Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 12.08.2026

Извадок на дел од дневните настани 12.08.2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.П.(32) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.12.2025 во село Тодоровци, општина Македонска Каменица, полициски службеници го затекнале пријавениот како врши продажба на кокаин на едно лице, а потоа при извршен претрес во неговата викенд куќа, бил пронајден и одземен кокаин.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. На 20.04.2026, во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ упатувал и закани.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Е.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2025 година,  пријавениот со лажно прикажување на факти земал пари во износ од 15.000 евра од две лица од тетовско, односно ги измамил дека ќе им го среди работниот стаж во странска земја за да можат да добијат пензија.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Е.И.(22) од с.Топлица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.03.2026 на магистрален пат Кичево-Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ќ.(44) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 31.05.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга. 

 

На 11.08.2026 во Скопје,  на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Б.(30) од Скопје и М.Е.(36) од с.Страчинци, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 11.08.2026 во 09:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борка Талески“ во Скопје, М.Г.(59) од Скопје, управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Г., констатирани во приватна болница во Скопје. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 11.08.2026 во 16:00 часот во с.Џепчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Н.А.(20), Б.Д.(19) и С.Е.(19), сите од с.Џепчиште, затоа што при преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, од Н.А. е одземено и патничко возило „рено твинго“ за кое не поседувал никакви документи. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

 

На 12.08.2026 во 04:08 часот во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Р.(42) од село Богородица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршеното мерење со дрегер е утврдено дека возилото го управувал со 2,58 промили алкохол во организмот. Возилото е одземено, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

 

На 11.08.2026 во 16:30 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода У.С.(35), постапувајќи по претходна пријава од неговата 34-годишна сопруга дека физички ја нападнал во нивниот семеен дом. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.08.2026 во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлече телото на М.М. (71) од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено  дека скокнал од чамец во езерото кај с.Сливница, ресенско, по веслата кои му паднале. Увид извршила екипа на СВР Битола - ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничка болница Битола за обдукција.

 

На 12.08.2026 во 02:40 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода К.А.(25) од Тетово. При сообраќајна контрола било констатирано дека тој управувал мотоцикл со тетовски регистарски ознаки без положен возачки испит и дека мотоциклот не бил регистриран повеќе од шест месеци. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.07.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин.   

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против П.Т.(34) од виничко поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 06.08.2026 во дворот од семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и упатувал закани на неговата мајка.  

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.В.(36) и А.С.(35), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.05.2025 на патот с.Арачиново – Куманово, полициски службеници забележале патничко возило „сеат ибица“, кое го управувал второпријавениот, при што пријавените од прозорецот на автомобилот фрлиле кокаин, кој бил пронајден.

 

На 11.08.2026 во 20:45 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ч.М. (33) и М.Д. (31), двајцата од Куманово, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот  ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.08.2026 во 08:00 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.М.(31) од Битола, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата  29-годишна сопруга, при што ѝ се заканувал со остар предмет. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.08.2026 во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ѓ.(43) и Р.Ѓ.(42) од една страна и А.С.(32) и С.З.(34) од друга страна, сите од Скопје. Според пријавеното, причина за физичката пресметка било тоа што претходно А.С. физички ја нападнал малолетната ќерка на Н.Ѓ. и Р.Ѓ.. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 11.08.2026 во 19:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.А.(43) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во Охрид, каде што престојувале, физички ја нападнал неговата 50-годишна вонбрачна сопруга од Битола, а притоа ѝ го одзел и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 11.08.2026 во 15:15 часот во ОВР Прилеп, 35-годишна жена од прилепско село  пријави дека во домот била физички нападната од невенчаниот сопруг Д.П. и неговиот брат А.П.. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.08.2026 во 22:00 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Б.М.(31) од Прилеп. затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.08.2026 во 06:40 часот во Полициската станица Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Н.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал, со остар предмет оштетил дел од покуќнината и упатувал закани кон неговиот 79-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.08.2026 во 01:50 часот во СВР Штип, 34-годишна жена од Штип пријави дека на 10.08.2026 околу 19:00 часот била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Д.(33) од Штип. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 11.08.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје, А.С.(45) од Скопје пријави дека околу 15:20 часот во с.Арачиново, скопско, Б.С. со остар предмет му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.08.2026 во ОВР Берово, 47-годишна жена од беровско село пријави дека околу 09:00 часот била физички нападната од нејзиниот сопруг Ѕ.Г.(57) од Берово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 11.08.2026 во СВР Скопје 36-годишна жена пријави дека 15-годишен малолетник, кој од претходно се познавал со нејзината малолетна ќерка, објавил слики со експлицитна содржина на социјални мрежи од нејзината ќерка. Со малолетникот бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.08.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кеј на река Треска, кај Матка, на Б.К.(73) од Скопје, додека се движел пеш, му се слошило и паднал. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

  

На 11.08.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена пријави дека околу 21:00 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот партнер М.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

Мени за пристапност