Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 19.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 19.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.П.(22) од Скопје и К.Т.(32) од Сојузна Република Германија затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 18.06.2026 во 14:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Бледски Договор“ во Скопје се случиола сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(42) од с.Рашче, скопско и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(46) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 12.03.2026, при расправија во патничко возило, пријавената физички го нападнала нејзиниот невенчан сопруг.   

 

На 18.06.2026 околу 16:50 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Неготино-Штип, патничко возило „опел“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот С.Р. од Радовиш, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. По извршени проверки, било констатирано дека С.Р. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,50 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.И.(55) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 04.12.2025 и на 13.12.2025 во својот дом, пријавениот на две лица им овозможил користење на марихуана. При преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавиле од пријавениот. При претрес во домот на пријавениот, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 18.06.2026 во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул„Прилепски Бранители“ и ул„Тризла“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.У.(33) од Прилеп и велосипед управуван од 80-годишниот А.К. од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

 

На 18.06.2026 околу 12:30 часот во СВР Битола, Б.М.(55) од с.Крклино, битолско, пријавил дека при вршење земјоделски работи во неговиот двор пронашол неексплодирана граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната и било констатирнао дека се работи за неексплодирана граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.Б.(28) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад над службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против П.Н.(28) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 30.05.2026, по завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК ,,Кожув“ - Гевгелија и ФК ,,Борец 1919“ од Велес на Градскиот стадион во Кочани, првопријавениот фрлил шише со вода кон полициски службеник, додека второпријавениот попречувал полициски службеник при лишување од слобода на првопријавениот.

 

На 18.06.2026 во 13:40 часот во СВР Битола, полициски службеници од патролен тим во с.Меџитлија, битолско, пронашле неексплодирана граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната и било констатирнао дека се работи за неексплодирана граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Г.(56) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на право од работен однос“. Пријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Стрежево“ - Битола, во периодот од февруари 2023 до 29.06.2023 во три наврати извршил промена на работното место на едно лице спротивно на одредбите од Законот за административни службеници, Законот за работни односи и Правилникот за систематизација на работните места.

 

На 18.06.2026 во 23:05 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.С.(21) од село Желино, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземение марихуана и бела прашкаста материја. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.М.(57) од с.Бањица, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. При претрес во домот и помошни простории на пријавениот во с.Бањица била пронајдена и одземена ловечка пушка калибар 16 мм.   

 

На 18.06.2026 во 21:00 часот во Полициската станица Тетово, С.К.(42) од село Селце, тетовско, пријавил дека во близина на локалното училиште во селото, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од С.С.(23). По преземени мерки, во 21:20 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле С.С., кој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Д.(39) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“. На 21.04.2026, пријавената постапила спротивно на Решение од Центарот за социјални работи Кочани на тој начин што не му дозволила на поранешниот невенчан партнер до го види своето дете.

 

На 18.06.2026 во 15:45 часот во парк „Стив Наумов“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Ш.(30) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Ј.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 01.06.2025 во Тетово во објект - локал на пријавениот биле пронајдени и одземени 2.916 парчиња пиротехнички средства.

 

На 18.06.2026 во 13:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.К.(56) и А.Ј.(56), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Е.(24) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.04.2026, пријавениот телефонски му упатувал закани на Ѓ.Б..   

 

На 18.06.2026 во 12:40 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(83) од Скопје пријави дека околу 10:20 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

 

На 18.06.2026 во 10:50 часот во СВР Скопје, А.Н.(49) од Скопје пријави дека на 17.06.2026 околу 22:00 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од А.М., Ф.Н. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Во СВР Скопје, Б.К.(60) од Скопје пријави дека на 15.06.2026 околу 23:20 часот на подрачјето на Карпош, нејзината 17-годишна ќерка и нејзина другарка биле физички нападнати од И.С.(женско лице) и уште една малолетничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност