СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Д.(36) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.07.2025 полициски службеници извршиле преглед на возило, кое го управувал пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Теарце и Г.Т.(50) од Скопје, сопственик и управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на право од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“ и против К.М.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена исплата или наплата во ефективни странски пари“. На 16.02.2025, извршена е контрола во правниот субјект и констатирано е дека пријавените не поседувале соодветни лиценци за оперативниот систем, кој ги користеле на нивните службени компјутери, односно не поседуваат холограмска налепница и нивната дејност на обложување ја вршат без поседување на лиценца издадена за користење на софтверот на оперативниот систем. Третопријавениот, вработен во спортската обложувалница, во касата чувал банкноти во евра, односно странска валута која претходно ја набавил преку наплата, спротивно на законските одредби од Законот за девизно работење, а правниот субјект не поседувал лиценца издадена од НБРСМ за работа со девизи.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „насилство“. Пријавениот агресивно се однесувал кон неговите родители, а откако отишле во домот на неговиот вујко, М.М. со остар предмет му нанел убодни рани на неговиот вујко.
На 21.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.М.(24), П.М.(19) и Р.Р.(22) од Скопје, С.Ч.(24) од с.Идризово, скопско и А.К.(19) од с. Слупчане, општина Липково, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 21.10.2025 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(38) од Скопје и мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Г.(51) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 21.10.2025 во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Хо Ши Мин“ и ул. „Натанаил Кучевишки“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(33) од Скопје и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(21) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „сеат“ Д.Ш.(35) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од патничкото возило „фолксваген голф“ О.И.(19) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 21.10.2025 во 14:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул. „Благоја Тоска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(53) од Тетово, патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(46) од Тетово и патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(36) од с.Непроштено, општина Теарце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 22.10.2025 во 00:05 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.Х.(31) од Норвешка, затоа што при гранична контрола констатирано е дека евидира со мерка „апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.10.2025 во Итната медицинска помош Штип, пријавениот агресивно се однесувал и се обидел физички да го нападне вработениот во установата.
СВР Штип поднесе кривична пријава против И.Н.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Пријавениот, на паркинг простор во Штип упатил закани кон 14-годишник од Штип.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.З.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.09.2025 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана.
На 21.10.2025 во 01:40 часот во угостителски објект во с.Сенокос, гостиварско, е пронајден пиштол „берета“ калибар 9 милиметри и една рамка со четири куршуми. Поради основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициски службеници од Полициското одделение Галате и Полициската станица Гостивар ги лишија од слобода М.А.(26), М.О.(31), А.А.(31), Ј.Д.(30) и А.М.(22), сите од с.Сенокос. Тие се задржани во полициска станица, каде што подоцна М.А. признал дека оружјето е негово. Против него е поднесена кривична пријава, а надлежен судија му определил мерка притвор.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 17-годишник од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.10.2025 во средно училиште во Кичево, по претходна расправија, пријавениот со нож нападнал 15 - годишен ученик и му нанел убодна рана, по што е лишен од слобода.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.А.(48) од село во општина Центар Жупа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.10.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата невенчана сопруга ѝ се заканувал со нож. Веднаш по настанот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Б.А..
ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.М.(49) од струшкото село Радолишта, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола извршена на улица „Партизанска“ во Струга, полициските службеници од ОВР Струга констатирале дека патничко возило „фолксваген туран“ врши превоз на патници без да поседува соодветна лиценца, издадена од надлежен државен орган.
На 21.10.2025 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 13:30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на патничко возило „пежо“, сопственост на К.М.(37) од с.Бучинци, скопско. Пожарот е изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Извршен е увид.
На 21.10.2025 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 46-годишната К.Т. од Куманово и 47-годишната Б.С. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.10.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Крива Паланка пријави дека околу 15:30 часот во здравствена установа на подрачјето на Центар, била физички нападната од Б.Л. (женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.10.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, А.Г.(41) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.10.2025 во 21:27 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца е пријавено дека се вратил нивниот штитеник А.М.(17), кој на 16.10.2025 беше пријавен дека се оддалечил од установата.