи Николов“, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека лицето го управувало возилото пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Н.М.(51) од делчевско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 01.07.2026 во делчевско, пријавената упатувала закани на С.Н. и се обидела да ја удри со метален предмет.    

 

На 14.08.2026 во 02:55 часот во угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.Б.(32) од Австрија затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање нас лучајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.08.2026 во 14:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Јабланица“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(20) од с.Калишта, струшко и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.  Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Охрид. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(46) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 10.08.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга на нејзиното работно место во угостителски објект во Гостивар, а притоа ѝ упатил и закани за нејзиниот татко.

 

На 13.08.2026 во 00:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на бул.„Александар Македонски“, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

На 13.08.2026 во 07:50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево - Гостивар, во близина на с.Колари, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(56) од Скопје и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната Л.К. од с.Попоец, кичевско. Во несреќата, од патничкото возило со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Р.Г.(39) од с.Другово, кичевско, а со телесни повреди се здобиле Л.К. и другиот сопатник Г.Г.(74) од с.Другово, констатирани во Медицински центар Кичево. Известен е јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.    

 

На 13.08.2026 во 13:45 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода О.С.(37) од Скопје. Претходно, 62-годишен скопјанец пријавил дека најпрвин во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра за наводно посредување на царинска документација за внес на патничко возило од странска земја, по што почнал да го избегнува оштетениот. Откако увидел дека е измамен ги побарал парите што му ги дал, по што О.С. физички го нападнал и во неколку наврати му упатувал закани. По целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава.

 

На 13.08.2026 во 21:15 часот на Граничен премин-Меѓународен аеродром Скопје“ ,полициски службеници го приведоа А.И.(26) од с. Гургурница, тетовско, кој бил со судска наредба за издржување казна затвор. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на  казната.

 

На 13.08.2026 во 23:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода М.Д.(27) и Џ.И.(27), двајцата од село Банско, струмичко, затоа што при преглед кај нив, кај Џ.И. била пронајдена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 14.08.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје, 60-годишна жена пријави дека на 13.08.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот син М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.08.2026, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода М.З.(61) од с.Желино. Тој бил затекнат како пали оган на сува површина на сопствен имот во близина на регионалниот пат Тетово – с.Групчин. Огнот бил изгаснат од сопственик. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 13.08.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, А.А.(49) била физички нападната од К.И.(24), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 13.08.2026 во 23:20 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.С.(43) и С.М.(42), двајцата од Тетово. При преглед во возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од А.С. , а сопатник бил С.М.(42) била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.08.2026 во 18:50 часот во СВР Скопје, Б.П.(42) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на влез во државна институција, каде е вработена како обезбедување, била физички нападната од Е.П.(48) од Скопје, која. исто така, агресивно се однесувала и кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.08.2026 во 11:56 часот во СВР Тетово, 44-годишна жена од тетовско село пријавила дека нејзиниот сопруг А.Ј.(46), со кого е во бракоразводна постапка, подолго време ја следел на нејзиното работно место, при нејзини посети на родителите, и ѝ го ограничувал движењето. Според пријавеното, по покренување на тужбата за развод, почнала да добива и заканувачки пораки од лажни профили на социјални мрежи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.08.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Н.(50) и В.Н.(46) од Скопје, кои употребиле ѝ тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 13.08.2026 во 19:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Џ.М.(76) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал во домот и се заканувал на неговата ќерка и неговиот внук, при што употребил и остар предмет. Остриот предмет бил пронајден и одземен, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.08.2026 во 20:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 19:30 часот во с.Идризово, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.Е.(44) и А.Ч.(18), двајцата од с.Идризово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 13.08.2026 во 23:30 часот во Полициското одделение Чегране, 27-годишник од гостиварско пријавил дека околу 15:20 часот во дворот од семејната куќа, поради нерасчистени имотно-правни односи, бил физички нападнат од неговите стриковци Ј.А. и Ф.А., кои употребиле и остри предмети, по што влегле и во куќата каде физички го нападнале и неговиот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.06.2026 во 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во казино на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.А.Г.(47) од Турција и Н.М.(47) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.08.2026 во СВР Тетово е пријавено дека во 12:45 часот на бул.„Благоја Тоска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даихатсу“ со тетовски регистарски таблички, управувано од М.М. од Тетово и велосипед управувано од Р.И. (60) од Тетово. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка Болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

