Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 18.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 17.06.2026 во 05:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје „Мајка Тереза“, кај клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(36) од с.Петровец, скопско и товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Ј.(46) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(66) од село во општина Јегуновце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 15.03.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата ќерка.

 

На 17.06.2026 во 11:10 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на ул,,Ленинова“ во Радовиш, 55-годишната С.М. од Радовиш, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на коловозот. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против У.З.(74) од с.Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 01.062026 во с.Неготино, гостиварско, во комбе кое вршело превоз на патници, пријавениот физички нападнал 16 - годишно дете.

 

На 17.06.2026 во 13:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат с.Вејце-с.Селце, тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 25-годишната Е.Т. од с.Селце, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Т., додека со телесни повреди нејзините сопатнички Е.Б.(18) и В.Т.(20), двете од с.Селце, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 01.09.2025, пријавениот бил затекнат како во своето патничко возило, со уште две лица користел марихуана.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Р.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 10.04.2026 на паркинг простор во Тетово, пријавениот со патничко возило удрил во малолетник.

 

На 17.06.2026 во 14:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(30) од Куманово. Претходно, тој бил затекнат при обид да изврши кражба и да одземе предмети во куќа на ул.Бајрам Шабани“ во Куманово.  С.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 18.06.2026 22:00 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.Р.(54) од  Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од И.И.(60) од Гостивар дека околу 21:00 часот физички го нападнал него и неговиот син во казино, при што употребил и метален предмет и спреј за очи. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(27) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 05.04.2026 пријавениот упатувал закани по животот на родителите на неговата вонбрачна сопруга.

 

На 18.06.2026 во 01:15 часот во с.Раштани, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода И.М.(75) од Раштани, постапувајќи по претходна пријава од В.М.(42) од Раштани дека физички го нападнал при што употребил и остар предмет. И.М. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Тетово поднесе известување против лицето С.Х.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавената, подолг временски период на социјална мрежа креирала лажни профили со фотографии од машко лице.

 

На 17.06.2026 во 19:20 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Т.(30) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, по кратка  расправија, упатил закани на А.Ј.(24) од Велес  и неговата сопруга М.Ј., при што употребил остар предмет. С.Т. бил приведен во полициска станица, а предметот бил пронајден и одземен. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Л.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.11.2025 во берберница во Тетово, која ја користел пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол, рамка за пиштол и марихуана.   

 

На 17.06.2026 во периодот од 17:25 до 17:40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле И.С.(32), С.С.(31), 30-годишната С.С. и 30-годишната С.С., сите од Кавадарци, затоа што на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 17.06.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, Т.З.(41) од с.Волково, скопско, пријави дека околу 08:15 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А.(51) од село во општина Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 03.02.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка.

 

На 17.06.2026 во 15:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.А.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:00 часот се обидел да влезе во стан на 33-годишна жена, а потоа се обидел да влезе и во станот кај нејзината 34-годишна сосетка која успеала да го истурка надвор. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува  соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Д.(29) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ и против Х.И.(20) од Скопје за „помагање“. Во декември 2025 година, првопријавениот склучил договор за изнајмување на патничко возило за период од 17.12.2025 до 05.01.2026 од рент-а-кар фирма и не го вратил возилото откако истекол рокот. На 25.12.2025 во с.Желино, второпријавениот се сретнал со првопријавениот и со закана му го одзел изнајменото возило, а потоа го продал на трето лице.

 

На 18.06.2026 во 04:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бутел настанал пожар во куќа сопственост на В.А., кој во моментот бил во Италија. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. увид бил извршен.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.З.(61), И.Р.(35) и П.Н.(35), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а против третопријавениот и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 30.11.2025, полициски службеници извршиле преглед над третопријавениот при што бил пронајден и одземен кокаин, кој го набавил од второ и првопријавениот.

 

На 17.06.2026 околу 19:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи патничко возило „мерцедес“ кое било со регистарски таблички од друго возило. Возилото не застанало на знак за запирање и на клучка Миладиновци се вратило назад и продолжило по земјен пат во с.Блаце, општина Петровец, каде што удрило во дрво, по што возачот го напуштил местото. По пребарување на теренот, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 12 мигранти, од кои пет од Египет и останатите од Турција. Мигрантите биле сместени во транзитен центар Табановце. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.   

Мени за пристапност