Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 22.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.М.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 31.07.2025 во Битола, полициски службеници извршиле преглед на едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од пријавениот.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 10.05.2026 пред казино во Штип, пријавениот физички го нападнал Е.В. и му нанел повреда.

 

ОВР Виница поднесе кривична пријава против П.Т.(34) од виничко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 04.06.2026 во дворно место од семејната куќа во селото, пријавениот физички го нападнал својот татко.

 

На 21.06.2026 во 15:45 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп - Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(24) од с.Мусинци, општина Могила, патничко возило „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 54-годишната В.М. од Битола и патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(51) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М., додека со телесни повреди нејзините сопатници С.В.(37), Н.В.(40) и двајца малолетници, сите од с.Возарци, кавадаречко, како и двајцата возачи Д.Р. и Г.М., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

 

На 22.06.2026 во 02:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул„Орде Чопела“ во Прилеп, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки,  управувано од 21-годишниот Д.М. од Прилеп, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

 

На 21.06.2026 во 10:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на патниот правец Маврово кон Дебар, во близина на Бигорскиот манастир, германскиот државјанин К.Б.(55), управувајќи мотоцикл со германски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 49-годишен маж од село во општина Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 05.04.2026, пријавениот телефонски и упатувал закани на неговата сопруга, со која се во бракоразводна постапка.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против О.Н.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 01.02.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен „MMB-CHMICA“ - синтетички канабиноид.

 

На 22.06.2026 во 00:10 часот во СВР Скопје од Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Г.Ј.(31) од Скопје. Според пријавеното, тој околу 23:35 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица, меѓу кои и еден малолетник, кој употребил остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.06.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во сместувачки објект во с.Визбегово, скопско, две лица со закана со остар предмет од вработениот одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.06.2026 околу 23:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во аптека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана од вработената одзело метална каса со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 21.06.2026 во 10:32 часот во СВР Скопје, Н.Н.(49) од Скопје пријави дека околу 05:00 часот на подрачјето на Центар едно лице со употреба на физичка сила му го одзело мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.06.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје И.А.(52) од Скопје пријави дека на 20.06.2026 околу 23:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.06.2026 околу 11:00 часот во СВР Скопје, Б.О.(29) од с.Палиград, скопско, пријави дека во с.Батинци, скопско, бил физички нападнат од М.С.(30) од с.Студеничани, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 21.06.2026 во 15:05 часот во СВР Скопје, Р.Р.(35) од с.Студеничани, скопско, пријави дека кај влезот на неговата куќа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое го пробило металниот лим со кој биле покриени скалите и влезот. Се преземаат мерки за расчистување на сл

Мени за пристапност