 

На 13.08.2026 во СВР Охрид бил извршен службен разговор со Н.Ч.(49) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во последно време, откако ја завршиле бракоразводната постапка, агресивно се однесувал во домот и се заканувал на неговата 39-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.08.2026 во 20:00 часот во с.Марино, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(20) од населба Илинден, скопско. При сообраќајна контрола на ул.„532“, полициски службеници сопреле мопед,  при што било констатирано дека М.С. го управувал мопедот пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.  

 

На 13.08.2026 во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.И.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „демнење“. Тој бил пријавен од неговата 20-годишна поранешна вонбрачна сопруга од Тетово дека подолго време вршел физичко насилство и ѝ упатувал закани по животот. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.08.2026 во 15:00 часот на ул„Пере Тошев“  во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ч.К.(35) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.08.2026 во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(38) од кумановско село затоа што физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.   

 

На 13.08.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Гази Баба, едно лице со закана со остар предмет се обидело од вработен да одземе пари, а откако не успеало со остар предмет му нанело повреда на ногата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.08.2026 во 17:00 часот во кочанско село, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода С.А.(36) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

На 13.08.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, М.Г.(45) од Скопје пријави дека околу 15:15 часот на подрачјето на Центар, пред пешачки премин, едно женско лице, кое управувало патничко возило, физички ја нападнало неговата 15-годишна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.                               

 

На 13.08.2026 во  20:45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода П.Д.(53) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул„Тодосија Паунов“ во Кочани, полициските службеници сопреле товарно моторно возило „пежо“, кое го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

На 14.08.2026 во 02:20 часот во ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода З.К.(43) од Тетово затоа што се заканувал на неговата 40-годишна сопруга од ресенско. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 13.08.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, Р.С. пријави дека во с.Визбегово, скопско, пронашол чаура од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.08.2026 во 23:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода В.Н.(40) од Штип. Според пријавеното, подолг период физички и психички ја малтретирал неговата 37-годишна сопруга и ѝ се заканувал. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,69 промили алкохол во крвта. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.08.2026 во 19:30 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(46) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки,  управуван од А.А., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Васко Карангелески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Х.Б.(41) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „мицубиши“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Х.Б., при што било констатирано било дека управува за време на активна мерка забрана, а притоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесe кривична пријава против В.М.(42) од Прилеп и Б.С.(37) од село во општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 14.06.2026 во Тетово, второпријавениот под дејство на алкохол ја напуштил првопријавената со нивното тримесечно бебе на улица, а потоа првопријавената ја превртела количката, при што бебето паднало на асфалтот.  

 

На 13.08.2026 во 19:20 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Б.Б.(38) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.Б., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

               

На 13.08.2026 во 16:15 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.Б.(37) од Прилеп затоа што се заканувал на неговите родители. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 13.08.2026 во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Бардовци, скопско, настанал пожар, при што била опожарена дрвена ограда од куќа сопственост на С.Ј.(58). Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на местото.

 

На 13.08.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена пријави дека околу 04:00 часот во домот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер Ш.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.С.(18) од с.Лески, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување“. На 03.08.2026 во СВР Штип, пријавената лажно пријавила дека во с.Лески на непознато лице со нож му нанела убодни рани.

 

На 13.08.2026 во 15:20 часот полициски службеници од ОВР Неготино извршија службен разговор со М.Д.(28) од село Пепелиште, неготинско. Според пријавеното, тој не го почитувал решението од Основен суд  Кавадарци со кое му се забранува да контактира и да ја вознемирува неговата поранешна 26-годишна сопруга и преку апликација на социјална мрежа и испратил порака. По расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Мени за пристапност