На 21.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.С.(43), Т.С.(35) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 22.11.2025 во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, заедно со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи, било констатирано дека во угостителски објект во Кавадарци А.В. настапувал без потребната дозвола. Против А.В е поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци, а од страна на Основен суд Кавадарци му била изречена парична казна. При контролата во истиот угостителски објект констатирани се прекршоци од страна на УЈП за неиздавање на фискална сметка, прекршок согласно Закон за пушење, a од страна на ДПИ е констатирано дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволениот број, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи во соработка со другите надлежни институции, ќе продолжи и во наредниот период со зајакнати акциски контроли на територијата на целата држава, со цел санкционирање на било какво кршење на законите.
На 21.11.2025 во 11:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Струга- Дебар, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(70) од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ф.(42) од селото Лабуништа, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автобусот Ф.А.(58) од Лабуништа, констатирани во Медицинскиот центар Струга. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.
На 21.11.2025 во 19:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Кеј Братство- Единство“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген шаран“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(63) од с.Мало Турчане, гостиварско, удрило во пешакот П.П.(76) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар Гостивар. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 21.11.2025 во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(23) од Битола и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од А.Х.(30) од Република Грција. Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната А.С., констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
На 21.11.2025 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Разловечко Востание“ и ул. „Вич“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(52) од Скопје и патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Р.Ѓ.(38) од Република Србија, а со привремен престој во Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „хјундаи“, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.А.(19) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 01.11.2025 на ул.,,Гоце Делчев‘‘ во Пробиштип, пријавениот физички нападнал малолетничка од Пробиштип.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.П.(20) и Ј.З.(21), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.12.2024 во близина на брана Калиманци, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „бмв“, управувано од првопријавениот, при што во возилото е пронајдена и одземена марихуана, додека кај сопатникот - второпријавениот Ј.З. се пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ј.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на април 2025 година, маж од кичевско, преку страна на социјалната мрежа „фејсбук“, со пријавениот договорил нарачка за која платил капар од 1.200 евра, но иако рокот за испорака бил еден месец, Ш.Ј. не го исполнил договореното.
На 21.11.2025 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ш.К.(62) од Штип, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, В.П.(80) од Скопје пријави дека во 21:05 часот во маркет на подрачјето на Центар во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.11.2025 во 07:50 часот во СВР Скопје, од Клиниката за нефрологија при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека на 20.11.2025 во 00:16 часот, кај нив за укажување на лекарска помош е донесен Л.Ш.(41), мигрант, кој на 21.11.2025 во 06:48 часот починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
На 21.11.2025 во Полициска станица Центар во Скопје, од Јавната установа за згрижување деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Н.С.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 21.11.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 21.11.2025 во период од 00:30 до 07:15 часот од сендвичара на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, со употреба на физичка сила и алат, биле одземени пари од касата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.11.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, С.Н.(28) од Скопје, пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиното паркирано патничко возило „пежо“ било оштетено од заталкан куршум од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.11.2025 во 19:00 часот во СВР Скопје, Р.Х.(41) од Скопје пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, неговиот малолетен син, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.11.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 19.11.2025, во објект за приредување игри на среќа на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на физичка сила одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.11.2025 во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред пекара на подрачјето на Центар во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Р.(25) и Р.М.(22), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.,,Виа Егнатија“ во Скопје настанал пожар во објект сопственост на Б.К.(60) од Скопје. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид.
На 21.11.2025 во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле В.Д.(35) и С.Д.(33), двајцата од Штип, постапувајќи по претходна пријава од Ѓ.М.(29) од Штип, дека била физички нападната од В.Д., а потоа В.Д. и С.Д. физички се пресметале, при што употребиле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2025 во СВР Штип е пријавено дека околу 08:00 часот во Штип, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу И.Д.(26) и А.М.(22), двајцата од Штип. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, затоа што за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на ФК „Брегалница“. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.