ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(50) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во дом кој го користи пријавениот, при што е пронајден и одземен амфетамин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ј.П.(39) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 04.09.2025 во угостителски објект во Струга, пријавениот физички го нападнал А.Ф.(43) од Струга, при што употребил и метален предмет.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ј.И.(54) од с.Враништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 23.06.2025, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од пријавениот, при што констатирале дека превезува патници без да поседува соодветна дозвола издадена од надлежен орган.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.Б.(51) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Пријавениот со закана наплатил три пати поголем износ од сумата која ја позајмил на едно лице, при што се стекнал со противправна имотна корист од 430.000 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(51) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, во домот на едно лице во тетовско, земал пари на заем, но не ги вратил во договорениот рок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.А. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење‘‘ и ,,узурпација на недвижности‘‘. На катастарска парцела во државна сопственост во Делчево, пријавениот започнал со изградба на објект без да поседува одобрение за градба, издаден од надлежен орган
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.З.(45) од с.Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,симнување на службен печат или знак“. На 29.07.2025 во угостителски објект, во кој пријавениот е управител, ја тргнал налепницата и пломбата која била поставена истиот ден од Државниот пазарен инспекторат Гостивар, поради нерегистрирана дејност.
На 20.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.П.(35) од Скопје и М.Д.(40) од Куманово, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 20.10.2025 во 09:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново, на влез за с.Лакавица, патничко возило „даеву ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф.(69) од с.Беловиште, гостиварско, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починал возачот Т.Ф., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.
На 21.10.2025 во 01:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје, 19-годишниот Д.Д. од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 20.10.2025 окoлу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на граничен премин Долно Блаце, на излез од паркинг простор од царински терминал, товарно возило „волво“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од Ј.Н.(44) од Р.Србија, удрило во објект на царинската управа и оштетило дел од кровот и рампата. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Х.(55) од с.Орашје, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 11.08.2025 пријавениот упатил закани кон лице од Тетово и се обидел да му изнуди поголема сума на пари.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ф.К. (20) од Делчево поради сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 став 2 од К3. На 01.05.2025 во 00:05 часот на бул. „Македонија" во Делчево, при извршен преглед кај Ф.К. се пронајдени семки од канабис, а потоа при претрес во домот и помошните простории кои ги користи пријавениот пронајден е хашиш.
На 20.10.2025 во 23:05 часот на ул.„Северен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода К.Б.(49) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „сузуки“ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ј.З.(51) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На 01.10.2025 на катастарска парцела во Дебар во државна сопственост, пријавениот неовластено поставил метални столбови со цел да воспостави владение на тој простор, а потоа неовластено зазел и друг деловен простор во државна сопственост.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Г.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При контрола извршена на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициските службеници го забележале пријавениот како фрлил пакување со марихуана, кое е пронајдено и одземено.
Денеска (21.10.2025) во СВР Охрид е пријавено дека во 08:00 часот на крстосница од ул.„Живко Чинго“ со ул.„15 Корпус“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(47) од Охрид и велосипедист С.Р.(68) од охридското село Велгошти. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Р., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ Охрид. Увид извршила екипа од СВР Охрид.
На 21.10.2025 во 01:10 часот во СВР Скопје, А.Ј.(49) од Скопје пријави дека на 20.10.2025 околу 20:00 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.10.2025 во 19:18 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.П.(58) и Н.Ѓ.(19) од една страна и Н.С.(44) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.10.2025 во 20:20 часот во СВР Скопје, И.Ф.(42) од Скопје пријави дека на 17.10.2025 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром, неговата малолетна ќерка била физички нападната од еден малолетник, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.10.2025 во 16:45 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека на 17.10.2025 во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Н.(46). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.10.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, 63-годишна жена од Скопје пријави дека на 17.10.2025 околу 19:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината сестра С.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.