На 23.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Д.(18) од Скопје, Г.С.(33) од Виница, И.Ќ.(36) од с.Долно Палчиште, тетовско и В.С.(25), затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста и грутчеста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.08.2026 во 20:30 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат с.Меџитлија – с.Старавина, 42-годишниот Д.Ј. од с.Новаци, битолско управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди Д.Ј. починал на местото, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
На 22.08.2026 и 23.08.2026 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Е.А.(35) и Н.Н.(36), двајцата од Велес, поради сомнение дека од домот на 73-годишна велешанка одзеле накит. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.К.(67) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 29.05.2026, пријавениот, вработен на акушерско одделение, агресивно се однесувал кон негова колешка и ја турнал.
На 23.08.2026 околу 20:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„АСНОМ“ и сервисните улици кои водат кон хотел Хилтон во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишната В.М. од Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.М.(26) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Б.(40) од с.Љубин, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди возачот на патничкото возило „пежо“ В.М. и сопатничката од патничкото возило „фиат“ И.Ц.(38) од Скопје, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ и во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 23.08.2026 околу 20:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат с.Алешевце-с.Слупчане, во с.Алешевце, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со кумановски регистарски ознаки управуван од С.М.(32) од с.Черкези, кумановско и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.Ќ.(64) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од тракторот Ш.М. и М.М., додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против А.Ј. од Куманово, вработен во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,безобзирно управување со моторно возило“. На 22.04.2026, пријавениот управувал со возило без положен возачки испит и со брзина поголема од дозволената. Одделот за внатрешна контрола поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.
На 23.08.2026 во 10:40 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на крстосница од ул.„Индустриска“ со крак од истата улица, 45-годишниот Р.Т. од Неготино управувајќи мопед со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
На 23.08.2026 во 11:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.Г.(27) од Сојузна Република Германија. При преглед во возилото кое го управувал била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било спроведено во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.08.2026 во 15:45 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ѓ.С.(55) од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 20.08.2026 со употреба на сила се обидел да ја отвори влезната врата и да влезе во домот на 47-годишен кавадарчанец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
CВР Битола поднесе кривична пријава против С.С.(22) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.10.2025 на ул.„Стив Наумов“ во Битола, полициските слиужбеници извршиле преглед над едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од пријавениот.
На 23.03.2026 во 15:53 часот во СВР Скопје, Е.Ј.(34) од Скопје пријавила дека нејзиното патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на бул.„АСНОМ“ било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје. Зрното било подигнато и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.08.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Скопје пријави дека на 22.08.2026 околу 18:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината сестра. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 23.08.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.А.(39) од с.Теарце, тетовско. Тој се сомничи дека на 21.08.2026 одзел патничко моторно возило „рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Б.В.(37) од с.Џепчиште од пред неговиот дом во Џепчиште. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.08.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од скопско пријави дека 13.08.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, нејзиниот 34-годишен сопруг агресивно се однесувал и упатувал закани кон неа и малолетните деца. Според пријавеното, подолг временски период била физички и психички малтретирана од него. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(33) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’. Пријавената го довела во заблуда нејзиниот партнер од Косово дека е бремена, при што тој во неколку наврати преку брз трансфер на пари и префрлил 18.000 евра, по што признала дека го лажела дека детето е негово за да испраќа пари.
На 23.08.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, В.С.(47) од с.Неготино, гостиварско, пријави дека во 10:30 часот во с.Долна Матка, по претходна расправија со вработен во комплексот околу прошетка со чамец, таа, нејзиниот сопруг и нивната ќерка биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.