Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 21.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 20.06.2026 околу 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(48) од Куманово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Т.(21) од с.Визбегово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.К.(40) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 03.06.2026 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавената физички го нападнала сопругот.

 

На 20.06.2026 во 11:10 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат  Ѓавато-Тополчани, 58-годишниот С.К. од Битола, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка С.К.(52) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола.  Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.М. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.05.2026 на автобуска постојка во Куманово, по претходна расправија. пријавената фрлила мобилен телефон на малолетничка и ја турнала, при што малолетничката се удрила од автобуската постојка.

 

На 20.06.2026 во 10:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Струга, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 60-годишиот М.Б. од Охрид, удрило во 10-годишно дете од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.Б.(61) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Во текот на 2025 година, пријавениот набавил фалсификувана лична карта и на 15.06.2026 ја употребил во правниот сообраќај со цел да поднесе барање за патна исправа на Р.С.Македонија.

 

На 21.06.2026 во 04:40 часот во Меморијален центар АСНОМ во селото Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Р.(41) и Б.Р.(39), двајцата од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во Меморијален центар физички нападнале вработен во агенција за обезбедување, а потоа се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 20.06.2026 во 17:30 часот, пред паркот на Универзитетот во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу и М.Д.(20) и Л.А.(26), двајцата од Тетово. При пресметката било употребено ладно оружје, при што Л.А. му нанел убодни рани на М.Д., кој е пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му е укажана лекарска помош. Полициските службеници, кои го обезбедувале настанот, веднаш постапиле, при што на местото е пронајден нож, а Л.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.06.2026 во периодот од 20:25 до 21:00 часот, со наредба од Основен суд Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле претрес во домот на Б.З.(27) од Гостивар. При претресот биле пронајдени прашкаста и растителна материја, за кои по извршено вештачење било констатирано се кокаин и марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде однесена соодветна пријава.    

 

На 20.06.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека во 12:45 часот во установата, при извршен преглед на Р.Р.(42) од с.Трубарево, скопско, осуденик во установата, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.06.2026 во 13:20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на 15.06.2026 во периодот од 18:00 до 21:00 часот на подрачјето на Центар од патничко возило „фолксваген тигуан“, сопственост на странска амбасада, била одземена една регистарска табличка. Се преземаат мерки за расчистување на случќајот.

 

На 20.06.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, М.К.(39) од Скопје пријави дека на 19.06.2026 околу 20:30 часот на игралиште на подрачјето на Центар во Скопје, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници, при што употребиле тврд предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  

 

На 20.06.2026 во  15:00  часот во  СВР Скопје, А.А.(22) од Скопје пријави дека во периодот од 01:40 до 02:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 20.06.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, Д.Т.(53) од Скопје пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 20.06.2026 во 14:38 часот во СВР Скопје, О.В.(20) од с.Визбегово, скопско, пријави дека, поради претходно нерасчистени меѓусебни односи, во неговиот дошол Д.А. со уште едно лице и физички го нападнале, при што употребиле метален предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 20.06.2026 во 14:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Визбегово, скопско, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.  Додека извршувал работни задачи, со повреди се здобил еден пожарникар од Скопје, кој бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Пожарот е изгаснат и извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 20.06.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 10:30 часот во с.Побожје, општина Чучер Сандево, П.Ѓ.(32) од с.Побожје, по претходно нарушени меѓусебни односи, со тврд предмет ја нападнала Љ.Т.(68) од истото село. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.06.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил пронајден починат К.С.(63) од Скопје. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 20.06.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Д.(49) од Скопје и Д.З.(39) од с.Довезенце, кумановско. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 21.06.2026 во 07:50 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода В.Н.(66) од Република Бугарија, постапувајќи по претходна пријава од 29-годишна жена дека околу 06:00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје ја следел и се самозадоволувал пред неа. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 21.06.2026 во 02:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.Д.(42) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговиот сосед Б.Ј.(20) дека на 20.06.2026 околу 22:00 часот во неговиот двор му се заканувал со остар предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност