На 19.06.2026 околу 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје е случена сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(31) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.С.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Нa 19.06.2026 околу 20:55 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, Овче Поле е случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко комбе „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(55) од Свети Николе и паркирано товарно возило „ман“ со светиниколски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од патничкото комбе Л.П.(53) и М.М.(33) двете од Свети Николе, додека со телесни повреди останатите осум патници, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
На 19.06.2026 година во 21.30 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на кичевското село Другово, товарно моторно возило „Ивеко“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.А.(31) Кичево, при разминување, удрил во велосипед управуван од И.С.(52) од село Другово. Истиот, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кичево каде, му биле констатирани тешки телесни повреди. По насока на јавен обвинител, увид на местото на незгодата извршија полициски екипи
На 20.06.2026 во 00:19 часот во СВР Битола пријавена е сообраќајна несреќа на патот Битола - Маково кај с. Логоварди, битолско помеѓу патничко возило „ауди" со битолски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(23) од с. Логоварди, патничко возило „форд" со битолски регистарски управувано од А.П.(23) од Битола и сопатник 13- годишник од Битола и патничко возило „мазда" си битолски регистарски ознаки управувано од А.К.(23) од Добромири општина Новаци и сопатничка А.К.(29) од с. Добромири. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите А.П. и А.К., а сопатниците се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. Од страна на полициските службеници лишен од слобода бил возачот Д.Б. бидејќи возилото го управувал под активна забрана за управување со моторно возило. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.06.2026 во 21:35 часот во ОВР Македонски Брод пријавено било дека на регионалниот пат во близина на с. Долни Манастирец , Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „тојота" со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од М.А.(41) од Македонски Брод удрил во пешакот Д.В.(66) од с. Могилец, Македонски Брод при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во ЈЗУ Македонски Брод. Увудот го извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод.
На 19.06.2026 година во 16:05 часот, на Граничниот премин Ќафасан, при влез во Република Северна Македонија, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Т.(40) од Република Албанија, поради недолично однесување кон полициските службеници при вршење на службени дејствија. Лицето било предадено во Полициската станица Струга за понатамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 19.06.2026 година во 16:00 часот, во СВР Штип, по наредба на јавен обвинител, било задржано лицето С.М.(67) од Штип. Претходно, 48-годишна жена пријавила дека на 18.06.2026 година нејзината 16-годишна ќерка, додека се движела покрај реката Брегалница во Штип, според пријавеното била пресретната од машко лице кое најпрво започнало разговор со неа, а потоа се обидело да ја бакне. По преземени мерки и активности С.М. бил приведен и задржан во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 19.06.2026 година во 11:15 часот, на улицата „Кузман Јосифовски Питу“ во Кичево, приведен е В.С.(40) од Кичево кој бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
|
|
|
На 19.06.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, И.З.(49) од с.Бардовци, скопско пријави дека на 18.06.2026 околу 22:00 часот, во селото, нејзината малолетна ќерка, била физички нападната од П.П. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
|
|
|
На 19.06.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново, скопско настанал пожар во објект (шупа), сопственост на З.С.(62) од с.Арачиново. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
|
|
На 19.06.2026 во 09:20 часот во СВР Скопје, В.Н.(63) од с.Брваница, тетовско пријави дека околу 09:10 часот во с. Петровец, скопско пред сендвичара, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
|
|
|
На 19.06.2026 во 20:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Стајковци, скопско, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.Д.(51) од Скопје и И.Д.(49) од с.Стајковци, скопско. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 19.06.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје, С.С.(71) од с. Мршевци, скопско пријави дека околу 18:00 часот во дворното место во с. Мршевци, поради нарушени меѓусоседски односи, со употреба на тврд предмет, бил физички нападнат од неговиот сосед Д.А., при што му нанел повреди, констатирани во Јавната здравствена установа “Св. Наум Охридски“ во Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
|
|
|
На 20.06.2026 во 01:00 часот полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода З.Ј.(34) од с. Ораовица, радовишко, постапувајќи по претходна пријава дека од Ф.Е.(73) од Скопје дека на 19.06.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом, со употреба на дрвен предмет, бил физички нападнат. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 19.06.2026 година, околу 23:00 часот, во СВР Скопје, С.Ј.(30) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба било опожарено неговото патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.06.2026 во 09:00 часот во Полициско одделение Новаци, од Комунална хигиена во Општина Новаци е пријавено дека во селото, додека извршувале работни задачи, била пронајдена неексплодирана граната. Од Дирекцијата за заштита и спасување, граната е безбедно подигната, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната 75мм од Прва Светска Војна.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Н.(55) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 13.06.2026, полициски службеници извршиле претрес во помошна просторија, сопственост на пријавениот, при што бил пронајден и одземен хашиш.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.С.(29) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука“ и „загрозување на сигурноста“. Пријавениот не ги почитувал мерките за заштита од семејно насилство и на 11.06.2026 во домот на неговата мајка ја скршил вратата во дневната просторија и се обидел физички да ја нападне неговата мајка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Ф.(34) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 31.05.2026 во гостиварско село, по претходна расправија, пријавената физички ја нападнала нејзината јатрва.