На 18.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.К.(28), Б.А.(30), А.Ф.(39), 15-годишник од Скопје, Х.К.(37) и К.Л.(19), двајцата од Република Албанија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 18.10.2025 во 15:00 часот на Граничен премин Блато, за влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода И.Л.(33) од Република Албанија затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Лицето е задржано во Полициска станица Дебар, за понатамошна постапка.
На 18.10.2025 околу 16:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на локалниот пат за с.Подгорци, струшко, на место викано „Орешки“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.О.(45) од с.Подгорци, струшко и патничко возило „цитрен саксо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од с.Подгорци, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „цитроен саксо“, А.Д. и неговите сопатници Б.Р.(36) и М.М.(43), како и сопатникот од патничкото возило „цитроен берлинго“, М.О.(48) сите од с.Подгорци, додека со телесни повреди се здобил возачот А.О., констатирани во Медицински центар Струга, Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга.
На 18.10.2025 во 10:40 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Ресен, патничко возило „форд“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(68) од Ресен, удрило во пешакот, 74-годишната Ф.Ј. од Ресен. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Ј., констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.
На 18/19.10.2025, во периодот од 22:05 до 01:25 часот во ОВР Кавадарци е извршен службен разговор со О.Ј.(45), 44-годишната Н.Ј., 41-годишната У.Ј., 35-годишната Е.Ј,. А.Ј.(23), К.Ј.(25), Ш.Ј.(40) и С.С.(28), сите од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека ја скршиле влезната врата од домот на 40-годишен кавадарчанец, а потоа во домот, кршеле покуќнина, предмети за домаќинство и физички ги нападнале него и неговата сопруга. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 18.10.2025 во 16:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.К.(44) од с.Леуново, гостиварско и О.Б.(43) од гостиварско Долна Бањица поради основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ по член 235 и член 236 од Кривичниот законик. Подоцна, со судска наредба извршен е претрес во домот и други помошни простории каде живее О.Б. во сДолна Бањица, при што се пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршено кривично дело. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 18.10.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Драчево во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на Г.Д.(69) и Д.П.(71), двајцата од Скопје. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид.
На 18.10.2025 во 15:00 часот во СВР Штип, Б.К.(60) од Штип пријави дека околу 14:30 часот во продажен објект во Штип бил физички нападнат од З.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.10.2025 во 10:15 часот во ОВР Виница, П.И.(67) од Виница пријави дека на 17.10.2025 околу 18:00 часот во домот во Виница бил физички нападнат од Н.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (19.10.2025) во 01:00 часот во СВР Скопје, Р.В.(27) од Битола пријави дека околу 00:20 часот во здравствена установа на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.10.2025 во 17:45 часот во СВР Скопје, Б.А.(43) од Скопје пријави дека на 16.10.2025 околу 14:00 часот на објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода се здобил со повреди додека извршувал градежни работи, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Известен е трудов инспектор.
На 18.10.2025 во 15:45 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 7.200 денари. Според пријавеното, контактирал со едно женско лице, во врска со оглас на социјална мрежа за издавање стан во Скопје. Откако се договориле, капарот го оставил во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, како што му било кажано, по што подоцна не можел да стапи во контакт со неа, при што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.10.2025 во 15:30 часот во СВР Скопје, 34-годишен маж пријавил дека на 17.10.2025 околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговата сопруга З.Џ., која употребила и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.10.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.А.(48) и К.М.(30), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека на 17/18.10.2025 во аптека на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и погоден алат влегло во објектот и од касите одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.