Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 17.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 16.06.2026 околу 15:20  часот во ОВР Делчево е пријавено дека на пешачка патека помеѓу ул.„Глигор Прличев“ и ул.„Гоце Делчев“ во Делчево, 13-годишен малолетник од Делчево, управувајќи велосипед изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа. Притоа,  малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Делчево.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.П.(38) со живеалиште во с.Владевци, општина Василево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 11.07.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот во кој престојува пријавениот, при што биле пронајдени и одземени концентриран дериват од растението канабис, дробилка со остатоци од марихуана и дигитална вага со остатоци од тетрахидроканабинол и кокаин.

 

На 16.06.2026 во 17:00 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.Р.(45) од Косово затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидира со мерка „Апси“ по барање на Сектор за меѓународна полициска соработка – Интерпол. Лицето е предадено на полициски службеници од ПОлициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.И.(53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 11.06.2026 во семејниот дом во Гостивар, пријавениот физички го нападнал неговиот брат, при што со нож упатил закани кон него и неговата мајка.

 

На 16.06.2026 во Полициската станица Драчево е пријавено дека во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К.(72) од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор. Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не се вратил до 13:00 часот, неговиот брат отишол на нивата и го пронашол под мотокултиваторот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ј.А.(42) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела во месноста „Град“ во Дебар во државна сопственост, пријавениот неовластено и спротивно на законските одредби поставил помошен објект што го користел за лични потреби.

 

На 16.06.2026 во 17:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.З.(30) од Велес поради сомнение дека во верски објект во Велес извршил кривично дело „тешка кражба“. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 16.06.2026 во 11:45 часот во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициска станица Кривогаштани го лишија од слобода И.С.(29) од с.Баница, струмичко. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле товарно возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото, иако имал активна забрана за управување. Возилото е одземено, а И.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.06.2026 во 10:35 часот, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа А.А.(51) од село Порој, тетовско. Тој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 16.06.2026 во 22:11 часот на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(21) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки и проверки, било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

ОВР Кичево  поднесе кривична пријава против Е.В.(25) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 31.05.2026 во 02:15 часот кај месноста „Осломешка раскрсница“ во близина на Кичево, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија.    

 

На 16.06.2026 во 18:45 часот на потегот помеѓу селата с.Лажец и с.Граешница, битолско, при преземање на службени дејствија, полициски службеници од СВР Битола забележале едно лице, кое не застанало на издадена усна наредба да застане. Притоа, еден од полициските службеници испукал три предупредувачки куршуми во воздух, но лицето не застанало, фрлило торба и побегнало. По пребарување на теренот, биле пронајдени три торби со 46 пакувања марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 16.06.2026 во 13:00  часот  во ОВР Крива Паланка, од Јавната здравствена установа Крива Паланка е пријавено дека на место викано „Пољана“ во с.Огут, кривопаланечко, има починато лице. По преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј.(52) од Крива Паланка,  вработен во ЕВН, кој починал додека  извршувал работни задачи. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.

 

На 17.06.2026 во 09:25 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Дедебалци, на м.в.„На претерот", општина Могила, биле пронајдени две неексплодирани гранати.  Местото е обезбедено, а гранатите денеска ќе бидат подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Т.(44) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 29.09.2025, пријавениот е пронајден во бессознание под дејство на дрога во негов деловен објект, при што во објектот биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и други предмети.

 

На 17.06.2026 во 00:14 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(36) од Скопје пријави дека на 16.06.2026 околу 21:05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Т. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”. На 18.03.2026 во Гостивар, пријавениот со возило „бмв” со словенечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило, управувано од Х.Б., по што излегол удирал со раце по возилото на Х.Б. и со тврд предмет му упатил закани.

 

На 16.06.2026 околу 18:00 часот во СВР Скопје, М.С.(35) од с.Петровец, скопско, пријави дека во с.Петровец бил физички нападнат од К.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 16.06.2026 околу 23:40 часот во СВР Скопје, Д.А.(24) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари неговиот малолетен внук бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На  16.06.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, Н.М.(44) од Скопје пријави дека на 15.06.2026 околу 23:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 15-годишен малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.06.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, Б.Т.(75) од Скопје пријави дека на 15.06.2026 околу 16:00 часот бил физички нападнат С.К. и А.Н. Според пријавеното, тој во придружба на неговиот внук дошол пред зграда на подрачјето на Карпош каде што имал под закуп стан со намера да го раскине договорот за закуп и таму бил пречекан од С.К. сопственик на станот и А.Н. претставник на агенција за недвижнини. Во моментот додека ја отклучувал влезната врата бил удрен по рака од С.К., на што му  возвратил со со метална прачка, по што С.К. и А.Н физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.06.2026 во 20:15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Б.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека по телефон упатувал закани кон полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Мени за пристапност