Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 22.03.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 21/22.03.2026 во 20:40 часот на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.А.(28), А.М.(18), Б.Н.(41), А.Т.(23), М.В.(18) од Скопје, Ф.С.(53) од с.Глумово, скопско и М.А.(21) од с.Шутово, кичевско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветно поднесоци.

              

На 21.03.2026 околу 15:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Народен Фронт“ и ул. „Јуриј Гагарин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Б.(20) од с.Крушопек, скопско и велосипед управуван од Е.Ш.(27) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 27-годишната Е.Ш., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 22.03.2026 во 02:28 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Визбегово, скопско, било опожарено патничко возило „голф 6“, сопственост на Ф.Е.С.. Огнот бил изгаснат со помош на соседите, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.03.2026 во 21:55 часот во Гостивар полициски службеници го лишиja од слобода Г.Г.(34) од с.Чегране, постапувајќи по претходна пријава од машко лице од тетовско село дека Г.Г. го уценувал и му барал 5000 евра, кои наводно му ги должел. Според пријавеното, Г.Г. му праќал заканувачки пораки преку телефон и го уценувал дека ќе објавел снимка од разговор меѓу нив. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 21.03.2026 во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци, на место викано Ѓошевски орев, во близина на Зрновска река, е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. По насоки на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.03.2026 во  14:35 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Центар во Скопје, бил пронајден починат Д.В.(64). Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

На 22.03.2026 во 00:24 часот во СВР Скопје, К.Џ.(54) од Скопје пријави дека на 21.03.2026 околу 21:20 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице и го одзело мобилниот телефон на неговата малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.03.2026  во СВР Скопје, Т.М.(44) од Скопје пријави дека околу 18:00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, бил физички нападнат од И.„Н“, кој потоа го удирал и со кундак од пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.03.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје, С.Т.(27) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 00:10 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје, Т.А.(28) од с.Волково, скопско пријави дека во 00:10 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.03.2026 во 15:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од семејната куќа во Скопје е пронајдена почината Д.В.(84) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.

 

На 21.03.2026 во 23:50 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.М.(42) од Скопје, затоа што нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

              

На 22.03.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(36) од Скопје пријави дека на 21.03.2026 околу 23:45 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, бил физички нападнат од Е.П.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.03.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје, Н.Б.(57) од с.Визбегово, скопско, пријави дека на 21.03.2026 околу 22:30 часот во семејната куќа, неколку лица кои му биле соседи, ја скршиле влезната врата и физички го нападнале, а едно од лицата со пиштол го удирал по главата. При тоа, едно од лицата го турнало и малолетниот син на пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.03.2026 во 21:30 часот полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ѓ.Б.(73) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишна жена од штипско, дека околу 15:10 часот во маркет, нејзиното малолетно дете, било физички нападнато од Ѓ.Б.,. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.03.2026 во 08:45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека било насилно влезено во продажен објект во Кочани, сопственост на П.С.(47) од с.Оризари, кочанско, при што одземени се пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност