Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 18.10.2025

 

На 17.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Л.(19) од Р.Албанија и 15-годишна малолетничка од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 17.10.2025 во 14:24 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионален пат кај место викано „Превалец“, во атар на с.Трновац, кратовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје и патничко возило „дачија сандеро“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.В.(33) од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал сопатникот од возилото „фиат добло“ А.А.(38) од Скопје и од страна на лекар констатирана била смрт, а со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.  

На 17.10.2025 во 13:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(58) од с.Речани, кичевско и товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(27) од с.Беранци, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П, а со телесни повреди се здобил возачот В.Б., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.      

На 16.10.2025 во 20:10 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Прилеп, со престој во студентски дом на подрачјето на Карпош, пријави дека на 16.10.2025 околу 17:00 часот, додека се туширала забележала телефон над параваните. Според пријавата, А.М.(22) од Богданци, ѝ кажал дека тој ги направил фотографиите. Лицето е приведено во Полициска станица, а одземени му се лап топ и компјутер. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

На 18.10.2025 во 02:45 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го приведоа А.Ѓ.(33) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.10.2025 во 21:40 часот во Скопје, на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 63-годишна жена од Скопје, по претходна пријава дека околу 19:30 часот во домот физички и со остар предмет ја нападнала нејзината 59-годишна сестра. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 17.10.2025 во 12:45 часот во СВР Скопје Б.П.(28) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром бил нападнат со тврд предмет од неговиот сосед В.П.(76) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.10.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје С.Р.(54) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари, неговиот 11-годишен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој исто така со остар предмет му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.10.2025 околу 20:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари У.Ф.(54) од Скопје пријави дека од домот се оддалечил Н.С.(13), за кој У.Ф. има решение како згрижувач. Малолетникот и претходно се оддалечувал од домот и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 17.10.2025 во 09:33 часот во СВР Штип од Итна медицинска помош од Пехчево е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.Н.(36) од Берово. Според пријавеното тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во фабрика во Пехчево. Известен е трудов инспектор. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.    

На 18.10.2025 во 00:30 часот во Скопје, кај клучка Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода К.И.(27) од с.Желино, тетовско, кој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на казна затвор во КПУ Затвор Тетово во врска со кривично дело по чл.140 ст.5 од КЗ. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Мени за пристапност