СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.С.(66) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 18.04.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај пријавениот, при што се пронајдени и одземени марихуана и тетрахидроканабинол.
Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против С.Р.(33) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”. На 07.10.2025 на локалниот пат Богданци - с.Стојаково, пријавениот со патничко возило „бмв“ учествувал како претходница и телефонски известувал две лица од Радовиш и Богданци, кои со возило „ауди” превезувале 12 лица мигранти од Ирак и Сирија, за поставеноста на полициските патроли.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(57) и Ј.Ѓ.(27), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 29.09.2025 во атарот на с.Жидилово, кривопаланечко, пријавените упатувале закана на вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство додека извршувале службени дејствија.
СВР Велес поднесе кривична пријава против И.З.(19) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 13.05.2025 во Неготино, полициски службеници забележале паркирано возило „опел“ во кое бил пријавениот и уште едно лице од Штип, додека при преглед на возилото е пронајдена и одземена марихуана.
На 19.10.2025 во 15:45 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Струга,
во близина на место викано „Сушара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 31-годишната Г.В. од Битола и патничко возило „опел“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната Ф.К. од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „опел“ со дебарски регистарски ознаки, А.У.(21) од Дебар, додека со телесни повреди се здобила Ф.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Дебар.
На 19.10.2025 во 12:35 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека при вршење ископ на ул.„Крушевска” во Прилеп била пронајдена рачна бомба. Од екипа на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата е безбедно подигната и констатирано е дека се работи за рачна бомба од француско потекло од Првата светска војна.
На 19.10.2025 во 16:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долна Матка, скопско, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Ј.Д.(71) од Скопје. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 19.10.2025 во 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба во Скопје. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 19.10.2025 во 09:50 часот во с.Марино, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т.(37) од с.Марино, скопско, затоа што на 18.10.2025 околу 22:30 часот во селото, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот брат А.Т.(40) од истото село, при што употребил дрвен предмет и му нанел тешки телесни повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 19.10.2025 во 21:10 часот во СВР Скопје, Х.Б. пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело мобилeн телефон и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.10.2025 во 10:00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Б.М.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани на неговиот 46-годишен брат, а потоа со тврд предмет му го оштетил патничкото возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.10.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.П.(74) од Скопје пријавил дека околу 16:00 часот во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба затекнал едно лице кое претходно насилно влегло и одзело пари и кое физички го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.10.2025 во 15:30 часот во с.Мршевци, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.С.(54) од с.Мршевци, скопско, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишната А.Ј. дека физички го нападнал нејзиниот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.