На 22/23.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Џ.(21), И.Т.(31), С.П.(26), Е.Н.(31), И.Г.(25), А.П.(26) сите од Скопје и И.М.(35) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, таблети и нож. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 22.11.2025 околу 17:30 часот во ОВР Берово е пријавено дека во дворно место во Пехчево, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.С.(29) од с.Елшани, охридско, од една страна и С.М.(59) од Пехчево и К.С.(26) од с.Умлена, пехчевско, од друга страна. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (23.11.2025) во 08:15 часот во с.Русиново, беровско, полициски службеници го лишија од слобода Ј.К.(25) од с.Русиново, постапувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во селото, по претходна расправија, со употреба на стаклен предмет нападнал малолетник од Македонска Каменица, при што му нанел тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.11.2025 во 20:51 часот и 21:17 часот на линијата за итни повици 112 се добиени телефонски пријави за наводно поставени експлозивни направи во објектите на Спортската сала „Јане Сандански“ и хотелот до неа. Веднаш се преземени неопходните мерки и активности од страна на полициските службеници, извршени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.11.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, при што и го одзел мобилниот телефон. Исто така, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје пријави дека околу 13:00 часот бил физички нападнат од неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.11.2025 во 16:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.Т.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 33-годишна жена дека на 21.11.2025 во 23:30 часот, во домот каде што престојуваат на подрачјето на Карпош во Скопје, физички ја нападнал. Исто така, К.Т. пријави дека бил физички нападнат од неговата сопруга. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 22.11.2025 во 21:40 часот во СВР Скопје, А.А.(43) од Скопје пријави дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот во основно училиште во нас. Драчево, Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.11.2025 во 03:10 часот во СВР Скопје, Б.Т.(19) од Дебар пријави дека околу 01:10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, две лица физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.11.2025 во 03:20 часот во СВР Скопје, М.С.(26) од Скопје пријави дека во 01:20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.11.2025 во 01:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од с.Батинци, скопско. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.