Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 13.08.2026

Извадок на дел од дневните настани 13.08.2026

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.М.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.08.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „бмв“,  управувано од пријавениот, при што кај него, а потоа и при претрес во домот каде престојувал, биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавената, во периодот од 23.10.2025 до 27.10.2025, неовластено искористила банкарска картица, во сопственост на друго лице, односно со неа направила 47 трансакции преку интернет апликација во вкупен износ од 99.751 денари.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А.(78) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 11.06.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел повреда.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Ш.(47) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 01.07.2026 во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет упатувал закани на двајца малолетници.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(44) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 20.05.2026 во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

 

На 12.08.2026 во Скопје,  на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Л.Н.(18) од Скопје, Х.И.(40) од с.Инџиково, скопско и С.А.(31) од Штип, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 12.08.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долно Соње, општина Сопиште, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од П.В.(64) од Скопје, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот П.В., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

 

На 13.08.2026 во 03:25 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода В.Б. (34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 28-годишна партнерка од Скопје. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 12.08.2026 во 11:40 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во населба „Фазанерија“ во Гостивар, мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.С.(50) од с.Долна Бањица, гостиварско, паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.С., констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Д.(50) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 04.08.2026 во семејната куќа, пријавениот упатувал закани на неговата сопруга.

 

На 12.08.2026 во 17:00 часот во ОВР Струга,  64-годишна жена од струшко пријави дека на 11.08.2026 околу 19:00 часот била физички нападната од нејзиниот полубрат О.Ш.. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 12.08.2026 во 15:38 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на локален пат Пробиштип-с.Плешенци, пробиштипско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од П.П.(65) од Пробиштип и патничко возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишната Т.М. од с.Плешенци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.М., сопатник од возилото „шкода“, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Пробиштип.  

 

На 12.08.2026 во 19:15 часот во пробиштипско село, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода О.Н.(61) од Пробиштип. Според пријавеното,  тој околу 18:30 часот пред семејната куќа во селото, се обидел со остар предмет да го нападне неговиот син, но бил спречен од нивен сосед. При преземање мерки било констатирано дека О.Н. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,17 промили алкохол во организмот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против C.A.(41) од Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “. На 08.07.2026 на Граничен премин Деве Баир, на излез од државата, кај пријавениот, кој допатувал со товарно возило и приколка со албански национални ознаки, била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 12.08.2026 во 22:20  часот, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Е.А.(18) од Струга, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 12.08.2026 во 21:10 часот во делчевско село, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.З.(40). Според пријавеното, неколку пати во последниот период во семејниот дом во селото, физички ја напаѓал неговата 59-годишна мајка и ѝ се заканувал, а претходно во текот на денот агресивно се однесувал и ја заклучил во собата. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.В.(50) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 27.10.2025 на бензинска станица во струмичко, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, при што кај две лица била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавиле од пријавениот. Исто така, при извршен претрес во домот на пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.О.(49) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 24.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот 15-годишен син.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против J.A.(27) од Шведска поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.08.2026, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Д.(26) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.08.2026 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му нанел повреди. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.А.(30) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 18 и 19.06.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, и ѝ упатувал закани.

 

На 12.08.2026 во 21:50 часот на ул.„153“ во Тетово, полициски службеници лишија од слобода 16-годишник од Тетово, затоа што кај него била пронајдена  и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено машко лице - давеник. Екипа на Итна медицинска помош констатирала дека лицето починало и дека нема видливи повреди. Притоа, било утврдено дека се работи за Б.Д.(46) од Грузија. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

На 13.08.2026 во 01:30 часот на паркинг пред бензинска пумпа на излезот од Тетово, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.А.(19), А.М.(19) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. При контрола во патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски таблички, во кое се превезувале, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од пријавени кривични дела. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

 

На 12.08.2026 во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа А.Е.(27) од гостиварско село. Според пријавеното, тој со неговиот татко Р.Е. околу 11:30 часот физички нападнале нивен 38-годишен роднина од истото село. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.08.2026 во 02:35 часот во СВР Тетово, 26-годишна девојка од Гостивар пријави дека во гостиварско село била физички нападната и ѝ биле упатени закани од нејзиното поранешно момче У.З. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.08.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје 35-годишна жена пријави дека на 12.08.2026 околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Драчево, физички била нападната од нејзиниот 33-годишен сопруг. Исто така, околу 04:30 часот тој пријавил дека во домот неговата сопруга му упатила закани и физички го нападнала. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.      

 

На 12.08.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, М.М.(21) и Н.П.(20), двајцата од Скопје, пријавија дека на 09.08.2026 околу 00:40 часот на подрачјето на Центар, биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 12.08.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена пријави дека околу 11:00 часот во домот во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг И.И.(50). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.08.2026 во 10:47 часот во СВР Струмица, од Шумско стопанство Гевгелија е пријавено дека на планината Кожуф, додека вработениот Д.Т.(62) од Кавадарци сечел дрва, едно од дрвата паднало врз него, по што од здобиените повреди починал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.08.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.П.(30) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 10.08.2026, пријавената физички го нападнала нејзиниот татко.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против И.Н.(39) од виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 18.07.2026 во виничко, во семејниот дом, пријавениот се обидел физички да ја нападне неговата сопруга.

 

На 12.08.2026 во 19:00 часот на ул.„Пере Тошев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Џ.(35) од Прилеп, затоа што при преглед во неговото патничко возило „фолксваген голф”, со прилепски регистарски ознаки, била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.08.2026 во 03:00 часот на место викано „Голема  грива“ во Национален парк „Пелистер“, полициски службеници од Полициското одделение Велушина и од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишија од слобода Н.С.(33) од Битола, Р.Ј.(53) од с.Кишава, битолско и Б.Г.(48) од Битола. Тие биле затекнати со огнено оружје во строго заштитена зона, при што се лишени од слобода, одземено им е оружјето и по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 12.08.2026 во 07:30 часот  во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Н.(37), В.Д.(46) и А.Д.(21), сите од с.Зелениково, скопско, постапувајќи по претходна пријава од А.Н. дека на 11.08.2026 околу 21:00 во с.Зелениково, В.Д. и А.Д. му се заканувале со остар предмет, а потоа му го оштетиле неговото возило, при што се здобил со повреди. Исто така, В.Д. пријавил дека на 11.08.2026 околу 23:00 часот во с.Зелениково, А.Н. му се заканувал со стаклен предмет, а потоа со патничко возило му ги прегазил стапалата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 12.08.2026 во 13:35 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, со наредба од Основен суд Прилеп, поради сомнение за кривично дело „убивање или уништување на заштитени видови на дива флора и фауна” по член 232-а од Кривичен законик,  извршија претрес во домот на Н.Ј.(46) од Прилеп. При претресот биле пронајдени и одземени 10 птици од видот Carduelis - Carduelis и кафез. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.08.2026 во 00:20 часот во ОВР Кочани, 33-годишна жена од Кочани пријави дека била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Р.(34) од Кочани. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на подрачјето на општина Аеродром има починато лице. Според пријавеното, при изведување работни задачи В.Н.(65) од Скопје бил прегазен од виљушкар, кој претходно сам се придвижил. Известен е јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје. 

 

На 12.08.2026 во 10:55 часот во СВР Скопје, С.Р.(53) од скопско пријави дека на подрачјето на Чаир, од заталкано зрно од огнено оружје била оштетено ветробранско стакло од товарно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.08.2026 во 22:45 часот во СВР Скопје, Г.Т.(44) од скопско, пријави дека во с.Визбегово, скопско, од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранско стакло од патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го пронашол починат неговиот син В.А.(41). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.

Мени за пристапност